Мистагогија » Вести

Чудото и слободата
На 8 април 2012 година, на празникот Цветници, се случи еден несекојдневен настан. Имено, фреските во скопската црква „Св. Димитрија“ на мистериозен начин се самоисчистија. Следниов есеј беше напишан една година по чудесниот настан.

Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!?

Ти си Бог, Кој прави чудеса

(Пс 76,13-14)

Што е тоа чудо? Ние живееме во свет кој функционира според одредени физички закони, па како чудо обично ја дефинираме онаа појава што е вон рамките на истите. Но, ако за момент ни се просветли умот и подразмислиме, ќе сфатиме дека самото постоење, самиот свет претставува едно големо чудо. Според христијанскиот светоглед, овој свет не настанал сам по себе, туку е создаден со возвишена цел од еден Личносен и љубовен Апсолут, и затоа светот и неговата содржина не се бесмислени. Зашто, ако светот настанал сам по себе и ако со смртта завршува сѐ, тогаш светот и животот во него би биле една голема бесмисла (и тогаш Ками, Алан По и философите на апсурдот се во право). Но, ние постоиме, живееме, а, во суштина, самиот факт на животот претставува чудо, зашто тој (животот) навистина е еден ирационален феномен во овој свет, а ние сме се навикнале толку вообичаено да го восприемаме неговиот факт, поради нашата тврдокорност и заслепеност.

Нашиот ограничен и рационален ум расудува според категориите на овој свет: почеток, крај, форма, време… И ние тие категории ги восприемаме како апсолутни. Ако не веруваме дека Бог постои и дека Он го создал светот, тогаш како започнал тој? Ако светот е беспочетен, тогаш тој е божество, затоа што беспочетноста е нешто што не припаѓа во законитоста на нашиот физички свет. Ако тој има почеток, што било пред него, а што пред тоа, и така враќајќи се со умот наназад доаѓаме до заклучок дека овој свет мора да има некаква метафизичка основа, т.е. дека него и неговите закони ги создал Некој Кој е над тие закони. Во поново време познатиот физичар Стивен Хокинг тврди дека е можно настанувањето на светот без учество на возвишена сила. Според него, постоењето на физичките закони, коишто се апсолутни, дозволиле да се случи Big Bang-от без Бога. А бидејќи пред Големата експлозија не постоело времето, затоа и не било возможно учеството на Бога во овој процес. Во суштина, неговата теорија има многу недостатоци, за коишто говорат и неговите колеги, а пред сè, затоа што тој Бог Го поставува како предмет на опсерваторската дејност на науката. Но Бог е над времето и просторот, Он е нивен Творец. А здравиот разум вели дека мора да постои некој беспочетен ентитет. Во таа смисла, дури и преку рационално размислување може да се дојде до заклучок дека постои некоја возвишена сила: до тој заклучок доаѓале философите, но и Библијата нѐ учи дека Бога можеме да го спознаеме и преку Неговите созданија (Рим 1,20), т.е. преку природното созерцание (θεωρία).

Христос за време на својот живот на земјата покажувал знаци (= чуда) кои не биле само израз на Неговото Божество, туку и на Неговото совршено човештво. Библиската теологија тврди дека Бог го создал човекот според Сопствениот образ, а карактеристиката на образот сè состои првенствено во господарењето над светот (види 1Мојс 1,26). Адам не го исполнил своето назначување, но затоа Христос ќе го поправи тоа, пројавувајќи го образот Божји во Своето човештво, а тоа се покажало особено преку евангелските чудеса: Христос, новиот Адам, е господар над стихиите и физичките закони на овој свет (Он ја смирува бурата – Мт 8,23-29; оди по морето – Мк 6,48), воскреснува мртви и исцелува многу болни. И во оваа смисла, нашата инфериорност по однос на физичките закони, според библиското христијанско учење, се должи на паднатоста на нашата природа.

Целата библиска и црковна историја се исполнети со феноменот на чудото. Но, еве ја крајната вистина: во овој наш паднат свет чудото, по својата суштина, е ненаметливо, тоа е интимно (се доживува преку внатрешниот опит на заедницата или индивидуата). Библиската историја е исполнета со чуда, пред сѐ со чудото на вмешување на Божјата Промисла во човечкиот живот. Но, многу често таа Божествена активност во свештената историја не ги надминувала физичките закони на овој свет. Еве еден пример. Централниот настан од старозаветната спасителна историја е, секако, Исходот на Евреите од Египет. Нивното избавување било спроведено со манифестација на Божјата интервенција (да си спомнеме за 10-те казни врз Египет, разделувањето на морето, облачниот столб – дење, огнениот столб – ноќе). Канадскиот Евреин Симха Јакобовичи ќе направи еден документарен филм во кој ќе се обиде да ја одгатне мистеријата на тоа чудесно избавување (The Exodus Decoded, 2006). Излегувањето на Евреите од Египет, според него, било во времето кога се случила и големата ерупција на вулканот Санторини, некаде во средината на 2. милениум пред Христа. Според тоа, сите оние чуда од тој настан не ги надминале законите на физиката, туку сè било последица на вулканската катаклизма (прашината од вулканот ја предизвикала темнината, дождот од сулфур бил последица на експлозијата, разделувањето на морето било поврзано со цунамито предизвикано од вулканот итн). Целта не е да се рационализираат настаните од еврејскиот егзодус, туку да се потенцира една поента, имено: чудото за да биде чудо не мора да ги надминува физичките закони. Затоа што чудото, пред сè, е настан ad intra, во поредокот на интимната, духовна реалност, и не е толку ad extra, во поредокот на позитивистичката, физичка реалност (иако, според христијанското учење, понекогаш: онаму каде што благоволи Бог се надминува и поредокот на природата). Многу често библиските чуда и воопшто сите оние појави што ги карактеризираме како чудо како да се поставени во околности, според кои тие можат и „научно“ да се објаснат. Затоа тука е слободата и она што го нарекуваме подвиг на верата, а скептикот секогаш ќе може да си најде „природен“ одговор за чудесните манифестации. Во тој контекст, еве што вели Антон Карташов, еден од истакнатите руски богослови на минатиот век: „За чудо не се потребни волшебни (восхитувачки) ефекти. За верните целиот свет и целиот нивен живот се полни со чудата на непрекинатото вмешување на Божјата Промисла. Царството на механичката причиност (каузалност) се пронизува со зраци од царството на слободата, не нарушувајќи ја својата законитост. Вистинските чуда затоа не се чудовишни, не се безмерни (тоа е обележје на лажните чуда): тие се скромни, интимни и поголемиот нивни дел се гледа само со очите на верата, и не постојат за неверните и надворешните.“

Една од суштинските богооткриени догми на Црквата е дека Бог апсолутно ја почитува човечката слобода. И токму во тоа се крие постоењето на концептите: рај и пекол (како и една од суштинските причини зошто Бог не се открива „експлицитно“). Во една своја беседа, отец Томас Хопко се обидува да направи анализа на искушенијата Христови во пустината. Тоа тој го прави во контекст на фактот дека Христос е Богочовек, т.е. дека Неговата божествена личност ја воипостазирала полнотата на човечката природа. И во Својата човечност, Христос постепено ја разоткривал тајната на Сопствената мисија. Трите искушенија на Исус се лебот (стомакоугодието), среброљубието и творењето на чуда, т.е. авторитетот (кога сатаната Го искушува на стреата од храмот, велејќи: Ако си Син Божји, фрли се одовде долу! Лк 4,9). И токму тука е искушението: дали Христос да го злоупотреби Својот Божествен авторитет и преку чуда да ја пороби човечката слобода, или, пак, да појде по патот по кој таа нема да се наруши, по смирениот пат на Крстот. Зашто ако се наруши слободата на човекот преку насилниот авторитет, тогаш ја нема и љубовта, бидејќи љубовта и слободата се нераскинливо поврзани. Идејата за односот помеѓу слободата и насилниот авторитет најдобро е претставена кај Достоевски во „Браќа Карамазови“, во одделот насловен „Великиот инквизитор“: Христос доаѓа по втор пат на земјата во времето на инквизицијата, но средбата со луѓето, во суштина, нема да биде поинаква од првиот пат. Великиот инквизитор Го укорува Христа за тоа што ја поштедил човечката слобода и го избрал патот на крстот, патот на љубовта и слободата. Идејата на инквизитор е дека луѓето не сакаат да бидат слободни, затоа што слободата на изборот претставува голем товар неподнослив за човекот. И во тој есеј Достоевски како заклучок сака да каже, дека она што Христос го одбил како искушение, Црквата (тука се има предвид Римокатоличката) го примила во Негово име, т.е. ја поробила човечката слобода.

Единствено во Христа човекот е совршено слободен. Слободата на човекот не била нарушена ниту со настанот на кој се темели самото Христијанство – Воскресението. Архиепископот Аверкиј Таушев за ова вака пишува: „Раскажувајќи за највеличественото собитие на Воскресението Христово, сите четири евангелисти ништо не говорат за таинствената и недостижна за нас страна на тој настан. Тие не опишуваат како тоа се случило и како Воскреснатиот Господ излегол од гробот, без да ги наруши неговите печати. Тие говорат само за земјотресот што се случил, откако ангелот Господов го оттурнал каменот од влезот на гробот (веќе потоа откако Господ воскреснал, како што е и забележано во нашите црковни песни, а не така, како што обично мислат, божем ангелот го оттурнал каменот за да може Господ да излезе од гробот), за зборовите на ангелот обратени кон жените-мироносици што дошле на гробот, и потоа за целиот ред јавувања на Воскреснатиот Господ на жените-мироносици и на Неговите ученици.“

За да се илустрира ненаметливиот карактер на чудото, еве еден пример од рускиот писател Николај Лесков. Во неговата повест „Запечатениот ангел“ се зборува за авантурата на една група старообредци кои ќе преминат во Православие. Тие се обидуваат да украдат икона од една црква, сакајќи да направат копија од неа што ќе ја подметнат наместо оригиналот. Дејствието е исполнето со „чудесни“ случувања за главните актери, меѓу кои и ова: восочниот печат, со кој бил запечатен ликот на ангелот од иконата фалсификат, паднал. Тоа бил конечниот момент кога старообредците препознале чудо и одлучиле да се присоединат кон Црквата. На крајот сите случувања биле „научно“ објаснети и припишани на чистата коинциденција (печатот паднал, затоа што жената која го запечатувала ликот, од стравопочит ставила хартија под восокот за да не го оштети ангелскиот лик), но тоа веќе не им било важно на конвертираните, кои во ова препознале акт на Божјата Промисла и вистинско чудо.

Зборувајќи за феноменот на чудото, се поставува и следново прашање: за кого се потребни чудата, ако воопшто тие се потребни? Во Евангелијата се забележува дека Христос пред да исцели некого, како услов барал вера од човекот: „Ако можеш да поверуваш – сè е можно за оној што верува!“ (Мк 9,23); а на друго место стои: „И не направи таму многу чуда поради нивното неверие“ (Мт 13,58). Но што вели апостол Павле: „јазиците не се знак за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; пророкувањата, пак, не се за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат“ (1Кор 14,22). Библијата е книга на парадокси, каде постојано фигурира дијалектиката теза-антитеза, која, пак, благодатно се синтетизира во духовниот живот, но тоа е така бидејќи Светото писмо е израз на полнотата на Вистината. Што сака да каже апостолот со ова? Еве едно толкување на овој апостолски стих: Бог говори со неверните на таков начин, со кој покажува дека Он се гневи на нив за нивното неверие во Неговото очигледно откровение. Така и Христос, откако Јудејците не Го разбрале од простата и разбирлива проповед за Царството Небесно (на пр. Беседата на гората), почнал да им говори во за нив неразбирливи параболи (Мт, 13,11). „Пророкувањата, пак, не се за оние што веруваат…“ Според конструкцијата на првата половина од стихот, тука е потребно по зборовите: „пророкувањата, пак,“ да се додаде: „се знак“ (т.е. чудо). Само што пророкувањето ќе биде знак од друг вид, за разлика од дарот на јазиците. Ако првиот служел како знак на Божјиот гнев, вториот е знак на Божјото милосрдие кон луѓето, кои веќе почнале да веруваат, но кои имаат потреба од духовна поткрепа, за да станат совршено тврди во верата. Значи, чудото има двојна смисла: се однесува и на верните и на неверните. Но, пред сè, тоа им припаѓа на верните затоа што прифаќањето на неговиот факт припаѓа во областа на верата, во доменот на оној гносеолошки орган што неизмерно го надминува капацитетот на рационалното познание.

Сево досега кажано, секако, е во контекст на она што се случи минатата година на празникот Цветници во скопската црква „Св. вмч. Димитриј“ и на што сите бевме сведоци. Може слободно да се забележи дека пројавениот феномен, по својата природа, беше ненаметлив. Тука слободата на човекот беше и е апсолутно запазена, а како што рековме, тоа е карактеристика на вистинските чуда. Како што можевме да видиме, едни слободно го препознаваа тоа како чудо и го осмислуваа, но многумина го негираа и исмеваа, а со време се појави и едно „логично“ објаснување за појавата (иако самото објаснувањето не беше баш многу логично, сепак беше потврдено отсуството на човечки фактор. Но, можноста да се појави некое „пологично“ објаснување, сепак, останува…). Појавата на самочистење на фреските, во секој случај, беше настан со големо значење, преку кој како да се проверуваше духовната состојба на нашиот народ: „за паѓање и издигнување на мнозина…“ и „за да се откријат мислите на многу срца“ (Лк 2,34-35). Кое беше значењето на настанот и на овој покажан знак? Дали, како што забележа еден свештеник, можеби достојноста на нашиот народ станала поголема, па Бог ја пројавил Својата благодат? Дали некому му бил тој момент потребен за да се обрати кон Бога? Можеби, не дај Боже, како што велат некои, дека таквите појави претставуваат укажување за идни беди и со тоа Бог го поткрепува народот? Можеби, секој треба да погледне со духовното око и да ја најде смислата на ова за себе. Но, едно важно прашање останува: дали нечија слобода беше загрозена? Апсолутно не, освен што на многу начини беа навредени верните и нивните чувства. Сепак, вистинското чудо се препознава со очите на верата, а за скептикот секогаш ќе има „научен“ одговор. Тука е слободата.

Георгиј Глигоров

<fb:like href="http://mistagogia.mk/cudoto-i-slobodata/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Взаемно послушание на медицината и богословието – соочување со пандемијата COVID-19
1.Почитувај лекар со чест поради неговата служба, зашто Господ го создал.

4. Господ од земјата создал лекарства; човек разумен не ги отфрла.

12. А и на лекарот дај му место. И него Господ го создал; од тебе не оддалечувај го, зашто и тој ти е потребен.

(Мудрост Сирахова 38 гл.)

Минатите месеци сме сведоци на новонастанатата ситуација, предизвикана со забрзаната трансмисија на релативно новиот тип на вирус од семејството на Coronaviridae, во таксономијата познат како SARS-CoV-2. На сериозноста на ситуацијата којашто ние сите поединечно, а пред сѐ како заедница ја доживуваме, укажува фактот на прогласувањето пандемија на инфективна болест COVID-19, од страна на Светската здравствена организација (WHO). Наспроти преплавеноста од различни теории на завера и тврдења на прекуноќните стручњаци за сите животни и научни прашања, преку научните трудови (коишто благодарение на практичноста на научните списанија се објавуваат со вртоглава брзина) е потврдено дека станува збор за природно развиен тип на вирус, кој најверојатно е од животинско потекло, т.е. како таков првата човечка трансмисија ја остварува во кинескиот град Вухан.

Во меѓувреме, утврдено е дека основниот начин за пренос на вирусот е интерхуманиот, првенствено преку капки како резултат на кашлање или кивање – а фактот, дека тој опстанува на површини како пластика и метал, ја овозможува трансмисијата и без директен контакт со заразено лице. Во објавите на научниците, можат да се најдат и укажувања за феко-орален пренос, со оглед дека е докажано присуство на вирусот во примероци од фецес. Сѐ претходно наведено, како и многу од тоа што останува за комуникација во научните и стручни кругови, оваа ситуација ја покажуваат како „необичен епидемиолошки настан“, на кој треба радикално да се реагира, со оглед на тоа дека нашите сознанија се сѐ уште ограничени. Со самото тоа, сериозноста на ситуацијата не зависи само од државниот систем и мерките коишто различните влади ќе ги пропишат, туку исклучиво од одговорноста на поединецот.

За почеток, потребно е да се сфати дека сите вложени напори не претставуваат борба на поединецот со вирусот, туку борба за зачувување на здравствениот систем и овозможување на неговите носители адекватно да се справат со предизвиците со постоечкиот капацитет. Доколку, како резултат на неодговорност (па и нехристијанско однесување) овозможиме рапидна трансмисија, неминовно е нарушувањето на и така недоволно развиеното здравство. Во таква хипотетичка (а за жал, блиска и реална) ситуација, насекаде ќе умираат луѓе, бидејќи нема да има кој и каде да ги лечи. Кон ова придонесува и можноста лекарот да биде изложен на вирусот, кој потоа ќе биде изолиран и онеспособен да ја извршува својата работа. Исто така, здравствениот систем нема да може да го издржи ни досегашното оптеретување во смисла на хронични, но и други акутни здравствени пореметувања. На особен ризик, па и психолошко оптеретување, ги изложуваме и заболените од малигнитет, како и сите оние кои се под некаков вид на имуносупресивна терапија – што ја отежнува нивната борба, иако не се позитивни на SARS-CoV-2.

Како и во останатиот свет, така и кај нас, медицинските институции и работници максимално се прилагодуваат на новонастанатите околности и работат во прилично изменет режим. Сево ова, како и мерките на државните власти, станува немоќно пред неодговорноста и егоизмот на поединците кои ги занемаруваат препораките на лекарите, заборавајќи дека медицинските мерки не се нешто за што треба да се има мислење – туку дека станува збор за ставови проверени со долгогодишни изучувања, истражувања и искуства. Статистиката е неумолива – експоненцијалниот раст на бројот на позитивни и заболени, како и починати во Кина, Јужна Кореја, Италија, Иран, Обединетото Кралство… Важноста на придржување до мерките, произлезени од знаењето на епидемиологијата и социјалната медицина, одамна не била истакната така како во овие денови. Време е како заедница да покажеме адекватна послушност кон медицината, наместо гордост, егоизам и мудрување.

Во склад со претходно изложеното, ние како православни христијани можеме, и тоа како, многу да придонесеме во соочувањето со прогласената пандемија. Време е да пројавиме христијански добродетели и во соогласност со познатата втора Христова заповед (која толку често напразно ја цитираме!), да покажеме делотворна љубов кон другиот човек. Во неволја како оваа, се појавува приликата да го покажеме нашето човекољубие, бранејќи го другиот од себеси, зашто светињата на Другиот е всушност она преку кое ја остваруваме нашата Личност и сме во заедница со луѓето и Бога. Време е да покажеме дека Црквата е навистина своевидна колективна личност, та ние како нејзини членови да се грижиме за сите и за сѐ. Наша должност е да се грижиме и за оние кои не веруваат, кои се маловерни, па и за оние кои се противат на Црквата – зашто сите тие се наши ближни. Токму во овие денови се потврдува тоа, дека да се биде христијанин, значи да се биде одговорен за другиот (слабиот, стариот, хронично болниот, оптеретениот од малигна болест…).

Послушанието кон медицината во актуелните услови не подразбира, ниту значи некакво маловерие. Напротив, ја покажува нашата сила и подготвеност за се грижиме за Божјото создание. Многу Цркви (Вселенската, Антиохиската, Александриската, Романската патријаршија, Кипарската, Атинската, Албанската Архиепископија) привремено ги прекинаа богослуженијата и ги затворија своите храмови, за да ја спречат евентуалната трансмисија на вирусот во случај на близок контакт на верниците во затворен простор. Руската православна црква, меѓу другото, воведе драстични мерки за дезинфекција на сите површини во храмовите, па и на лажицата за Причест по секој причесник. Нашата Црква (Српската, заб. на прев.) во Европската унија и САД, по одлуките на државните органи, превзеде слични мерки на претпазливост – не од немоќ, маловерие или учество во „теории на заговор“, туку од грижа за светињата на човековото тело и душа.

Верниците на Запад, на кои Причеста, преку силата на околностите им е „ускратена“, се охрабрувани од нивните пастири да издржат во наложеното искушение, давајќи им димензија на подвиг. Секако, целта на текстовите како оној на Русинот Марк, не е повик за непричестување (бидејќи никој не ја доведува светоста на Причеста во прашање!), туку осмислувањето на претстојната борба и стремежот кон Светата Причест во догледна иднина. И кај нас за особено внимание се редовите што овие денови ги напиша Епископот Бачки, др. Иринеј, а во кои јасно се говори за тоа дека треба да се одречеме од магискиот (и медицинскиот!) пристап кон Причеста, дека опасноста не лежи во самата Света Тајна (иако овде станува дискутабилен пристапот на РПЦ), туку во сето она што претходи и следи на тоа (блискиот контакт на верниците, поздравувањата, разговорите, допирањето на површините од црковниот инвентар…).

Телеконференцијата и видео-прилогот на западноамериканскиот епископ др. Максим, исто така, се значајни во смисла на практични совети на паствата како да се однесува во услови на пандемија, за да не дозволиме ние, како христијани, да бидеме одговорни за нечие страдање. Особено кога до нас доаѓаат и информации (а потребно е да се проверат!) дека меѓу потврдените случаи на SARS-CoV-2 има и свештени лица. Охрабрувачки е и позитивниот пример на Будимско-никшичкиот епископ Јоаникиј кој, покрај соопштението што го потпиша со Митрополитот Црногорско-приморски д-р. Амфилохиј, строго се придржува до мерките на самоизолација во манастирот Ѓурѓеви Ступови. Сѐ ова е многу важно и полезно, особено кога ќе го земеме предвид фактот дека нашиот клир е од доминантно постара возраст, така што многу владици во Србија, па и Патријархот, мораат да ги почитуваат мерките со кои се забранува движење на лица постари од 65 години.

Освен индивидуалната одговорност и грижа, поединечните потези што ги правиме во секојдневието, пожелно е Црквата својата логистика и овоземен капацитет да ги впрегне за општо добро. Во тој дух и правец, светол е примерот на Црногорско-приморската митрополија, која на државата Црна Гора ги понуди своите капацитети за сместување, за евентуален карантински простор. Охрабрува сознанието дека добротворството на православните верници и нашите пастири ќе продолжи и низ другите активности.

Како што веќе е нагласено, ова е време кога нашата вера е на испит, кога треба на дело да покажеме дека, почитувајќи ја медицинската мерка и препорака, ја имаме способноста да ја исполниме Христовата заповед „Љуби го својот бижен како себеси!“. Како што Отците на Црквата честопати потенцираат „послушанието пред постот и молитвата“ – тоа е тоа што ќе ни овозможи да ја „исправиме кривата“ и да ја пребродиме пандемијата во која се наоѓаме.

Божо Кнежевиќ

Превод: Г.Г.

Изввор: https://teologija.net/uzajamno-poslusanje-medicine-i-bogoslovlja-suocavanje-sa-pandemijom-covid-19/

<fb:like href="http://mistagogia.mk/vzaemno-poslusanie-medicina-i-bogoslovie-covid-19/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Молитвено одбележување на 50-годишниот јубилеј на МПЦ во Американско-канадската македонска православна епархија
На 26 ноември 2017 година, во катедралниот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтс, Мичиген, Американско-канадската македонска православна епархија молитвено го одбележа големиот јубилеј – 50 години опстој на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Со Светата Архиерејска Литургија чиноначалствуваше надлежниот Архиереј, Неговото Високопреосвештенство г. Методиј, во сослужение на свештеници од Американско-канадската епархија.

Видео запис на Светата Архиерејска Литургија

Во прилог Ви ја пренесуваме и беседата на Митрополитот Методиј по повод чествувањето на педесетгодишниот јубилеј на МПЦ во Американско-канадската македонска православна епархија:

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Возљубени браќа и сестри!

Господ ни дава секојдневна радост, меѓутоа денес радоста е трикратна, заради тоа што имаме три големи поводи да сме заедно и да празнуваме: најпрвин, големиот јубилеј на Македонската православна црква – 50 години автокефалност, потоа празникот на составувачот на Светата Литургија, составувачот на текстот на Светата Тајна на Благодарењето – свети Јован Златоуст и, конечно, сè уште сме во светлината на празникот на Денот на Благодарноста, којшто е уште еден повод да Му заблагодариме на Бога за сето она што ни го дал. Да Му благодариме најпрвин заради нашата Црква, зашто таа е нашиот вистински дом. 50 години автокефалност! Тоа е вистински јубилеј. Половина век самостојна Црква во којашто можеме на наш јазик, со наш клир, со наше свештенство, со наши закони, да живееме слободно и да ја исповедаме Православната Христова вера.

Да бидеме признати како автокефална Црква се започнува најпрвин со самопризнавање. Зашто, самиот збор признавање значи знаење; најпрвин треба да знаеме што сме, за и другите да знаат што сме. Да бидеме автокефални, тоа значи да бидеме самостојни во одлучувањето и знаењето што сме навистина. Тоа значи: да имаме свој устав – а тоа ние го имаме, да сме Црква со апостолско преемство – а и тоа ние го имаме, зашто нашата Црква постои од времето на светите апостоли и тие ја основаа. Да имаме свој клир, да имаме свое свештенство, да имаме свои владици, свештеници, ѓакони, монаси – а ние тоа го имаме, да имаме свети манастири, да имаме црковни образовни институции – и сето тоа се атрибути на една независна и жива Црква. И ние сме тоа. И тоа не треба да го забораваме, тоа треба да биде наш вистински атрибут. Зашто, ако ние тоа не го правиме, кој тоа ќе го прави?

Она што ни е потребно, пак, е тој вториот чекор, односно и другите да знаат кои сме и што сме ние. И токму затоа ни е потребно литургиското единство со сите други помесни Православни цркви. Сите оние што се добронамерни и што знаат дека во Македонија и секаде онаму каде што има Македонци од времето на свети апостол Павле, од првите векови на христијанството, два милениума и повеќе постои православно христијанство и дека Македонците се православни христијани. Тоа е она што ние денес го празнуваме. Не само 50 години автокефалност, туку и два милениума постоење како православни христијани. И зарем тоа не е доволна причина да Му благодариме на Бога?! Ќе Му благодариме, се разбира, и за нашите семејства, за сето она што го имаме. Токму затоа и во текот на годината го имаме Денот на Благодарењето, за да се сетиме дека сето она што го имаме Бог ни го дал. Треба на Бога да Му благодариме. И ние тоа денеска го направивме токму со Света Литургија, затоа што Светата Литургија уште се нарекува и Света Тајна на Благодарењето. Зашто Бог ни се дава нам и ние Му благодариме за тоа. Нека ни е честит јубилејот, нека ни е честит и празникот на Благодарноста, и по молитвите на свети Јован Златоуст уште многу јубилеи да славиме на независна, автокефална Македонска православна црква! За многу години!

Подготвил: Г.Г.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/50-godini-jubilej-na-mpc-vo-akmpe/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Слово за абортусите
Абортусот е еден вид убиство, кое се извршува во целиот свет и тоа обично без никакво чувство на вина. Тоа е широко распространета медицинска практика, која е поддржана од многу држави и раководни организации. Бројот на неродените деца, што се убиваат во утробите на сопствените мајки низ целиот свет, надминува 50 милиони годишно. Толку убиства немало во сите светски војни. Во Грција секоја година  се извршуваат по 300 илјади абортуси, од кои 50 илјади ги вршат девојки под 18 години. Се надевам дека во Русија нештата стојат подобро. Во секој случај, нас на Света Гора ова прашање нè загрижува и вознемирува.

Осветовената култура на нашето време не гледа и не признава никакво зло во абортусите. Современиот постмодернистички човек со голема леснотија и без чувство на вина извршува абортус. Новата етика, којашто се утврдува од страна на современата култура, е биоетиката на глобализацијата. Тоа е најнеморалниот морал кој се заснова на користољубие, надворешна благосостојба, рационализам и законот на буквализам и кој дијаметрално е спротивставен на христијанската етика. Дури и термините во овој морал се употребуваат на начин, со кој се сокрива реалноста и се воведува човекот во заблуда. На пример, за абортусот е усвоен терминот „вештачки прекин на бременоста“, за човек да помисли дека станува збор за нешто многу лесно, божем стискаме копче и го исклучуваме светлото.

Во нашите дни, со преогресот на биологијата и медицината, со подобрувањето во областа на биотехнологијата и дешифрирањето на генетскиот код, се појавија големи можности за сè што се однесува на детераѓањето. Зар некој мисли дека сексуалната и контрацептивната контрола, можноста на избор на пол и видоизменување на ембрионот често не водат кон абортус? Тука не може да има никакви оправдувања. За човекот кој живее во сладострастие, невоздржано себељубие, кај кого умот е повреден од гревот и страстите – сè му се дозволува. Но, дали сето тоа му е од полза?

Така вели и апостолот: Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Човекот има вечна димензија. Тој по благодат ја има бесмртноста на Бога, затоа сè што тој прави во животот, има одѕив во иднината – или за вечна погибел или за вечен живот.

Нашата Црква и сите свети отци велат, дека од моментот на оплодување веќе постои полноцен човек. Од моментот на зачнувањето постои цел и полноцен човек како психосоматско, т.е. душетелесно суштество. Зачнувањето на човекот се смета како продолжение на создавањето на првиот човек од страна на Бога. Таа творечка активност, според православното учење, продолжува во секое зачнување на човек – секако, преку Божјата благодат и содејството на родителите. Оттука станува јасно дека ембрионот не е дел од мајчиното тело како, на пример, туморот, кој органски припаѓа на телото и може да биде отстранет за негово исцеление.

Ембрионот, или подобро речено – човекот, гостува во телото на мајката преку благодатта Божја – целосен живот во друг живот! Само по себе се разбира дека никој нема право, дури и самата мајка, да го лиши од живот другиот, поинаку речено – да изврши убиство. Православната црква никогаш не дозволувала да се извршуваат абортуси и тоа го сметала за смртен грев. За да се добие прошка за овој грев, човекот задолжително треба да го исповеда и да понесе соодветна епитимија. Уште од апостолските времиња абортусот се прибројува кон сериозните гревови. Во учењето на апостолите „Дидахи“ читаме: „Не убивај, не прељубодејствувај, немој да бидеш мажеложник, немој да бидеш блудник, не кради, не вражи, не ги умртвувај децата во зародишот и роденото не го убивај“.

Сите треба добро да разберат, дека духовниот закон секогаш функционира, сакале ние или не. Современиот човек го избегнува крстот на детераѓањето или многудетноста – коешто претставува голем Божји благослов – и преминува кон крстот на бездетноста. И многу двојки, коишто за решавање на проблемот на бездетноста прибегнуваат кон вештачко вмешување во процесот на детераѓањето (што е погрешно, водејќи ги во заблуда, нарекувајќи го помошно), тие наидуваат на многусложни безизлезни етички дилеми.

Ние се молиме, Господ да ги просвети сите луѓе на земјата, за да разберат дека абортусот е истозначен на убиството, дека абортусите е неопходно да се избегнуваат во секоја ситуација.

Игумен на сечесната, свештена и велика обител Ватопед

архимандрит Ефрем

и со мене браќата во Христа

6 јули (23 јуни ст. ст.) 2011 година, обител Ватопед

Извор: pravoslavie.ru

Г.Г.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/efrem-vatopedski-slovo-za-abortusite/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Свети Пантелејмон и неблагочестивиот лекар
Нашата презвитера имаше тумор и ја оперираа. Штом го извадија туморот, му дадоа едно парченце на нејзиниот сопруг, отец Евангелос, да оди на биопсија и веднаш да ги донесе резултатите. По добивањето на резултатите од испитувањето, докторите не ѝ дадоа ниту шест месеци на болната. Ќерката на отец Евангелос се онесвести, додека тој самиот се изгуби. Сепак, во своите раце ја стискаше раката на свети Пантелејмон, која ја донесе со себе и се молеше.

Презвитерата се врати од операција. Со голема надеж, отец Евангелос ја положи раката на светителот врз едни завои, на местото каде што се изврши операцијата на градите на презвитерата, па падна на колена во молитва. Во тој момент влезе хирургот со ставена маска. Здогледувајќи ја сцената, тој почна да вика:

„Каква е оваа коска, оче? Изнеси ја надвор и носи ја дома“.

На кутриот свештеник почна да му се врти во главата; тој ги зеде светите мошти и ја побара вратата. Иако му се вртеше, тој ја слушна сестрата како го вика докторот на телефон, велејќи му дека неговата сопруга го бара.

Приквечер еден автомобил застанал надвор од домот на свештеникот. Изненаден, отец Евангелос го видел докторот како се појавува. „Леле, леле!“ – си помислил – „докторот ме прогонува и дома“. Исто така, во ужас видел како од автомобилот излегува и едно младо изобличено момче; неговата уста била изместена до неговото уво.

Докторот му пристапил на свештеникот и рекол:

„Оче мој, онаа коска, ја имаш ли? Прости ми, бев понесен. Во моментот кога те исфрлив надвор, мојата сопруга ми се јави и ми кажа дека мојот син, додека имал испит, одеднаш се срушил на земја со оваа парализа. Сфатив дека јас сум виновен и затоа многу те молам да ни прочиташ молитва. Твојата презвитера ми ја даде твојата адреса, овде до селото“.

Отец Евангелос одговорил: „Секако, чедо мое. Дојди во црквичката. Синко, земи ја раката на светителот и клекни“.

Отец Евангелос подоцна ни објасни што следело потоа, велејќи: „Го положив епитрахилот врз главата на момчето и почнав да ја читам молитвата. Додека читав, слушнав звук: крак, крак! Си помислив, што ли ќе е? Завршив и кога момчето стана, што да видиме, устата на детето си дошла на место! Таткото и синот ми се нафрлија“.

„Оче мој, како да ти се заблагодарам?“ – прашал таткото на детето.

„Не мене, чедо мое“ – одговорил свештеникот – „туку заблагодари Му на Бога и на светителот“.

Оттогаш тие многу често доаѓаа да се поклонат и да донесат масло за кандилото на светителот.

А за презвитерата – поминаа повеќе од дваесет години откога таа потполно оздраве, без никаква додатна терапија. Таа ги израсна нејзините деца и живее во селото, грижејќи се за малата црквичка со нејзините многубројни мошти, кога отец Евангелос не е веќе тука.

Докторот честопати ќе му речеше на отец Евангелос: „Ние, отец, треба да си ги запалиме книгите“.

Извор:www.johnsanidopoulos.com

Г.Г.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/sveti-pantelejmon-i-neblagocestiviot-lekar/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Баукот на верската неписменост кружи низ Европа
Современиот дискурс за религијата изненадувачки добива сè поголем интензитет. И атеистите сакаат да бидат „религиозни“. Угледниот и влијателен хамбуршки весник „Шпигел“, во својот број од 07.06.2014 посвети тема за иднината на религијата, односно верата без Бога (“Die Zukunft der Religion: Glaube ohne Gott”), а друг хамбуршки весник  „Цајт“, на насловната страница од својот број зборува за празникот Педесетница низ темата „Во потрага на благослов без Бога“. Во фокусот на овој текст станува збор за ритуалните обичаи надвор од Црквата во врска со раѓањето, венчавањето и смртта.

Сето тоа што е напишано во овие весници не мора да се толкува како висока културна дебата, но сепак симптоматично укажуваат на изразената тенденција во современата заедница на Западот, изложена на агресивна критика кон религијата. Нејзиниот злогласен антагонист Ричард Докинс (британски теоретичар на еволуцијата) е на прво место (Richard Dawkins: The God Delusion). Станува збор за потрагата и начинот на егзистенција, не верувајќи во суштината на религиозните заедници.

Вреди да се спомене и штотуку објавениот текст „верниците атеисти“ (“fromme Atheisten”)на реномираниот професор од Салцбург по фундаментална теологија Грегор Хоф, во месечникот „Herder Korrespondenz“. Оваа идеја не е целосно нова. Берлинскиот философ Херберт Шеделбах уште пред 15 години пишувал за „вернички атеизам“, а италијанскиот философ Марио Перинола неодамна пишуваше за „верата без догми“.

Во една неодамна објавена студија на двајца теолози од Цирих – Ingolf U. Dalferth и Andreas Hunziker, „Gott denken – ohne Metaphysik?“ – авторите се прашуваат „дали е можно без никакво чувство на Божјото присуство, Бог да се чувствува или замислува, односно Бог да не се замислува како било што, туку само како Бог Кој промислува?“.

Книгата на холандскиот атеистички пастор Клас Хендриксен „Вера во Бог кој не постои“ или пак францускиот философ Ален де Ботон „Религија за атеисти“ се на иста „бранова должина“.

Поплавата од книги со вакви или слични наслови и дијалози со квази-екуменски потенцијал помеѓу религијата и „спиритуалните“ и „харизматични“ групации, кои не се и не можат да бидат Црква, сведочат за агресивната кампања против религијата.

Клучна во овој контекст може да се смета книгата на философот Курт Флаш (еден од најдобрите интернационални познавачи на средновековната философија) „Зошто не сум христијанин“, со симпатии ги образложува различните фигури и модели на христијанското мислење, за на крајот, сепак, да дојде до заклучок,  дека животот без Бога не е сосема бесмислен.

Во овој контекст ќе се потсетиме и на книгата „Глобални богови. На кој начин светот станува супермаркет на религии“ од  Фридрих Вилхем Граф. Тој ја толкува религијата како широк спектар на алтернативни пазарни понуди, езотерични, спиритуални или џихадистички групи и групации, кои е тешко да се наведат како наследство на една голема религија. Накратко, тоа е како во супермаркет или глобален пазар, каде понудите се нудат на глобалниот свет. Локалните божества се минато, вели Граф.

Франц Ф. Вукетитс од Виена, теоретичар на еволуцијата, исто така објави книга насловена „Во што веруваат атеистите “, во која се изнесува атеистичка философија на животот, од која може да се определат принципите на моралот и етиката.

Во кој правец треба да ја усмериме дискусијата? Во оваа смисла предлозите се веќе формулирани. Германскиот евангелистички теолог Ханс-Мартин Барт, во својата книга „Неконфесионално среќен“ (“Konfessionslos glücklich”), наговести смер кон некакво „религиско-трансцедентно Христијанство“. Ова би можеле и да го наречеме исмевање на апсурдот од страна на апсурдот. Инспирацијата за таквите „тези“ авторот ги наоѓа во класиците на евангелистичката теологија како што се Карл Барт, Рудолф Бултман и Доротеј Зеле.

Баукот на верската неписменост (аналфабетизам) кружи во општеството без Бога на современа Европа. Современата дискусија за религијата веќе од поодамна е отворена и таа сега е предизвикана да ги понуди своите уверливи одговори. Сега на ред се богословите да ги употребат своите пера.

протоѓакон Зоран Андриќ

Извор: www.spc.rs

Подготвил: ѓакон Никола Митевски

<fb:like href="http://mistagogia.mk/baukot-na-verskata-nepismenost-kruzi-niz-evropa/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>