Отечки изреки (1)
Ги видов сплетките што непријателот ги распространил низ светот и во лелек реков: „Што би можело да помине низ овие сплетки?“ Тогаш слушнав глас што ми рече: „Смирението“.
свети Антониј Велики
Серафимот не можел да го допре разгорениот јаглен со своите прсти, туку само го приближил до устата на Исаија: серафимот не го држел, Исаија не го изел, а нам Господ ни ги дозволи и двете нешта.
свети Ефрем Сирин
Блажен е оној што целосно се ослободил во Господа од сите земни нешта на овој суетен свет и само Бога Го возљубил, Благиот и Милосрдниот.
свети Ефрем Сирин [„55 Блаженства“]