rsz_1chrismoncoll

           ОСНОВИ НА ПРАВОСЛАВНОТО ХРИСТИЈАНСКО УЧЕЊЕ

                                                                                                  во неколку минути 

             Света Троица

  • Има само Еден Бог, Кој ги создал сите нешта од ништо (ex nihilo).
  • Бог е несоздаден и постои пред сите создадени нешта, дури и пред самото време.
  • Бог Е Три Божествени Личности (ὑπόστασις), Коишто се Едносушни (ὁμοούσιος).
  • Трите Личности на Троица се апсолутно еднакви по божеството, силата, честа и вечноста.
  • Секоја Личност на Троица го дели сето она што значи да си Бог со другите две, но не и она што значи да се бида таа Личност (личното својство).
  • Вечниот извор на Божеството е Отецот, од Кого Синот се раѓа (предвечно), а Светиот Дух происходи (предвечно).
  • Бог Е суштина и енергии. Бог е апсолутно трансцедентен и неспознатлив во Неговата суштина, но иманентен и спознатлив во Неговите енергии. Благодат е друг термин за Божествените несоздадени енергии.

             Исус Христос

  • Исус Христос е Син Божји, Втората Личност на Светата Троица.
  • Исус Христос е совршено Божествен како Син Божји, роден пред сите векови. Он е едносуштен (ὁμοούσιος, консупстанционален) со Отецот.
  • Исус Христос е совршен Човек како син на Дева Марија, роден во времето од Неа, воплотен (инкарниран) од Неа и Светиот Дух. Он е едносуштен (ὁμοούσιος, косупстанционален) со целото човештво.
  • Исус Христос е Една Личност (ὑπόστασις) во две природи, Божествена и човечка. Ова ипостасно единство е уникатно.
  • Исус Христос беше роден, пораснат, поучуваше и исцелуваше, беше распнат и умре на Крстот, а потоа на третиот ден воскресна од мртвите.
  • Исус Христос е Месијата (Помазаникот), претскажан во еврејските Писма (Стариот завет).

             Спасението и Црквата

  • Има само една Црква – Православната црква.
  • Црквата е Телото Христово, Богочовечки организам, во кој Христос е првиот (главниот) член и единствената Глава.
  • Спасението се остварува во и преку Црквата.
  • Спасението претставува теозис, да сте стане обожен, што значи да се здобие единство со Бога и да се стане подобен Нему, станувајќи по благодат (по дар) она што е Христос по природа. Тоа е учество во енергиите Божји, „учество во Божјата природа“ (2Птр 1,4), но не во Неговата суштина. Овa е процес што се протега низ целата вечност, бидејќи Бог е бесконечен.
  • Спасението нè избавува од првородниот грев (од неговите последици), од самата сила на гревот и смртта. Тоа не е промена на статус, туку промена на битието како такво.
  • Спасението е возможно единствено со силата Божја, преку соработка на човекот – „по благодат, преку верата“ (Ефес 2,8). Оваа соработка се нарекува синергија. Бог секогаш ќе ја почитува слободната волја на човекот, па ако човекот ја прекине неговата соработка, тогаш Божјата благодат останува недејствена. Соработката се состои во покајанието за гревовите, молитвата и учеството во светите тајни на Црквата.
  • Светите тајни (сакраменти) реално предаваат благодат по дејството на Самиот Бог, преку клириците (свештенството) коишто претставуваат служители на Тајните, но не и нивни господари (сопственици). Клириците, преку епископатот, претставуваат преемници на апостолите, поставени од Христос.
  • Христос ќе се врати повторно на земјата, со што ќе се означи крајот на времето и реалноста каква што сега ја знаеме. Сите што ќе останат живи на земјата ќе бидат преобразени за животот што следи. Сите мртви тогаш ќе воскреснат, соединувајќи ги повторно своите тела со своите души за вечност. Секој ќе биде суден според делата што ги сторил во овој живот.

                                                                                                                                                                                                                                                            според отец Ендрју Стефан Дејмик

                                                                                                                                                                                                                                                                     Fr. Andrew Stephen Damick