Покров – ден на Мајката

„Те величаме, Пресвета Дево, и го почитуваме Твојот покров свет, зашто Тебе Те виде светиот Андреј во воздухот како се молиш на Христа за нас“ – пее Црквата на празникот Покров на Пресвета Богородица.

rsz_oranta-kiev1

Mногу векови преку оваа мајчинска молитва се одржува светот. За суштината на молитвеното застапништво на Пресвета Богородица размислувале како богословите, така и светските мислители.

Протоереј Сергиј Булгаков:

bulgakov1Богородица не се молела со солзи само пред 1000 години, но и сега се моли овде, и секогаш, и насекаде, и до крајот на векот. И нејзиниот покров не се распространи само над оние што тогаш присуствувале, но и над целиот човечки род, и над целиот свет и над нас, грешните, блеска покровот на Богомајката што осенува и спасува, иако немаме очи што би биле достојни да го видат тоа. Божјата Мајка посредува меѓу земјата и небото.

Таа е љубов и милосрдие, милост и сожалување, прошка и застапништво. Таа не е правда на судот и не е суд на правдата, туку мајчинско посредништво. И на страшниот суд Таа Го моли својот Син, Праведниот Судија, за простување.

Гревот светски и бедите светски го рануваат сељубовното срце, на злобата и гревот Таа одговара со љубов и солзи.

Богомајката плаче за светот. Светот не е оставен во својата скрб, човекот не е осамен во жалоста.

Веруваме и знаеме дека и денес Милосрдната претстои со молитва и плач за руската непостојаност. Дали нашето срце го слуша Нејзинoто оплакување? Ја знае ли Нејзината молитва и плач? Го знае ли Нејзиниот покров над нашата земја? Да, слуша и знае, кога молитвено се наклонува пред Пречистата. Таа не ја оставила нашата земја, иако од Неа и се допуштени сатански искушенија.

Протоереј Георгиј Флоровски:

Црквата штflorovskyо торжествува е, пред сѐ, Црква што се моли. Нејзиното битие претставува живо учество во служењето на Христа, во Неговото застапништво и искупителната љубов.

Соединувањето со Христос, коешто претставува цел на постоењето на Црквата – па и на секој христијанин одделно – е, пред сѐ, причасност на Неговата жртвена љубов кон човештвото.

И тука голема улога има Онаа Која на уникатен начин е поврзана со Искупителот – со врските на мајчинската љубов. Божјата Мајка станува Мајка на сите живи, на целиот христијански род, на секој кој се родил и се возродил во Дух и вистина. Врвот на мајчинската љубов – самопоистоветувањето со детето – тука се пројавува во целата полнота.

Црквата во догматите не говори многу за тајните на своето сопствено битие. А тајната на Марија е тајната на Црквата. Мајката Црква и Мајката Божја заедно даваат раѓање на нов живот. И двете се – претстојателки.

Протопрезвитер Александар Шмеман:

Овој празник станал срцевин32_Alexander_Shmemanа имено на восприемањето на Марија како Мајка, од која при Крстот било восиновено целото човештво, која како Мајка ги восприема во своето срце сите наши маки, сите страданија, сета неиздржлива болка на нашето земно битисување. „Тебе меч ќе ти го прободе срцето, за да се откријат мислите на многу срца…“.

Овие зборови, кои старецот Симеон Ѝ ги кажал во денот кога Го донела Младенецот во Храмот, за да Го посвети на Бога, длабоко проникнале во душата на верните. Мајката на Исуса Христа, Која ја примила целата ужасна болка на сострадание и сожалување, кога Таа стоела при Крстот на Синот – ни станала нам, луѓето, дар, дар на мајчинска љубов, мајчинско сожалување, мајчинско сострадание…

Со векови го чувствувале и со духовен поглед го гледале овој светол покров над светот, му се радувале и во него наоѓале помош и утеха. „Денес ние благоверните луѓе светло празнуваме, бивајќи осенети со Твоето, Богомајко, пришествие…“.

Сергеј Аверинцев:

Традиционалниот гесaverincevт Оранта (од лат. Orans – се моли; традиционално изобразување на Божјата Мајка со кренати раце на молитва; овој образ го има и во композицијата на иконата на Покров Богородичен, каде Мајката Божја држи омофор), која има корени во ранохристијанската уметност – раце кренати до нивото на главата – е гест на молитва.

Но, да се каже тоа, не значи да се каже сѐ. Зборот „молитва“, по вековите на новоевропската култура, многу лесно се восприема во дух на благонаклонетост, сентименталност, психологија, пиетет, како „Andacht“; средновековната архаика поинаку ја поимала молитвата, многу посуштински.

За да се разбере вистинската смисла на гестот Оранта, полезно е да се спомене познатото место во Библијата, каде што се опишува токму тој гест. Според повеста во книгата Исход, за време на тешката битка на Израилците со Амаликијците, Мојсеј ги кренал рацете на молитва за својот народ – и до тогаш, додека тој со усилба ги задржувал рацете кренати, победувале Израилците, а кога рацете на Мојсеј неволно се спуштале, надвладувале непријателите.

Учеството на Мојсеј во битката, дури и според својата физичка тешкотија, не е помал од трудот на секој војник.

Во светлината на оваа епизода, популарна во средните векови, а која претставува старозаветен праобраз на позата Оранта, станува јасно каков вид на молитва е изобразена во познатиот киевски мозаик. Таа молитва претставува духовно војување „за своите пријатели“, „духовна борба“, воинствено-непреклона „смелост“ пред Лицето на Бога, напрегнатост на теургиска сила, од која треба да се разбегаат видливите и невидливите, телесните и бесплотните непријатели на градот и народот.

Орантата Која цела вечност не ги спушта своите кренати раце е навистина „Војвотка“ за своите луѓе, Која несебично на себе го прима воинствениот труд на застапништво за нив, како што Мојсеј на себе го примал бремето на својот народ.

Додадете свој коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *