Литургијата не треба да се „отстои“, таа треба да се живее (2)

Втор дел од интервјуто во три дела

rsz_1holy-eucharist

За жал, денес многу малку се издаваат книги за мирјаните со паралелен превод или едноставно само со текстот на Божествената Литургија, која ги вклучува свештеничките молитви. Помнам, првите изданија на популарната брошура „Сеноќно бдение. Литургија“ ги вклучуваше и молитвите на свештеникот, а освен тоа во фусноти се објаснуваа најтешките за разбирање словенски зборови и изрази. Денес издавачите од некоја причина ги издаваат таквите брошури, без да ги печатат свештеничките молитви. Но, како тогаш ќе се разбере Литургијата?! Оти основната смисла на она што се случува е изразена токму во тие молитви, кои денес се нарекуваат „тајни“.

Еве уште еден проблем – неслушањето на литургиските молитви од страна на верните. Т.н. „тајни“ молитви почнале да се сфаќаат како еден вид на „сокриени“, додека словенскиот збор „тайный“ осначува „таинствен, мистичен, духовен“ (види во речникот на Олга Седакова), а воопшто не сокриен или недостапен! Молитвите на Литургијата се „тајни“, затоа што преку нив се совршува таинство, а не затоа што не смеат да се произнесуваат силно на глас!

За среќа, денес сѐ повеќе свештеници го разбираат тоа, иако и не сите што разбираат нешто преземаат. Сепак, првиот чекор многу едноставено може да се направи: може само да се постават микрофони во олтарот и да се читаат молитвите гласно за време на тивко и нежно пеење, како што постапува, на пример, патријархот Кирил или архиепископот Александар (Драбинко) – настојателот на храмот, во кој служам. За да покажам дека читањето на литургиските молитви гласно е нормално и пожелно, како додаток во книгата е објавено и Окружното послание на Еладската црква, каде се зборува за тоа.

– Според Вашето поимање, осмислениот црковен живот е нешто достижно за обичниот парохиски храм? И како тој да се достигне? А каков е тој во вашиот парохиски храм? Постојат ли успешни парохиски практики денес?

– Целосно е достижен. Во голем храм, секако, секогаш ќе има одреден, дури значителен процент на оние што не се интересираат за вакви прашања, ќе има и процент на т.н. „посетители“, т.е. такви што поминуваат низ храмот и не се задржуваат во него, ќе има и доволно такви кои во храмот бараат само задоволување на своите лични потреби, но исто така, при заинтересираноста на свештеникот, ќе има и многу такви, на кои ќе им биде интересно што се случува на службата, и како може осмислено да се учествува во тоа. Многу нешта тука зависат од пастирот – од неговата служба и проповед.

Во Киев, па и во нашиот храм, има многу луѓе што се причестуваат на секоја или речиси на секоја Литургија во која учествуваат. За тоа, дека тоа не само што е возможно, туку и пожелно, ние говориме не само на проповедите, но и во беседите на исповед. Освен тоа, со Литургијата не се исцрпува Христијанството. Осмислениот христијански живот ги вклучува сите гранки на човековиот живот воопшто. Но, регуларното учество во Литургијата, коешто го вклучува причестувањето, дава сили и „уредба“ да се биде секогаш христијанин.

(продолжува)

протоереј Андреј Дудченко

Прв дел од интервјуто

Г.Г.

Без коментари

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *