За духовното преуспевање (1)

Некој го прашал ава Антониј: што треба да пазам, па да Му угодам на Бога? Старецот одговорил: запази го она што ти заповедам. Каде и да одиш, секогаш пред своите очи имај Го Бога; што и да правиш, имај за тоа основа во Божественото Писмо; и на кое било место да се наоѓаш, не заминувај бргу оттаму. Запазувај ги овие три заповеди – и ќе се спасиш.

Ава Памво го прашал ава Антониј: што треба да правам за да се спасам? Старецот му рекол: не надевај се на сопствената праведност, не жали за она што поминало, и скротувај ги јазикот и стомакот.

Блажениот Григориј говореше дека од секој човек што примил Крштение, Бог ги бара следниве три услови: правилна вера од душата, вистина од јазикот и целомудрие од телото.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *