Мистагогија » Свети тајни

Отец Алексиј Умински: За сопружничките односи, системот на забрани, целомудрието и блудот
Ние многу сме се навикнале на зборовите дека Црквата е тело Христово и тие зборови понекогаш ги разбираме некако апстрактно, некако богословски оддалечено: небаре тоа не е вистинското тело Христово, ами некој образ, символ што треба да си го одгатнеме. Притоа, во апостолските посланија апостолот Павле совршено ја истакнува конкретната телесност: Црквата е плотта Христова.

Свети Јован Златоуст во едно од своите огласителни слова го вели следново: „Црквата исходи од реброто на Христа, како што од реброто на Адама произлегла неговата сопруга Ева.“ За истото сведочи и апостол Павле кога вели: ние сме членови на Неговото тело, од плотта Негова и коските Негови (Ефес 5,30). И сам по себе, библискиот расказ исто така ни говори нам не за апстрактно „создавање“, туку за раѓање на Црквата.

Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив – вели Христос (Матеј 18,20). И од ова можеме да разбереме дека целото човештво било замислено од Бога како црква. Целото човештво се разбира во рамките на некое сеопшто единство во Бога – и во таа смисла, првата Црква се создава во лицето на првиот човек Адам и неговата жена Ева.

Според мислењето на некои свети отци, Бог, создавајќи ја Ева од реброто на Адам, го одделува машкото од женското. Но, јас овде би сакал да искажам една сосема друга мисла: имено обратно – не се разделува машкото од женското, туку се создава машко и се создава женско, и тоа како нешто сосема посебно.

Целиот животински свет веќе живее во полова разделеност: во него има единки, припадници на едниот пол и припадници на другиот пол. Адам и Ева не се во тој ред: тие не се единки, тие не се „припадници“ – тие се луѓе, човештво. И во човекот не се создава пол, туку се создава машко и женско – се создава онаа различност која дава можност на двајца луѓе да се дополнуваат еден друг во љубов.Тоа истовремено е и разоткривање на Адам до некоја полнота, и некоја поделба на човекот, во која едниот без другиот не е целосен, едниот без другиот не е сосема човек. Кај животните нема машко и женско – кај нив нема потреба за единство, нивната полова функција постои само за да се продолжува родот.

А кај човекот е сè поинаку: тоа е основано на некоја голема потреба за другиот, и без таа потреба во човекот не се раѓа она најглавното. Црквата, пак, е оној организам на љубовта, каде секој има потреба од другиот. Ако на човекот никој не му е потребен, тогаш тој во некоја смисла, како што велел преподобниот Јустин Поповиќ, е „вончовек“ или „покрајчовек“.

Да се умножи не бројноста, туку љубовта

Адам вака вели за Ева: еве, коска од моите коски и плот од мојата плот (1Мојс 2,23). Како што спомнавме, истото го вели и апостол Павле за односот на Христа и Црквата. За истото се говори и во чинот на венчавање: „Боже Свет, Кој си го создал човекот од земја и од реброто си ја образувал жената, давајќи му помошник сличен нему, зашто така било угодно на Твоето Величие, човекот да не биде сам на земјата.“

Тука се наоѓа одговор на тоа што е целта на бракот и зошто бракот постои. Многу често може да се слушне дека христјанскиот брак за своја цел го има детераѓањето – но не. Детераѓањето е природа на бракот и таа е таква кај сите народи, во сите вери – ама целта на христијанскиот брак е исполнувањето на љубовта.

Тука може да се приведе аналогија со тајната на Света Троица: секоја Нејзина ипостас е исполнета со љубовна смисла – љубовта отечка, љубовта синовска и љубовта утешителна, т.е. фактичката мајчинска љубов на Светиот Дух.

И затоа соединувањето во бракот не е само соединување во природата. Тоа е соединување во образот Божји, даден на човекот. Имено, тоа е токму дејствието на љубовта. И во врска со ова би сакал да кажам нешто за интимноста во семејството. Оваа тема која обично се подложува, така да кажеме, на многу строг поглед. Помеѓу верниците честопати има мислење дека интимните односи во семејството, дека сопружничкото соединување постои исклучиво заради функцијата на детераѓањето: плодете се и множете се (1Мојс 1,22) и наполнете ја земјата.

Да, и таа заповед му е дадена на човекот, без сомнеж. Но таа не е даде на начин, како што била дадена на животинскиот свет. Станува збор за сосема друга категорија на одговорност, зашто оваа заповед не е за умножување на бројноста, туку заповед за умножување на љубовта.

И човекот да се плоди, не секогаш значи едноставно буквално да го умножува бројот на човечките суштества; да се плоди и да се множи на земјата со човештвото, со љубов да ја исполнува.

Интимните односи меѓу мажот и жената пред бракот и надвор од бракот од Црквата се гледаат како грев на блуд и тоа е сосема правилно: христијанинот е повикан да ја запазува чистотата и целомудрието не само во делата, туку и во помислите, зашто похотта откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот направен раѓа смрт, како што вели апостолот Јаков (сп. Јаков 1,15). Апостолот Павле уверува дека блудниците нема да го наследат Царството Божјо (сп. 1Кор 6,9).

Канонската норма определува одлачување од Причест за гревот на блуд седум години, за прељуба – петнаесет. И треба да се разбере, дека ова се вовело не само затоа што гревот на блудот има многу сериозни разрушувачки дејствија врз човекот, но и заради тоа што односите меѓу мажот и жената, дадени од Бога, се толку возвишени, толку свети и толку таинствени.

Но, понекогаш може да се слушне и ова: дека самото соединување на мажот и жената е гревовно, дека тоа е само покорување на телото и дека тоа е нешто што може да се ползува само по назначување – заради раѓање деца. Од ова се извлекуваат два заклучоци: дека односите меѓу сопружниците не можат да бидат „чисти“ по дефиниција и дека секое соединување, кое не е со цел за зачнување, претставува грев.

Поаѓајќи од ваквите погледи на интимната блискост, сопружниците верници почнуваат да ги избегнуваат тие односи, пазејќи се да пројавуваат нежност еден кон друг, имаат чувство на вина. Тоа доведува до оладување помеѓу нив, а понекогаш и до растурање на бракот. Претераното и неоправдано сопружничко воздржување може да стане причина за психички сломови; а се случува и нешто друго, а тоа е уште полошо – принудена и наметната многудетност, која семејството не може да ја понесе, заради што најмногу страдаат самите деца.

Целомудрието не е систем на забрани

Кога ние зборуваме дека гревопадот го изопачил образот Божји во човекот, треба да помниме дека тоа не ја допрело само сексуалната сфера – изопачени се и умот, и волјата, и сите човечки чувства, така што да се укажува особено на интимната страна, во најмала рака е некоректно.

Но, освен тоа сите Божји дарови може и треба да бидат во функција на спасението, дури и ако тие се изопачени од првородниот грев. Безусловно, и интимната блискоста како исполнување на љубовта исто така треба. А прашањето, како тоа ќе биде, се определува од личната внатрешна слобода на секое семејство и зависи само од самите сопружници – од никој друг и ништо друго.

И тука, особено прашање е вмешувањето на свештеникот во интимната сфера од животот на сопружниците: треба да се укаже дека тоа може да нанесе многу сериозна штета на семејната благосостојба. Знаете, кај нас во некои места сè уште постои една дива практика: свештениците да не им дозволуваат Причест на младоженците за време на венчавањето од причина што ним им претстои првата брачна ноќ.

„Како може да се причестите, а потоа ќе го правите „она’? Таквото причестување ќе ви биде само за осуда!“ Тука се појавува потполно неразбирање на фактот дека и едното и другото, во суштина, се свети тајни: таинството на причестувањето со Телото Христово, Неговата плот и таинството на сопружничкото соединување во едно тело.

Во ова отприлика се причините зошто целомудрието кај нас се разбира како систем на забрани. Така понекогаш ги учат децата и тинејџерите на целомудрие: постојано им говорат што не треба да прават, каде не треба да гледаат, што не треба да слушаат, за што да не зборуваат, што да не чувствуваат и што да не си дозволуваат.

Но очигледно, во нашето општество тој систем на забрани веќе одамна не функционира. Некогаш функционирал: во 19. и можеби во првата половина на 20. век, бидејќи социјалните односи биле построени на тој начин што целото надворешно поведение на човекот било под контрола на општественото сознание. Но сега, дури и за други нешта, овој систем во принцип е безживотен.

Правилното разбирање на целомудрието произлегува од правилното разбирање на сопружничкото соединување: тоа е една голема тајна, во која двајца стануваат едно битие; тоа не е предавање на грешната природа, туку величествен дар, како и сè што е дадено за создавање на нешто величествено.

Целомудрието не може да се сфаќа како некоја техничка работа, како некој противотров на скверната, под која се подразбира во овој случај секоја физичка блискост, дури и по венчавањето.

Во врска со ова, го помнам прашањето што ми го постави една жена христијанка, која имаше компликации во бракот; ова не е тајна на исповед, туку стануваше збор за едноставен разговор. „Отец, кога ми се случува да бидам блиска со сопругот, цело време ја кажувам Исусовата молитва. Дали правилно постапувам?“…

Опитот на познание

Човечката љубов се остварува преку познание. Зашто можеш да го љубиш само оној кого ти го знаеш, и тоа не едноставно да го знаеш, туку и вистински длабоко си го познал – и можеш да му веруваш само на оној кого го знаеш. Нам ни е дадена заповед да Го возљубиме Господа Бога со сето срце свое, со сета мисла своја, со сета душа своја, со сиот разум свој и сета сила своја (сп. Лука 12,30). „Сета сила“ значи со целото тело, т.е. и тоа претставува љубов – разбирате? Вклучувајќи го и нашето тело.

И познанието, во таа смисла, телесно. Затоа Адам и Ева се познале еден со друг и се соединиле во таа љубов. Може дури да кажеме дека преку тоа човештвото добило можност да се движи понатаму, т.е. да Го познава Бога, веќе имајќи опит на познание – опит на взаемно проникнување, соединување во едно.

Богопознанието е пат на желбата за тоа проникнување: Бог, Кој докрај нè знае нас, да нè пронижи со Својата љубов и тоа знаење да предизвика во нас таква силна пронижувачка желба да Го познаеме. Најпрвин – во тајната на Евхаристијата. Црквата е исто така форма на соединување, само сосема поинаква: соединување во кое ние стануваме едно тело со Христа, во кое ние и Тој буквално еден во друг проникнуваме.

Љубовта е она што прави едно битие. И сопружниците во таа љубов можат да станат толку единствени, што ним веќе нема да им биде потребно телесно соединување. Затоа е и напишано дека во Царството Небесно веќе нема да се женат и доближуваат еден кон друг (види Матеј 22,30), затоа што таму веќе сите се едно, веќе сите се пронижани со таа љубов и соединети еден со друг во единствената заедница на Светиот Дух.

Родените од тело

Христот на земјата се раѓа реално, во тело. И Црквата исто така се раѓа, на почетокот за тоа кажавме: имено дека се раѓа, а не создава. Тоа е раѓање на земјата на истата плот Христова, на истото тело Христово. Често мислиме за раѓањето од Дух во некаква завршена категорија: ние ја примивме Светата Тајна Крштение – и тоа раѓање од Дух се извршило.

Но не, тоа не се извршило, туку се извршува. Човекот се раѓа во Црквата, се раѓа во плотта Христова. И кога читаме во Евангелието: Роденото од тело е тело, а роденото од Дух е дух (Јован 3,6), не треба тоа да го разбираме како спротивставување: од Духот е добро да се роди, а од телото – лошо. Кога говориме дека родениот од тело е тело, станува збор за нас и за Христа: ние сме родени од Неговото тело и затоа Црквата е Света Тајна на раѓањето. Како што велел св. Атанасиј Велики, Бог стана човек, за човекот да стане Бог.

И токму ова раѓање од телото Христово и е најглавното во Црквата – тоа ги прави бестелесниот, вечниот, семоќен Бог и телесниот, ограничен, смртен човек едно – и не едноставно едно, туку едно во тело. Зашто и вознесението Христово се случило во тело – Тој во тело седнал оддесно на Отецот, и ние исто така телесно ќе воскреснеме. И нашите тела ќе бидат соприродни на Самиот Христос: коска од Неговите коски, плот од Неговата плот – тоа сме ние.

Се сеќавам, раскажував за смислата на Евхаристијата, за тоа зошто се причестуваме. Треба да се спомне дека многумина од нас се навикнале дека Причеста е наше лично дело, наше лично осветување, дека се причестуваме кога нам ни е потребно – за да добиеме сили, за да се излечиме од болест, да се избавиме од гревови, т.е. да добиеме некаква духовна помош.

И јас се обидов да објаснам дека Причеста е нешто сосема друго. Тоа е истото она кога, на пример, жена седи и во нејзините раце има бебе. И за неа нема некој помил – тоа е нејзино тело и крв. Така и ние сме во рацете Господови и тоа што преку причестувањето, преку тоа взаемно проникнување, Му стануваме Нему веќе совршено родни, ни се дава можност во буквална смисла да бидеме Негови деца и да Го нарекуваме Него свој Отец.

Превод од руски: презвитер Георгиј Глигоров

Извор: www.pravmir.ru

<fb:like href="http://mistagogia.mk/uminski-za-sopruznickite-odnosi/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Отец Томас Хопко: Ако ги исповедаме своите гревови
Не ни е доволно да си ги знаеме сопствените гревови и да ги мразиме. Треба и да ги исповедаме нив пред Бога и луѓето. Треба да ги признаеме пред небото и земјата. Да ги изложиме пред целото создание, за да ги оттргнеме нив од нашите таинствени срца. Исповедта е дел од духовниот живот. Всушност, таа е дел од самиот живот. Без неа не постои вистинско постоење за човечките битија. И со сигурност нема вистинско покајание.

Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме гревовите свои, Он е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда. Ако, пак, речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажец и словото Негово не е во нас. (1Јов 1,8-10)

Некои велат дека нема потреба да се исповедаат гревовите отворено и јавно. Тие велат дека луѓето можат да се исповедаат директно на Бога. Таквата идеја е потполна бесмислица. Исповедта на Бога во тајност воопшто не е исповед. Тоа е едноставно признавање пред Господа дека го знаеме она што Он го знае! Исповедта по дефиниција е отворена и јавна. Ако не е таква, тогаш тоа не е исповед.

Кога, при проповедта на Јован Крстителот, луѓето се каеле подготвувајќи се за Христа, пишува дека тие се крштевале „исповедајќи ги своите гревови“ (Мк 1,5). Тоа не значи дека тие на Бога Му го кажувале тајно во своите срца она што Он веќе го знаел. Тоа значи дека тие ги откривале лошите дела, направени од нив, за сите да слушнат. И кога свети Јаков им заповеда на христијаните: „Исповедајте си ги гревовите еден на друг!“, тој не ги советува нив да бидат свесни за своите престапи во тајноста на своите души. Тој им наложува да ја откриваат својата злоба еден на друг, за да можат да се исцелат (Јак 5,16).

Ако исповедта по дефиниција е отворено и јавно признание на гревовите, тогаш зошто православните христијани се исповедаат приватно на своите свештеници? Не е поради тоа дека свештениците имаат некаква особена власт што другите ја немаат. Да се размислува вака е многу погрешно, иако многумина христијани вака го разбираат тоа[1]. Свештениците немаат власт лично да простуваат гревови. Само Исус Христос има таква власт. Но, свештениците ја имаат службата на сведоштво на исповедта и покајанието на народот Божји, и официјално да ги запечатат таа исповед и покајание со увереноста на божественото простување преку разрешната молитва.

Причината зошто луѓето сега се исповедаат на своите свештеници во тајност е во немоќта на телото на христијаните во целина. Исповедта порано била јавна. Таа била отворена во присуство на сите членови на Црквата. Секој што сака да се исповеда на овој начин денес е слободен да го направи тоа. Ама тоа повеќе би служело на другите како соблазна, отколку како инспирација за молитвено сострадание и солидарна соработка да се исполнат Господовите заповеди. Кога исповедта се кажува само на свештеникот, тоа треба да се сфати дека таа се кажува нему како да се кажува на сите. Или поинаку кажано, таа е на сите – Бог и човекот, и целата твар – во личноста на свештеникот, како глава на црковната заедница и светотаинско присуство на Самиот Господ Исус во неа.

Великиот пост е време за исповед. Сите христијани треба да се исповедаат за време на овој свет период. Оној што не го прави тоа, тешко дека би го нарекле христијанин. Со сигурност не православен.

Во својот духовен дневник, отец Александар Елчанинов ни дава совети околу исповедта. Такви упатства можат да се најдат и во делата на свети Јован Кронштадски, како и во такви книги како „Невидливата борба“ и „Раскази на еден поклоник“. Христијаните треба да читаат вакви текстови за да им помогнат во нивната исповед. Теофан Затворник ги советува оние што се подготвуваат за исповед да ја изучуваат Беседата на гората (Мт 5-7) и Првото послание на Јован, заедно со 1 Коринтјани гл. 13 и Римјание 12-14 глави. Овие, и други оддели од Светото писмо, строго се фокусираат на она што се очекува од христијаните во нивниот секојдневен живот. Отец Елчанинов пишува дека исповедта „извира од свесноста за она што е свето, и означува умирање за гревот и оживување за светост“. Таа започнува со „испитување на срцето“. Преминува во искрена „скрушеност на срцето“. Таа се изразува во „усното исповедање на гревовите“, остварена „со конкретност, без прикривање на гнасотијата на гревот со нејасни изрази“. Таа се исполнува во одлучноста никогаш да не се греши повеќе, иако сме свесни дека ќе паднеме, бидејќи не сме Бог. Таа се запечатува со нашето понатамошно страдање да се остане непоколеблив во нашата борба против гревот. Таквата исповед стои во срцето на нашите духовни подвизи, особено за време на Великопосната пролет.

„Дете мое, Христос невидливо стои пред тебе примајќи ја твојата исповед. Не срами се, не плаши се и не скривај ништо од мене, туку кажи сè што си згрешил, не грижејќи се, и ќе добиеш простување на гревовите од нашиот Господ Исус Христос. Еве ја и Неговата икона пред нас: јас сум само сведок и сè што ќе ми кажеш, јас ќе го посведочам пред Него. Ако нешто скриеш од мене, твојот грев ќе биде поголем. Сфати, штом си дошол во лечилиштето, немој да си заминеш од него неисцелен.“[2]

отец Томас Хопко

Од книгата The Lenten Spring: Readings for Great Lent, St Vladimir’s Seminary Press, Crestwood, New York 1983.

Превод: презвитер Георгиј Глигоров

[1] Фактот дека свештеникот е светотаинско присуство на Самиот Господ Христос во Црквата не значи дека тој лично ја има Христовата власт и авторитет. Во оригиналната разрешна молитва во Православната црква, го нема она дека свештеникот вели: „Ти простувам и те разрешувам“, исто како што  во православната крштелна служба свештеникот не вели „Те крштевам“. Не се употребува прво лице. Власта за простување на гревови (која во Светото писмо, во секој случај, е поврзана со Крштението, а не Исповедта) Му припаѓа само на Христа. Таа е присутна во Црквата, бидејќи Христос е присутен во Црквата, во сите членови и конкретно во ракоположениот свештеник, кој е Негова светотаинска икона во црковната заедница.

[2] Упатство на исповедникот кон оној што се исповеда во чинот на Исповедта (словенска верзија).

<fb:like href="http://mistagogia.mk/tomas-hopko-ako-gi-ispovedame-svoite-grevovi/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Старец Пајсиј: За исповедта
Моќта на Светата Тајна Исповед

„За човек да почувствува спокој, треба да ја исфрли нечистотијата од себе, а тоа се случува нa исповедта. Човекот, отварајќи му го срцето на духовникот и кажувајќи му ги своите гревови, се смирува и со тоа ги отвора небесните врати, низ кои му доаѓа богатата Божја благодат и го ослободува“.

Човекот со исповедта се ослободува

– Старче, во првите години на христијанството, христијаните се исповедале јавно. Помага ли тоа?

– Поинаку било во првите години од христијанството. Сега тоа не помага.

– Зошто, старче? Затоа ли, што тогаш имале повеќе ревност?

– Имале и повеќе ревност и ги немале сите овие проблеми што денес луѓето ги имаат. Денес брачни парови се разведуваат туку така, не како во старите времиња. Денес луѓето се отуѓени од светата Тајна Исповед и затоа се гушат во помисли и страсти. Многумина денес доаѓаат и бараат од мене помош кога имаат проблеми, а не се исповедуваат и воопшто не одат на црква! „Одиш ли на Божјата богослужба во црква?“, ги прашувам. „Не“, велат. „Си се исповедал ли некогаш.“ „Не. Дојдов ти да ми помогнеш.“ „Но, како? Треба да се покаеш за своите гревови, да се исповедаш, да одиш во црква на Света Литургија, да се причестуваш, кога ќе добиеш благослов за тоа од духовникот, а јас ќе се молам да ти биде подобро. Забораваш ли дека постои и друг живот и дека треба да се подготвиме за него?“ „Види, оче, мене сето ова за што ти ми зборуваш, црква, друг живот и така натаму, не ме интересира. Тоа се прикаски. Бев и кај бајачи, кај медиуми и тие не можеа да ми помогнат. Слушнав дека ти можеш да ми помогнеш.“ И, што сега? Им зборуваш за исповед, им зборуваш за идниот живот, а тие ти велат дека се тоа прикаски, а од друга страна: „Помогни ми, пијам апчиња.“ Е, како? Со некоја магија ли да им биде подобро? И многумина, иако имаат проблеми кои ги предизвикале со своите гревови, не одат кај духовникот, кој може, сосем сигурно, да им помогне, туку завршуваат така што се исповедуваат кај психијатар. Им ги раскажуваат своите приказни, ги прашуваат за совет, и ако треба да ја поминат реката, фрлени се во неа, па се удавуваат, или излегуваат, но каде излегуваат… А ако отидат кај духовникот да се исповедаат, лесно би преминале на другата страна преку мостот, бидејќи преку Светата Тајна Исповед дејствува Божјата благодат и тие преку неа добиваат ослободување.

– Старче, некои велат: „Не можеме да најдеме добри духовници и затоа не одиме да се исповедаме.

– Тоа е само барање на оправдување. Секој духовник, со самото тоа што носи епитрахил, е овластен од Бога. Извршува Света Тајна, поседува Божја благодат и кога ќе ја прочита разрешителната молитва, Бог ги брише сите гревови што сме ги исповедале по искреното покајание. Од нас зависи колку помош ќе добиеме преку Светата Тајна Исповед. Така, еднаш кај мене во колибата дојде еден човек, кој имаше психолошки проблеми, со помисла дека јас поседувам благодатен дар на прозорливост и дека би можел да му помогнам. „Што би можел да ми кажеш за мене?“ – праша. „Дека треба да најдеш духовник и да се исповедаш, па да спиеш, лесен како птичка и да не земаш апчиња“ – му реков. „Денес нема добри духовници. Некогаш имаше.” – вели. Доаѓаат со добра помисла да добијат помош, но не го прифаќаат она што им го кажуваш, па штета е што се истрошиле и дошле тука. Но, гледам дека тука има и нови ѓаволски вештини. Им става на луѓето во глава помисла дека се духовно здрави, ако донесат заветен дар и ако отидат некаде на поклонение. И така, гледаш многу луѓе како со свеќи и со ветени дарови одат во манастирите на поклонение, ги оставаат таму даровите, се крстат, малку и плачат и со тоа се задоволуваат. Не се каат, не се исповедуваат, не се поправаат и ѓаволот се радува на тоа.

– Може ли, старче, да има внатрешен спокој човек што не се исповедува?

– А, како да има спокој? За да почувствува спокој, прво мора да ја отфрли од себе сета нечистотија. А тоа може да го стори само преку исповедта. Отворајќи му го своето срце на духовникот и доверувајќи му ги своите гревови, човекот се смирува и така ја отвора небесната капија, па богато го осенува Божјата благодат и тој се ослободува. Пред исповедта, хоризонтите му се во магла, човекот не гледа јасно и наоѓа оправданија за своите гревови. Зашто, кога умот му е помрачен со грев, погледот му се смутува. Со исповедувањето, како со свежо ветре, се разгонува маглата и на хоризонтот му станува ведро и јасно. Заради тоа, сите што доаѓаат да разговараат со мене за некој проблем, или да бараат некој друг совет, ако никогаш не се исповедале, прво ги испраќам да се исповедаат, па дури потоа доаѓаат да разговараме. Некои ми велат: „Но, старче, ти знаеш што треба да направам за да го решам проблемот. Кажи ми.“ Им велам: „Јас и да знам што треба да сториш, ти нема да го разбереш она што ќе ти го кажам. затоа прво оди, исповедај се, па потоа дојди да разговараме.“ Како да стапиш во контакт и да се разбереш со човек, кој се наоѓа на друга бранова должина? Со исповедта човекот од себе исфрла сè што е некорисно и станува духовно плоден. Еден ден копав во бавчата, со намера да посадам домати. Токму тогаш дојде еден човек и ме праша: „Што правиш, старче?“ „Ете, што правам, ја исповедувам својата бавча“ – му реков. „Ех, старче, зарем и на бавчата ѝ е потребно исповедување?“ – прашува. „Сигурно дека е потребно. Се уверив дека, кога ја исповедам, ги вадам од неа камењата, трњата, коровот и така натаму. Ако не го сторам тоа, доматот ќе пожолти и целиот е некако закржлавен.“

Извор: Старец Пајсиј Светогорец, Совети за спасението во современиот свет, Штип 2013.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/starec-pajsij-za-ispovedta/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Што е свештенството?
Анонимни коментари од православни свештеници

Неодамна ми се појави една идеја да побарам од православните свештеници да ми напишат збор-два за свештенството – нешто искрено и анонимно. Се восхитив на одговорите што ги добив, од опитни свештеници, од оние што неодамна биле ракоположени и од оние некаде во средина.

Некои од коментарите беа охрабрувачки. Некои беа болни. Некои парадоксални. А некои малку и хумористични. Некои го одразуваат карактерот на конкретен човек, додека други имаа намера да бидат обопштени. Но, сите ме погодија со својата срдечност.

Еве ги одговорите, без некаков одреден редослед. Сите од различен свештеник:

Како свештеник, постојано си во борба помеѓу она што сакаш да го направиш, она што треба да го правиш и она што мора да се направи.

Свештенството е и најголем благослов и најтежок крст, понекогаш истовремено.

Отстрани го свештенството од човекот и ќе видиш еден нарцис кој очекува Христос да дојде и да го спаси. Додај го свештенството и човекот станува пастир.

Свештенството е служба што ја искушува твојата вера и ја укрепува неколкупати во еден ист ден.

Свештенството е учење да се живее во сивите области на животот, да се биде вовлечен и во Божествената драма, и во човечката драма, подготвеност да се загубиш себеси во надежите да донесеш спасение на други.

Свештенството за мене е и извонреден извор на радост и изненадувачки извор на тага.

Понекогаш, едноставно треба само да се појавиш.

Свештенството е еден вид на мачеништво, одвреме-навреме со голема радост и чудесна привилегија да се служат Светите Тајни и Божествената Литургија, дарувани да нè запазат нас свештениците од очај.

Свештенството е служба, во која во еден ист ден можеш да ја здобиеш и изгубиш верата во човештвото.

Ние сме професионални сведоци, при почетокот и крајот на животот, добрите и лошите настани, и нашето присуство и внимание реално ги сокрива гревовите, за тие да бидат остранети.

Свештенството е привилегија да се застане во присуство на Светињата над светињите, сведочејќи ја реалноста на Светата Христова Црква, истовремено спомнувајќи си дека си недостоен да го правиш тоа, но си бил повикан И избран.

Оној дел од Анафората, кога се молиме за сите јавени и нејавени, знајни и незнајни добродетелства, тоа ме поттикнува да размислувам на свештенството.

Тоа е извонредна одговорност и извор на голема радост.

Твои од Твоите, ние (свештеникот, клирот, лаиците) Тебе Ти принесуваме, за СИТЕ И ЗА СЀ.

Свештенството е професија од висока позиција (white-collar job) за ниски срца (blue-collar heart).

Свештенството е Божествен лек за исцеление на срцето на човекот кој е повикан да служи како свештеник.

Свештенството е повик на величествена служба, и на Бога и на Неговата Црква. И тоа не е средство да се стане диктатор.

Свештенството е нешто што многу добро парира на родителството: и двете служби ти даваат доволно пракса десетпати да кажуваш исти работи пред некој да почне да слуша.

Треба да помниме дека свештенството не е работа, тоа е живот. И треба да заличиме на она магаре што нашиот Господ го избрал за да го јава за време на Неговото свечено влегување во Ерусалим на Цветници: смирено и понизно, но сепак му е дадена една многу важна и благородна задача. Многу труд, но таинствен. И како магарето, очекувај свештеникот да биде тврдоглав често, но секогаш верен на својот Господар.

Не е професија, освен во мојот случај, туку мало Богојавление, освен во мојот случај, и мала улога во сеопштото обожување, парче убавина, повторно ќе речам освен во мојот случај, но поради Христа преку сите нас.

Колку повеќе сум во свештенството, толку повеќе сфаќам дека навистина немам поим што е тоа, а камоли како да го остварам.

Коментар на лаик: Ништо не би додала овде… едноставно се појавува длабоко чувство да се потсетиме на потребата да се молиме за нашите свештеници повеќе и да им покажеме поддршка и љубов на еден практичен начин, та тие (и нивните семејства) да не бидат оставени сами во поднесувањето на јаремот на свештенството. Ви благодарам.

отец Ендрју Стефан Дејмик

Извор: roads from emmaus

Подготвил: презвитер Георгиј Глигоров

<fb:like href="http://mistagogia.mk/sto-e-svestenstvoto/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Александар Шмеман: Споменувањето на упокоените и молитвата за нив
Во раната Црква (и не само во раната, туку и во целата непрекината литургиска традиција којашто, чинам, и денес ја запазила силата, како и пред илјада години) целото богослужение, целиот литургиски живот на Црквата се однесува на упокоените во истата мера како што (се однесува тој) и на живите. Оваа традиција што јас ја сметам за основна, суштинска, едноставно не гледа разлика меѓу живите и мртвите, со други зборови – нема „специјален оддел“ ниту за живите, ниту за упокоените. Таа не ги спротивставува меѓусебно, бидејќи самата идеја на богослужението, новината на христијанското доживување на Црквата како leitourgia подразбирала доживување на Литургијата, на тоа општо дејствие, како „општење со светиите“, communion sanctorum, коешто го надминува поделувањето, поделбата на живи и упокоени.

Основната функција на таа leitourgia е токму обединувањето на сите нас во Христа, во живиот Бог, а тоа значи – во Неговиот воскреснат и бесмртен Живот. Во раната Црква нема специјален „оддел“, специјални служби за упокоени, не затоа што таа ги заборавила нив, туку затоа што целиот нејзин литургиски живот – почнувајќи од празнувањето на Господовиот Ден како „осми ден“ (ден по денот на смртта) и истовремено „прв ден“ (прв ден на новото создавање) – претставува празнување на победата над смртта, или поточно, над смртта како поделба. И ако целата Литургија на Црквата во најдлабоката смисла на зборот претставува споменување на упокоените, тогаш вистински центар и извор на тоа споменување несомнено е Евхаристијата – не специјалната „споменувачка Евхаристија“, која во рускиот јазик придобила назив „заупокоена Литургија“, туку Евхаристијата како таква, Божествената Литургија, со која (кога и да ја служиме) ја известуваме смртта на Христа и Неговото воскресение.

Да се нарече некоја конкретна Евхаристија „заупокоена“, разликувајќи ја неа од некоја друга, логично – не „заупокоена“ – е сосема бесмислено, зашто Евхаристијата и е споменување. Не сакам да кажам дека споменувањето е дел од Евхаристијата, не, туку самата Евхаристија е споменување. И таа била востановена како споменување на Самиот Христос: „Правете го ова во Мој спомен“ – рекол Он.

„Споменување“, „паметење“, „сеќавање“ – сево ова се преводи на староеврејскиот збор zikkaron, спомен. Но, староеврејскиот zikkaron, за разлика од она што претставува споменувањето за современиот човек, не е пасивно дејствие, способноста на човекот да „помни“, т.е. да го реконструира во мислите она што повеќе го нема, она од што човекот е одделен со времето, растојанието или смртта. „Споменувањето“, „паметењето“ е активен и пред сè божествен дар. Сè што постои – и ова претставува само едно кратко резиме на овој чудесен аспект на библиската вера – постои затоа што Бог го држи во Својата меморија, бидејќи Он го помни него. Бог нè помни нас и ние сме живи, и со тоа смртта отпаѓа од Божјото паметење. „Што е човекот, па да си спомнуваш за него“ (Пс 8,5).

Божествената меморија е навистина живототворна и ова „живототворно споменување“ ѝ е дадено на Црквата како нејзин темел, како нејзин живот. Таа ѝ е дарувана на Црквата, затоа што Црквата е Телото Христово, затоа што ние сме членови на Неговото Тело, на Неговата плот. „Правете го ова во Мој спомен“. Евхаристијата е zikkaron, споменување на Христа. А бидејќи Христос е вистински Живот на самиот живот, затоа Евхаристијата и е споменување, паметење и затоа „одржување во живот“ на сите оние што се „во Христа“. Ние во Него го паметиме создавањето на светот и, ете, во Евхаристијата небото и земјата ни се откриваат во блесокот на Неговата слава. Ја помниме онаа единствена по својот вид ноќ, кога Он „посакал“ да ја јаде пасхата со Своите ученици и со тоа го јавил во горницата Царството Небесно, и не само во таа горница, туку и повисоко – на Својата Трпеза во Своето Царство. Ја паметиме Неговата спасителна смрт и таа ни се дава нам како наша смрт и наше спасение. Го помниме Неговото воскресение и стануваме негови сведоци и го исповедаме. Во Него се помниме меѓусебно и се соединуваме. Ги помниме нашите браќа и сестри што се упокоиле во Него – и меѓу нив и нас нема поделба, нема смрт. И затоа „Спомни си, Господи…“ и „Да те спомне Господ Бог во Своето Царство…“ се главните молитви на Евхаристијата, молитви со кои смело и храбро ја утврдуваме Христовата победа над поделбата на смртта, молитви на љубов кои ги „држат во живот“, во Христа, сите оние што се живи и умреле во Него. „Спомни си, Господи…“ значи „запази го (ја) во Твојот бесмртен Живот“, „запази ги нив живи“.

Уште од првите денови, основна форма на ова споменување било „именувањето“ – кажувањето на имињата на оние што ги споменуваме преку живототворното Божјо паметење. Оние што настојуваат да произнесуваат имиња на Божествената Литургија воопшто не грешат. „Именувањето“ е литургиско дејствие, и кога јас стојам при жртвеникот и ги кажувам сите тие многубројни имиња, имиња на живи и упокоени, тоа е таинство на споменувањето. Зад секое име, непознато за мене, стои од Бога создаден живот – човек, облечен во неискажлива убавина и повикан кон вечен живот; произнесувајќи го неговото име, јас како свештеник, како Црква, „во Христа“ имам власт да го повикам назад во живот, во прекрасната и чудесна Христова светлина, повторно и повторно воведувајќи го него во бесмртниот живот на Христа, со којшто се причестуваме на Евхаристијата.

Таква е смислата и на диптисите, во кои имињата на живите и упокоените се споменуваат заедно, сите имиња на живите во земјата на живите…

Сега би можеле да кажеме неколку зборови за заупокоената молитва – за оние заупокоени служби, коишто јас ги нареков „приватни“ и коишто се регулираат со одредени правила. Од една страна, во светлината на кажаното за споменувањето на упокоените од Црквата треба да е јасно, дека тоа споменување, вкоренето во самата природа на Црквата, во нејзината вера, се изразува во литургиското, соборно дејствие, но тоа исто така има и личен аспект. Апсолутно е природно и нормално за секој од нас да се молиме за оние што ги љубиме, оние што ни недостасуваат, оние што во овој свет се одделени од нас со смртта. Оваа лична или индивидуална молитва ја има истата природа како и соборната молитва на Црквата. Тоа е истата љубов, истото општење, истото споменување, со еден збор – стремеж да се надмине смртта како поделба. За нас е сосема природно да ги споменуваме (во формите на културата, во којашто живееме) нашите мили упокоени, посетувајќи им ги гробовите, одбележувајќи различни денови на спомен итн., а исто така да бараме Црквата да се моли во тоа време за нив и заедно со нас.

Но, причината заради која Црквата го регулира и ограничува ова лично споменување е многу едноставна, и ќе ја разбереме, доколку го знаеме односот на христијанството кон смртта, ако сето она што го говорев во овие предавања, макар нецелосно, за соодносот на нашата смрт со смртта Христова, за смртта како стапување во Христовата благословена Сабота, за тоа дека смртта веќе не нè разделува нас од упокоените. Црквата со помош на правила и укажувања се обидува да не го допушти имено возвратот кон „старата смрт“, кон смртта како поделба и капитулација на христијанскиот опит пред древниот култ на мртвите. Во целиот христијански лексикон нема поеретички збор од зборот „приватен“, „посебен“. Смислата на сето она што го говорев е ваква: упокоените браќа и сестри (што се упокоиле во Господа) немаат потреба од возвраќање кон поделбата и самотијата на смртта, ами пред сè тие имаат потреба од Црквата како присуство на живиот Христос, како живот и единство во Него, како причестување во Него со Неговиот бесмртен живот. Смртта – во тоа и е целата работа – престанала да биде „приватна“, зашто престанала да биде поделба. Опасноста од нашето приватно споменување се состои во тоа што истото често нè возвраќа кон „старата смрт“ и стариот „култ на мртвите“, нè оттрга од христијанското преобразување на смртта.

Во првото предавање споменав за тоа дека во детството набљудував како во руската црква по неделната Литургија понекогаш служеа и по петнаесет панихиди (секоја пократка од другата). (Само обидете се да им предложите на луѓето да се обединат сите во една панихида! Обидете се да ги обедините нивните покојни! Не знам кој би бил поенергичен, поубеден во нивното не-обединување – дали свештеникот или „нарачателите“, бидејќи за свештеникот служењето на една панихида значи помала плата, а „нарачателите“ мислат дека на „нивните“ покојни не им се укажува доволно почит). Така што тврдам дека веројатноста на возвратот кон „старата смрт“ не е теоретска, не е академска веројатност, туку нешто од што сосема основано се плаши Црквата. И токму заради тоа, да не ги одделува упокоените од Денот Господов и неговата радост, Црквата забранува приватно споменување во недела (не поради тоа дека смртта е жалосна, а денешниот ден е ден на живите, туку заради тоа, да не ги лишува упокоените од општата радост и причестување со бесмртниот живот). Приватните заупокоени служби се забранети за време на Светлата Седмица за да не бидат упокоените одделени од „денот на смртта“ par excellence– Пасхата, зашто упокоените „пребиваат во Пасхата“. (Ќе ви раскажам уште еден случај од мојот живот. Во мојата мала парохија во Франција, ми пристапи една жена и замоли да се отслужи панихида веднаш по пасхалното сеноќно бдение. Одговорив дека не е возможно, а таа рече: „Ама, отец, мојот покоен маж толку ја сакаше оваа служба“. Каква би била смислата на тоа „мини-псевдопогребение“ што би следело веднаш по торжественото пасхално уништување на смртта?!).

Во деновите кога се дозволени овие приватни, „нарачани“ заупокоени служби, колку е жалосно, дури и трагично да се види како тие се извршуваат „во приватен поредок“, одделно од Црквата.

За Православната црква настапило време, дошол час – не да се реформира литургијата на смртта (Бог да чува!), не да се модернизира истата (Бог да чува!), туку едноставно повторно да се разоткрие, повторно да се види таа во вистина и слава, т.е. во нејзината врска со Црквата, со значењето на бесмртната смрт на Христа за упокоените, за нас, за сето Создание, во нејзината врска со Крштението и Евхаристијата, со целиот живот на Црквата и со животот на секого од нас, нејзините членови.

Таквото „преоткривање“ е неопходно пред сè на Црквата, зашто во оваа област има многу изневерувања и извратувања, но истото е потребно за нашата секуларна култура, за која, сакале или не, ние сносуваме одговорност.

протопрезвитер Александар Шмеман

Извадок од книгата: Литургия смерти,  Москва 2013.

Превод од руски: Георгиј Глигоров

<fb:like href="http://mistagogia.mk/smeman-spomenuvanjeto-i-molitvata-za-upokoenite/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Отец Сава Дечански: За причестувањето
Евхаристијата не е награда за добро држење

Најпрво да се потсетиме на зборовите од апостол Павле кон Коринтјаните:

А јас го примив од Господа она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб, и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!“ По вечера, исто така, зеде и чаша, па рече: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!“ Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени. Но судејќи нè, Господ нè накажа, за да не бидеме осудени заедно со светот. (1Кор 11,23-32)

Недостојно се причестува оној што не го разликува Телото Господово. Тука е важно да се има предвид дека Причеста не е некаков „витамински“ додаток за нашето здравје, помошно средство за подобро да се подвизуваме, коешто одвреме-навреме треба да го земаме, но коешто можеме и да го прескокнеме. Оние што не го разликуваат Телото Господово имаат ваков магиски пристап кон причестувањето или, од друга страна, моралистички расудуваат дали се достојни за него или не, во зависност од тоа дали заслужуваат или не заслужуваат награда. Евхаристијата не е награда за добро држење. Господ зел леб и вино, бидејќи овие две материи имаат колективен карактер. Лебот се добива од пченицата која е собрана од многу полиња и која само доколку се сомеле, измеша со вода и закваси со квасец, станува леб. Исто така и виното се добива од многу гроздови кои згмечени во преса даваат сок, којшто низ ферментација станува вино. Значи, ни лебот ни виното не настануваат природно, туку се добиваат со човечки труд и се содржат од материја која е собрана и соединета, од многу во едно. Затоа евхаристискиот леб и вино ја символизираат заедницата на христијаните, Црквата во која многумина стануваат едно. Црквата, во која сме повикани и собрани од многу народи и краишта, како многуте класови во еден леб и многуте гроздови во чашата вино (оваа асоцијација ја наоѓаме во ранохристијанските молитви на анафората). Затоа Црквата не се символизира со Евхаристијата, туку и непосредно се остварува и потврдува на секој литургиски собир. Евхаристијата е есхатолошкото собрание на верните и залог на конечното остварување на Црквата во Царството Небесно.

Сево ова е многу важно да се има предвид, за да дојдеме до она што претставува недостојното причестување. Ако живееме одвоено од заедницата, ако сме заробени од такви страсти и гревови што нè прават слепи и нечувствителни за другите во заедницата т.е. Црквата, ако во другиот не гледаме конститутивен дел на својата личност, туку се движиме по патот на постојаното одделување и претворање во индивидуа, ние всушност не знаеме што земаме и се задржуваме на магискиот и моралистички пристап кон Евхаристијата, што не е ништо друго, туку недостојно причестување. Практично и поедноставно кажано, доколку не живееме во љубов со останатите членови на Црквата, не сме достојни за причестувањето, бидејќи иако ги примаме Телото и Крвта Христови, со својот живот суштински и практично ја негираме заедницата која се манифестира во тоа исто Тело и Крв. Во тајната на Евхаристијата, не само што принесените материи стануваат Тело и Крв Христови, туку и ние самите преку примањето на осветените Дарови повторно и повторно се актуелизираме како Тело Христово – Црква. Поаѓајќи од ова, можеме да замислиме колку е апсурдно заедничкото учество во Литургијата без примање на Телото и Крвта Христови, зашто не примајќи ги светите тајни најчесто од емотивни причини на личната недостојност или привидно смирение, ние всушност Му свртуваме грб на Бога Кој нè повикува на Трпезата на вечниот живот. Во древната Црква, оние што биле заробени од страсти и гревови, кои подразбираат прекин со заедницата едноставно не можеле да присуствуваат на Приносот, освен во посебни случаи одредени со покајната дисциплина (т.н. συνεστωτες, лат. consistentes, т.е. оние што смееле да присуствуваат на Литургијата до крај, но не смееле да се причестат).

Ова значи дека оние што не живеат евхаристиски начин на живот или барем не се трудат да се вратат на правилниот начин на постоење не се достојни за Светите Тајни. Значи, тука не говориме за морализам и одредени правила што мора да се извршат за да би се причестиле достојно. Самата идеја на формални предуслови за Причест нè воведува во сферата на моралистичките празнословија, кои и довеле до тоа под видот на наводното смирение и покајание, причестувањето да се изгуби од фокусот на православната Литургија во текот на последните векови. Ние на Телото Господово му приоѓаме со вера, свесни за своите немоќи и падови, но истовремено знаејќи дека се спасуваме не како поединци, туку како Црква. Нема поединечно спасение, зашто Бог Отец единствено преку Светиот Дух може да нè види и препознае во Вечноста во Својот Единороден Син, ама како Црква. Затоа одвојувањето од Црквата е најголем грев што одвојува од вечното спасение и затоа оние што не живеат како активни членови на Црквата и не ја препознаваат својата Црква како мајка, туку бараат вистина во „продупчени садови“, причестувањето со Телото и Крвта Христови им е за суд и осуда.

Кои гревови нè прават недостојни? Секој грев, бидејќи секој грев нè оттргнува од заедницата во Христа на патот кон вечната смрт, но Причеста не е за безгрешни, зашто кој би можел да ја прими. Во литургиската молитва кон Христа што свештеникот ја чита тивко за време на херувимската песна, ова посебно се нагласува: „Никој од оние што е врзан од телесните похоти и сласти не е достоен да пристапи, или да се приближи, или да Ти служи (Литургија) Тебе, Цару на славата. Зашто, да Ти се служи тебе е големо и страшно и за самите Небесни Сили. Но сепак, заради неискажаното и неизмерно Свое човекољубие, непроменливо и неизменливо си станал човек, и Архиереј си ни бил, и како Владика на сите си ни го предал свештенодејствието на оваа литургиска бескрвна жртва…“ Значи, никој не е достоен да пристапи, но сепак пристапуваме зашто Синот Божји стана човек по Своето неискажливо човекољубие. Оној што приоѓа на Бога со ваква свест, свест за бескрајната лична недостојност и бескрајното Божјо човекољубие, нема да биде отфрлен. Од друга страна, ова значи дека недостојно се причестува оној што не ја чувствува и не ја исповеда својата лична недостојност и кој не верува во Божественото човекољубие. Таквото причестување со сигурност е за суд и за осуда, зашто оној што го прима не знае што прима.

архимандрит Сава Јањиќ

Превод: Георгиј Глигоров

<fb:like href="http://mistagogia.mk/sava-janjic-za-prichestuvanjeto/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Божествената Литургија
Божествената Литургија е срцето на православниот христијански живот. Тоа е Света Тајна над светите тајни или Мистерија над мистериите.

Централната Света Тајна на Православната вера е службата на Светото Причестување, наречена Евхаристија. Зборот Литургија значи „заедничко дело“, а зборот Евхаристија значи „благодарење“.

Првиот акт на Литургијата е собирањето на сите. Крстените и миропомазаните се собираат на едно место. По заедничката молитва на Црквата наречена Голема ектенија, во која се прават прозби за сите суштински елементи на животот, се пеат библиски псалми и Словото Божјо им се презентира на верните. Тука акцентот е поставен на Апостолот, Евангелието и беседата.

Потем следи приносот на лебот и виното како принос на самите нас и на целиот свет на Бога во Христа. Го молиме Бога да нè прими нас и нашите дарови (лебот и виното), возљубувајќи се меѓусебно и исповедајќи ја Православната вера, Никејскиот Символ на верата, што ние или нашите кумови го исповедале на нашето Крштение.

Потоа се принесуваме себеси и нашите дарови на Бога во Христа, споменувајќи си за сè што Он направи за нас: Крстот, Гробот, тридневното Воскресение, Вознесението на небесата, Седењето оддесно на Бога Отецот и Второто и славно доаѓање.

Потоа го повикуваме Светиот Дух „да слезе врз нас и врз нашите дарови“ и да ги направи нив Тело и Крв Христови, дарувајќи ни го опитот на Царството Небесно. Така ги добиваме назад нашите дарови на лебот и виното како Дар на Светото Причестување со Бога Отецот преку Христа во Духот.

На крајот си заминуваме во мир, сведочејќи му на светот за Царството Божјо што ни беше дарувано, повикувајќи ги сите луѓе во ова единство со Бога и сите во Него.

Православните ја служат оваа Мистерија на Царството Божјо, Божествената Литургија, во секој Господов Ден [неделата], како и на секој празник и посебна пригода. Литургијата претставува жив опит на она што всушност претставува Христијанството, па и самиот живот.

Литургијата е централното Откровение на христијанската мистерија и на некој начин целото Православие се содржи во неа, се запаметува и дарува на нашиот жив опит. Сите икони, одеждите, свеќите, пеењето… сè заедно во хармонија и единство служи за да открие само едно нешто: Човекот е создаден за Бога и само во Него го наоѓа својот идентитет, исполнување и совршенство.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/bozestvenata-liturgija/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Св. Никодим Светогорец: Прв приговор против честото причестување
Има некои побожни луѓе кои, не познавајќи го Писмото, кога ќе видат некој христијанин да се причестува често, му попречуваат и го прекоруваат велејќи дека така можат да постапуваат само свештениците. Па ако сакаш да се причестуваш често, тогаш и ти стани свештеник

На ваквите луѓе им одговараме не со наши сопствени зборови, туку со зборови од Светото писмо, светите Собори и светите учители на Црквата. Ние велиме дека служењето на свештениците се состои во принесување на Божествените Дарови и преку нивно посредство, како органи на Светиот Дух, преку Неговото наитие, да се извршува осветување на тие Дарови. А исто така, да се застапуваат пред Бога за народот и да исполнуваат други свештенодејствија, коишто не можат да бидат извршувани од оние што не се посветени во чин. Кога настапува времето за Причестување и тие пристапуваат да се причестат, тогаш свештениците воопшто не се разликуваат од мирјаните или монасите, освен по тоа што свештениците ги предаваат (Таинствата), а мирјаните ги примаат, а исто така по тоа што свештениците се причестуваат во олтарот и непосредствено, без света лажица, а мирјаните и монасите – надвор од олтарот и со помош на света лажица.

Дека ова е вистина и дека за време на Причестувањето свештениците по ништо не се разликуваат од мирјаните, нека сведочи божествениот Златоуст, кој вели: „Еден Отец нè родил. Сите ние сме поминале низ едно раѓање.“ Т.е. сите се родивме од една мајка – светиот Купел. „Едно исто Питие на сите се подава.“ Т.е. Крвта Господова на сите е дадена: и на свештениците, и на мирјаните. „И не само едно и исто (Питие), но и од една Чаша. Бидејќи Отецот, сакајќи да нè приведе кон нежната љубов, промислил да пиеме од една Чаша, која претставува символ на возвишена љубов.“ И на друго место вели: „Во некои работи свештеникот по ништо не се разликува од мирјанинот. На пример, кога доаѓа причестувањето со Страшните Тајни, сите ние подеднакво се удостојуваме со истото, не онака како во Стариот завет: едно јадел свештеникот, а друго – непосветениот. Зашто Законот не дозволувал народот да го јаде она што го јадел свештеникот. Сега, пак, не е така, туку на сите им се предлага едно Тело и една Чаша.“ Со други зборови, сега под благодатта на Евангелието, за сите на Светиот Престол се покажуваат подготвени едното и исто Тело Господово и едната и иста Чаша.

Симеон Солунски пишува: „Треба да се причестуваат сите верни. Тоа не е служба само на архиереите, но неговото служење се состои во свештенодејствување на тоа Сесвето Тело Христово и Крвта, и на сите верни да им ги подава во Причестувањето, зашто единствено за тоа тие и се предназначени.“

Јов Амартол пишува во книгата „За Светите Тајни“: „Целото совршенство и целта, и делото (на Литургијата) се состои во Причестувањето со живототворните и страшни Тајни и Светињи. Затоа тие најпрвин им се даваат на свештениците во олтарот, а потоа и на подготвениот народ што се наоѓа надвор од олтарот.“

Од ова несомнено следи дека први со Приносот треба да се причестуваат свештениците, а потоа – целиот народ, согласно со свештеномаченикот Климент, кој вели: „Нека се причестува епископот, потоа – презвитерите и ѓаконите, и ипоѓаконите, и чтеците, и певците, и подвижниците, а од жените – ѓаконисите, девиците, вдовиците, потоа – децата, и потоа веќе – целиот народ по чинот, со стравопочит и тивко.“

Претходно споменатиот Јов уште вели, дека на дојстојните им е дозволено да се причестуваат секој ден, без разликување, исто како и на свештениците, така и на мирјаните, мажите и жените, младенците и старците – едноставно кажано, на сите христијани од секоја возраст и чин.

Оние свештеници, коишто не ги причестуваат христијаните што пристапуваат кон Божествената Причест со стравопочит и вера, од Бога се осудуваат како убијци, согласно напишаното кај пророкот Осија: „Свештениците го сокрија патот Господов, го убија Сихем и извршија беззаконие.“ Со други зборови, свештениците ги сокрија патот и волјата, и заповедта Божја, и не ја објавија неа, го убија Сихем и извршија беззаконие во Мојот народ.

Се чудам и не разбирам како може да има такви свештеници коишто ги изгонуваат оние што пристапуваат кон Тајните. Бидејќи тие дури не ни помислуваат дека зборовите, што самите ги говорат, испаѓаат лага. Зашто самите тие на крајот од Литургијата гласно возгласуваат и ги повикуваат сите верни, велејќи: „Со страв Божји, вера и љубов пристапете.“ Т.е. дојдете кон Таинствата и причестете се. А потоа повторно самите се одрекуваат од своите зборови и ги прогонуваат оние што пристапиле. Не знам како би можеле да го наречеме ова бесчиние.

преподобен Никодим Светогорец

митрополит Макариј Коринтски

Извор: Книга душеполезнейшая о непрестанном Причастии Святых Христовых Таин, Издательство «Псалтирь» 2004.

Подготвил: Георгиј Глигоров

<fb:like href="http://mistagogia.mk/nikodim-svetogorec-prv-prigovor-protiv-pricestuvanje/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Игумен Арсениј (Соколов): Храмот без заедница станува бесмислен обреден сервис
Игумен Арсениј (Соколов), настојател на храмот „Сите светии“ при Московската патријаршија во Лисабон, Португалија – за парохискиот живот и светите тајни на Црквата

Прв дел од написот во два дела

„Правмир“ ја прифати многу важната тема покрената од „Журналот на Московската патријаршија“ – темата за исповедта и покајанието. Објавен е цел ред на интересни и проблематични статии. Бидејќи и мене ми предложија да се искажам по однос на оваа тема, ќе споделам некои скромни размислувања.

Најпрво треба да се објаснат самите термини покајание и исповед. Тие поими се блиски, но сепак не се идентични.

Покајанието

Преведувачите на Библијата на руски јазик го употребуваат зборот „покајание“, како за предавање на еврејскиот термин „тшува“, така и за предавање на грчкиот термин „метаноја“. Именката „тшува“, пред сѐ, означува „враќање“ и происходи од глаголот „шув“, враќа (на пр. се враќа дома од патување). Во религиозна смисла „тшува“ е враќање кон Бога.

Грчкото „метаноја“ буквално се преведува како „промена на умот“. Т.е. промена на внатрешната состојба, промена на ставовите и начинот на живот. Обично руските преводи и „тшува“, и „метаноја“ ги предаваат со еден ист збор „покајание“, обединувајќи ги така и двете смисли што се содржат во оригиналните библиски зборови.

Кога човекот застранил од патот и пошол во погрешен правец, тој, за да не залута до крај, треба да се сврти и да тргне назад кон местото, од каде што почнал да оди во погрешниот правец. Тоа не може да се стори, додека не се осознае дека не се оди во вистинскиот правец, додека не се случи „промената на умот“.

Прекрасна ислутрација на ова е евангелската приказна за блудниот син, кој прво „дојде при себе“ (Лк 15,17), а потоа „стана и појде кон својот татко“ (Лк 15,20). Кај ликот од приказната се случила „метаноја“, а потоа тој решително станал и направил „тшува“, враќање. Ако било само „метаноја“ без „тшува“ (каење без враќање), тој, најверојатно, и би загинал во далечната земја, во која се нашол.

Само „метанојата“ без решителната „тшува“ го привела Јуда кон очајание и самоубиство: „Јуда… се покаја,.. отиде и се обеси“ (Мт 27,3-5). Значи, во покајанието неопходни се и сознанието за оддалечувањето од Бога, како и решителното дејствие за да се врати кон Него.

Исповедта

Гревот не е потребно само да се осознае и само внатрешно да се одврати од него, туку и да се открие, да се објави на Бога: „Ти го открив гревот мој и не го сокрив беззаконието мое“ (Пс 31,5). Не треба едноставно да се вратиме при Бога, туку и смирено да признаеме: „Оче, згрешив… и… недостоен сум“ (Лк 15,21). Зошто? Зар сезнајниот Бог не го знае тоа, зар е можно нешто од Него да се сокрие? Не, таквото исповедање, таквото признавање е потребно за мене, грешникот, преку него го изразувам своето жалење и каење за стореното: од преполнето срце зборува устата. Исповедта е откривање на гревот, негово именување.

И така, покајанието заедно со решителното одвраќање од погрешниот животен правец и се изразува во исповеданието пред Бога, во смиреното откривање пред Него на целото свое срце, со тврда надеж дека ќе бидеме помилувани. Но, дали таквото радикално дејствие може да биде често? Може ли блудниот син секоја недела да си заминува од таткото и повторно да се враќа кај него? Не. Во таков случај, што се случува тогаш во обичната исповед?

Блудниот син се вратил во татковиот дом и живее со таткото. Ама тоа е живот, и децата не секогаш им се послушни на родителите, честопати ги жалостат. А потоа бараат прошка. Истото се случува со редовната исповед. „На измиениот треба само нозете да му се измијат“ (Јн 13,10) – му вели Спасителот на Петар. Човекот не е совршен и не може да лета по воздухот. Ние одиме по земјата и не можеме, а да не ги извалкаме нозете.

Авторите на многу статии, посветени на современата парохиска пракса на исповед, правилно укажуваат на нејзината болна приврзаност со причестувањето. Неспорен е фактот, дека таквата вештачка приврзаност не треба да постои – клириците и верните, кои немаат канонски забрани, се причестуваат на секоја Литургија, а се исповедаат по потреба.

Правилата за подготовка за Причест се исти и за клириците, и за верните. За верните нема специјални, построги од оние за клириците, правила. Може ли да си претставиме епископ или свештеник кој служи Литургија, а не се причестува на неа? Таквото чудно однесување би било тешко канонско нарушување.

Едноставно да присуствуваш на евхаристискиот дел од Литургијата е бесмислено. Тоа е како да одиш поканет на вечера и да си заминеш без да вкусиш од јадењето. Евхаристијата е Трпезата Господова, свадбената гозба на Јагнето. Има ли смисла да се биде обичен набљудувач на таа гозба? Ако по некоја причина не можеш да се причестиш (на пр. не си се помирил со ближниот), тогаш зар не е подобро при возгласот „Двери, двери!“ да излезеш со оние што сѐ уште не се крстени или се наоѓаат под некоја временска забрана?

(продолжува)

игумен Арсениј (Соколов)

Подготвил: Георгиј Глигоров

<fb:like href="http://mistagogia.mk/igumen-arsenij-sokolov-hramot-bez-zaednica-besmislen-obreden-servis-1/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Бракот како мачеништво: врската помеѓу бракот и празникот на 40-те маченици
Православната Црква на 22 март (9 март по стар стил) го одбележува споменот на 40-те севастиски маченици, ден кој меѓу народот е популарен како Младенци. На тој ден, според старата народна и црковна традиција, сопружниците (младенците) што стапиле во брак во текот на минатата година, во својот дом пречекуваат гости, кои им носат подароци и на тој начин тие им помагаат на брачниците во започнувањето на нивниот заеднички живот.

Кое е значењето на овој празник и каква е неговата конекција со бракот? За да одговориме на ова прашање, треба да го проанализираме значењето на овој празник и поимање на бракот во Црквата, па да го најдеме заедничкиот именител на овие две нешта. Токму во него се крие возвишениот теолошки концепт на таа врска, зашто тука, да разјасниме, не станува збор за бесмислен народен обичај, иако такви ги има многу во народното сознание.

Подвигот на мачеништвото

40-те маченици пострадале на почетокот од 4 век и култот на нивното почитување започнува уште оттогаш, за што сведочи и беседата на св. Василиј Велики, произнесена во денот на нивниот спомен, неколку децении по нивното мачеништво. Според мартириологот, за време на страдањето на мачениците, во еден момент се појавиле венци над нив како символ на небесната награда за нивниот подвиг.

Во првите векови мачеништвото за Христа бил масовен феномен; речиси сите апостоли својот живот го завршиле со насилна смрт, а во првите три века речиси нема епископ на Црквата кој не пострадал маченички. Воопшто, станува збор за милиони знајни и незнајни личности, кои со својата смрт Го посведочиле Воскреснатиот Христос. А што, всушност, претставува мачеништвото? Христос рекол: Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека Ме последува! Зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, тој ќе го спаси. Зашто, каква му е ползата на човека, ако го добие целиот свет, а себе самиот се упропасти или си направи штета? (Лк 9,23-25). Мачеништвото, во оваа смисла, е подражавање par excellence на Христа, Кој беше распнат заради нас и нашето спасение. Бог, според учењето на Црквата, во Христа ја воипостазира човечката природа, та преку воплотувањето таа да биде исцелена (спасена). Бог во Христа го исполни она што првиот човек не успеа и затоа за Исуса говориме дека е нов Адам (види Рим 5,12-21). Но, бидејќи овој свет е паднат и изопачен од гревот, а Бог е совршена Љубов и Смирение, затоа Божествената Љубов во овој свет не можеше поинаку да се манифестира, освен преку Крстот. Затоа што Бог го преобразуваше светот, победувајќи го злото со совршено добро (сп. Рим 12,21), зашто само на тој начин можеше да се стави крај на злото, оти, како што рекол Честертон, ако на злото му се враќа со зло, кога тој циклус воопшто ќе заврши. Христос, совршената Љубов Божја, не враќајќи му на злото со зло ја претрпе крсната смрт, но бидејќи таа Љубов беше посилна од смртта, на крајот следуваше и Воскресението од мртвите, а таа Христова победа му се дарува на секој оној што Го последува Него. Словенскиот збор маченик претставува превод на грчкиот термин μάρτυρ, што значи сведок. Мачениците заради Христа биле сведоци на Воскреснатиот Христос, на Неговата победа над смртта, сведоци на преобразувањето на смртта во Христа, преку Кого таа станува Пасха, премин во животот на царството на славата. Еве како св. Василиј зборува за тоа: „Сега ние ликуваме кога умираат преподобните. Бидејќи природата на жалоста се измени по Крстот Господов. Смртта на светиите веќе не ја придружуваме со плач, туку околу нивните гробови се радуваме со божествена радост. Имено, смртта за праведникот е сон или, подобро речено, премин во подобар живот. Затоа мачениците ликуваат кога ги колат. Желбата за најблажениот живот ја умртвува болката на колењето. Маченикот не гледа на опасноста, туку на венците.“[1]

Расудувајќи вака, можеби ќе се запрашаме: а зар да се следи Христа, мора да го завршиме животот со маченичка смрт? Воопшто не. Во погоре наведените Христови зборови, одрекувањето од сопствениот живот и носењето на крстот, заради здобивање на спасението, не треба да го сфатиме како повик на самоегзекуција. Тука станува збор за уништување на ултимативниот грев, коренот на сите други гревови – гордоста и на сите негови деривати: егоизмот, солипсизмот и високото мислење за себеси, а не одрекување од радоста на животот. Имено, во таа смисла е овде носењето на крстот: во победата над себеси во името на Христа, во откажувањето од својата гревовна волја, која се противи на совршената Божја волја, т.е. во стекнувањето на опозитот на гордоста – смирението. И тоа е мачеништво, крст, по кој следува воскресение. За неопходноста од смирението, еве како говори еден од најголемите боговдахновени аскети на нашето време, св. Силуан Атонски: „На смирената душа Господ ѝ ги открива Своите тајни. Целиот живот светиите се смирувале себеси и се бореле со гордоста. И јас се смирувам себеси ден и ноќ, и сѐ уште не се смирив како што треба, туку преку Духот Свет мојата душа го позна Христовото смирение, на кое Он ни заповеда да се научиме од Него, и мојата душа непрестајно се стреми кон Него… О, Христово смирение, колку е тоа слатко и пријатно. Тоа се наоѓа само во ангелите и светите души, а ние треба да се сметаме за полоши од сите, и тогаш Господ ќе ни даде и нам да го познаеме Христовото смирение преку Духот Свет… Каква е нашата радост, што Господ не само што ни ги простува гревовите, туку ѝ на душата и дава да Го познае Него, само кога таа ќе се смири. Секој последен бедник може да се смири и да Го познае Бога преку Духот Свет. Не се потребни ниту пари, ни имот, за да се познае Бога, туку само смирение. Господ Се дава Себеси бесплатно, само по милоста… На многу, поради гордоста на нивниот ум, Господ не им дава да Го познаат, а тие сепак мислат, дека многу знаат. А колку вреди нивното знаење, ако не Го знаат Господа, не ја знаат благодатта на Светиот Дух, не знаат како таа доаѓа и зошто се губи? Но да се смириме себеси, браќа, и Господ сѐ ќе ни покаже, како што љубовниот татко сѐ им покажува на своите деца… Силно верувај, дека ние страдаме само до тогаш, додека не се смириме; а штом се смириме, тогаш завршуваат маките, зашто Духот Божји заради смирението ја известува душата, дека таа е спасена.“[2] Или, како што правилно забележал ава Варсунуфиј: „Смирението е скратено спасение.“ Но, за да се стекне смирението, потребно е многу труд и голем подвиг, и тој процес можеме да го идентификуваме како носење на крст, како мачеништво.

Брачниот живот како via dolorosa

Според учењето на Црквата, има два пата за стекнување на смирението, т.е. на спасението. Има два начина за да се последува Христа: монаштвото и бракот. Христијанинот треба да одбере помеѓу овие две (сп. Мт 19,10-12), а третата опција – девство во светот, светоотечкото предание не ја препорачува како многу опасна. Монаштвото и брачниот живот претставуваат испитани експерименти, на кои ако сериозно им се пристапи, водат до Царството Небесно. И двата начина обезбедуваат поволна атмосфера за стекнување на смирението: монахот целосно се откажува од својата волја, предавајќи се на апсолутно послушание кон својот старец, а брачникот е постојано во ситуација да го лимитира своето јас, во полза на другиот. Отец Александар Елчанинов прекрасно ја опишува човечката димензија на светата тајна брак, во која, како во оган, се претопува егоизмот: „Бракот е просветување, мистерија. Во него се случува потполно изменување на човекот, се раширува неговата личност, се добиваат нови очи, ново чувство за животот, преку него човекот се раѓа во светот во нова полнота. Но, индивидуализмот на нашето време во бракот создава особени тешкотии. Нивното преодолевање укажува дека двајцата вршат сознателни усилби за градење на бракот… Философијата на семејните кавги: честопати кавгите произлегуваат од прекорите на жената, што тешко се восприемаат од страна на мажот, макар тие прекори и да се правилни (самољубие). Треба да се разјасни од каде се тие прекори: често тие доаѓаат од желбата на жената да го види својот маж подобар, отколку што е тој навистина, од преголемото барање од него, т.е. од нејзиното идеализирање. Во таквите случаи, жената претставува совест на својот маж и така и треба да се восприемаат тие прекори. Мажот, особено во бракот, е наклонет да се опушти и да се успокои на емпириската даденост. Жената го оттрга од неа и од мажот очекува повеќе. Во таа смисла, постоењето на семејните судрувања, колку тоа и да е чудно, претставуваат доказ за остварениот (а не само на проектираниот) брак, и во тој нов човек, слеан од двајца, жената ја игра улогата на совест. Еве зошто меѓу блиските луѓе кавгите понекогаш се дури и полезни – во огнот на кавгата изгорува целото ѓубре на навреди, недоразбирања, понекогаш долго време натрупувано. И после взаемното објаснување и исповед настапува чувство на полна јаснотија и спокојство – сѐ е разјаснето, ништо не претставува бреме. Тогаш се разврзуваат возвишените способности на душата и, комуницирајќи взаемно, се достигнува потполна еднодушност и едномислие.“[3] Во истиот контекст, говорејќи за бракот како за крст, современиот руски теолог протоѓаконот Андреј Кураев на еден досетлив, но реален начин го уподобува него на космичка катастрофа. „Под тој термин во астрономијата се подразбира судар на два ѕвездени система. Замислете си, си било еднаш едно сонце по име Иван. Околу тоа сонце кружеле планети: тато, мама. По подалечните орбити – дедовци и баби. Понекогаш на гости прелетувале комети – чичковци и тетки… А во соседниот влез растело друго сонце по име Тања. Со сопствен планетарен систем. И во еден момент тие се сретнале… Секое од тие сонца се навикнало да биде центар на својот систем, околу кој сѐ се врти. Но, тука веќе тој треба да се премести. И наскоро таму и ново сонце ќе засветли, и толку – ти самиот си веќе само планетичка… Тешко е да се прими во својот живот друг човек. Тешко е да ги удвоиш сопствените нервни завршетоци, па болката и радоста на другиот да ги восприемаш како свои… Патот на бракот е тежок по самата своја суштина, зашто да создадеш семејство – тоа значи да пуштиш друг човек во самата срцевина на својот живот, да живееш не само заради себе, да загубиш некаква автономија. Во таа смисла, секоја сериозна љубов, а уште повеќе бракот, се сродни на самоубиство: човекот престанува да живее за себе и во себе, и почнува да живее за другиот. Тоа е многу тешко и многу болно. И овде Црквата е чесна – затоа и таа говори, дека семејниот пат по себе е маченички. И при венчавањето врз главите на младите се полагаат токму маченички венци. Дека венците се маченички станува јасно од зборовите што се пеат во таквата пригода: ’Свети маченици, кои храбро страдавте и се овенчавте, молете се на Господа да се спасат душите наши‘.“[4]

Имено така се восприема бракот во христијанството. Заедно со монаштвото, тој е еден од начините со кој ние можеме да го здобиеме спасението на душата. Во нашето општество, кое во голема мера го има изгубено црковното сознание, постои аверзија кон монашкиот начин на живот. Тоа е така, затоа што номиналните христијани не можат да го разберат него, бидејќи тие расудуваат со категориите на секуларниот, дехристијанизиран ум. И не можат да ја видат радоста, со која се исполнети монасите, затоа што Бог за нив не претставува предмет на нивната љубов, што значи дека таа радост за нив е непозната. А нивното преферирање на брачниот живот се базира само врз вообичаената претстава за брачната среќа: телесната љубов, потомството итн. Но, оние што Го познале Бога вистински, што дозволиле да бидат допрени од Неговата љубов, за нив Он претставува врвното нешто за што жеднее нивната душа. И во таа смисла, за христијаните што живеат во подвиг, и двата начина се тешки, така што нема некоја особена разлика меѓу нив, туку секој го избира оној пат што му соодветствува. Кој од овие два пата е потежок? Еве што вели Кураев: „Јас знам монаси, кои тргнале по патот на монаштвото, затоа што почувствувале таков религиозен поттик, така што тие решиле да не се премислуваат повеќе; тие го зеле оној крст, кој им се чинел како најтежок… Во исто време знам и монаси, кои го избрале тој пат врз спротивни препоставки. На пр., еден мој сокласник во Богословијата. Кога тој предаде молба за постриг во монаштво, јас го прашав: ’Зошто реши така?‘ Тој одговори: ’Едноставно се знам себеси. Јас сум слаб човек. Нема да успеам истовремено да им служам и на семејството и на Црквата. А навистина сакам да ѝ служам на Црквата. Затоа за мене тоа претставува полесен пат. Јас го избирам, затоа што би сакал да успеам да го сторам најважното во животот‘. Има луѓе, за кои брачниот пат би им бил потежок, отколку монашкиот пат. А има луѓе со поинакво устројство на душата. Маченичката символика ја има и во чинот на венчавање, и во монашкиот живот… Семејниот живот не е само медениот месец. Би било голема измама да се мисли, дека чувството на првичната вљубеност ќе се зачува за цел живот. На негова смена треба да дојдат некакви поинакви, многу подлабоки односи, отколку романтичните чувства на првите денови.“[5]

Но, од ова не треба да заклучиме дека брачниот живот е исполнет само со мачнини и болка. Споменатиот отец Александар во своите „Записи“ ќе напише: „Во бракот празничната радост на првиот ден треба да се продолжи на цел живот; секој ден треба да биде празник, секој ден мажот и жената треба да бидат нови и необични еден на друг. Единствениот пат за тоа е задлабочувањето на духовниот живот и на двајцата, работата над себеси.“[6] Значи, сѐ зависи од самите брачници; колку и да е среќен бракот, сепак, неминовни се оние ситуации кога секој од нив ќе мора да ја крши својата гордост, затоа што во брачната заедница нема место за егоцентризам. Но, тој брачен крст поради љубовта се носи со радост. За таквото сугубо значење на љубовта пее еден познат христијански поет: „Кога љубовта ќе ве повика, следете ја, иако нејзините патишта се тврди и стрмни… Бидејќи, како што љубовта ве крунисува, така и ќе ве распнува. Бидејќи, колку ви помага да растете, толку и ве потсекува… Како снопови од жито таа во себе ве собира. Таа ве толчи за да ве оголи. Таа ве сее за да ве ослободи од вашите лушпи. Таа ве меле додека не побелите. Таа ве меси додека не станете еластични, а потоа ве става на својот свет оган, за да станете свет леб на Божјата света гозба. Сево ова љубовта ќе би го направи за да ги дознаете тајните на своето срце и според тоа знаење да станете парче од срцето на самиот Живот.“[7]

Поуката на Младенци

Според досега кажаното, можеме да заклучиме дека заедничкиот именител на бракот и празникот на 40-те маченици е токму мачеништвото. Не случајно е тоа што празникот се паѓа во деновите на Великиот пост, во оној период кога се подготвуваме за празникот на Христовото Воскресение. Тоа е период кога христијаните усмеруваат поголемо внимание врз себеси, задлабочувајќи го својот духовен живот. Духовното расположение што тогаш преовладува со душите на верните, во светоотечката традиција се предава преку оксиморонот радосна тага или таговна радост. Тоа е така, затоа што великопосниот подвиг е проткаен со антиципацијата на вокресенската радост, со цврстата вера дека по Крстот следува Воскресението. Не случајно е и тоа дека празнувањето на Христовата Пасха, која претставува исполнување на старозаветната, паѓа во периодот на пролетта, кога се случува повторното раѓање на природата, а традиционално тогаш се случил и Исходот на Евреите од Египет. Натуралната димензија на Пасхата (преминот од зима во пролет) се дополнила со историската димензија (Исходот од Египет), за конечно и двете димензии провиденцијално да бидат исполнети со Христовата Пасха (Воскресението). Во таа смисла, Великиот пост е икона (образ) на христијанскиот подвижнички живот (и на монашкиот и на брачниот), кој започнува уште сега во историското време и за своја цел го има есхатонот (Царството Небесно), и тоа крстоносно патешествие е проткаено со радоста на воскресението, што со надеж се очекува.[8]

Бројот на севастиските маченици, исто така, има големо значење. Тој се поврзува со бројот на деновите на светата Четириесетница (Великиот пост е составен од 40-дневен пост т.н. Четириесетница кој трае од Прочка до петокот пред Лазарева сабота, кон кој се додаваат уште неколку денови наречени Последование на Крстот: од Лазарева сабота, па Страдалната седмица до Воскресението). Бројот 40 има големо значење во библискиот јазик. Во нумеричката символика на Блискиот исток, чиј јазик се користи во Светото писмо, со бројот 40 се означува период на генерација, на подготовка и испитување[9], т.е. период на завршен акт (на пр. Мојсеј пости 40 денови пред примањето на Законот, Евреите 40 години скитаат по пустината, Христос 40 дена постел, по Воскресението Он им се јавува во тек на 40 дена). Врската помеѓу споменот на 40-те маченици и Великиот пост е очигледна. Не случајно празникот паѓа во овој посен период, за со себе да ја потврди идејата на Великиот пост како за образ на христијанскиот маченички живот, кој преку Христа се овенчува со воскресение.

Животот е исполнет со страданија и ние мораме да се соочиме со нив, да ги осмислиме, инаку сѐ би било апсурдно. Во Христа сѐ добива смисла, па дури и страданијата; тие се преобразени во средство преку кое ние се спасуваме. Оние што стапуваат во брачните води, треба да знаат дека тргнуваат по еден трнлив пат, исполнет со радости и неволји, со крст, пат кој има цел и истрајните на него ќе бидат на крајот овенчани, исто како и светите 40 севастиски маченици, со венците на небесната слава: Не знаете ли дека оние што се натпреваруваат на стадион, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така трчајте и вие, за да добиете. Секој натпреварувач се воздржува од сѐ: тие – за да добијат распадлив венец, а ние – нераспадлив. Јас, пак, така трчам, но не како без цел; не се борам како оној што удира по ветар… (1 Кор 9,24-26).

Младенци секогаш паѓа во периодот на Великиот пост, што значи дека трпезата тој ден треба да биде посна[10]. Поради празникот, тој ден не се практикува строг пост, се дозволува употреба на масло. И затоа оние што го празнуваат, а секако станува збор за православни христијани, треба да го прослават како што приличи на нивното именување, запазувајќи го континуитетот на Великиот пост. Освен на храната, треба да се обрати внимание и на значењето и суштината на брачното живеење, на христијанското поимање на бракот како света тајна, како пат кој води до Царството Божјо. Како никогаш до сега е потребно сериозно пристапување кон бракот. Да напоменеме, не постои такво нешто како идеален брак. Оние кои тргнуваат по патот на брачниот живот, а не се спремни да се принесат себеси како жртва, не се подготвени да го прифатат крстот во бракот и воопшто не пристапуваат сериозно кон него, подобро е да го послушаат советот на поетот: „Но, ако во својот страв барате само љубовен мир и љубовно уживање, подобро ви е да ја покриете голотијата своја и да заминете од гумното на љубовта, во светот без годишни времиња, каде ќе се смеете, но не со полна насмевка, и каде ќе плачете, но не со сите свои солзи.“[11]

Подготвил: Георгиј Глигоров

[1] Василије Велики, свети, Беседе, манастир Хиландар 2002, 162.

[2] Софроний (Сахаров), архим., Старец Силуан, Издание Сретенского монастыря 2004, 384, 390, 397.

[3] Ельчанинов Александр, священник, Записи, Москва: Издательство „Отчий дом“ 2004, 33, 73.

[4] Кураев Андрей, диакон, Церковь в мире людей, Москва: Издание Сретенского монастыря 2006, 254-255.

[5] Исто, 253.

[6] Ельчанинов, 73-74.

[7] Џибран Халил, Пророкот, Скопје: Силсонс 2004, 11-12.

[8] Христијанската вера е крсто-воскресна вера; „зашто, ете, преку Крстот дојде радоста на целиот свет“ се вели во една песна што се чита секоја недела.

[9] Мень Александр, протоиерей, Исагогика, Москва 2000, 112.

[10] Според древното правило, за време на Великиот пост се пости вака: од понеделник до петок храната е без масло (на вода, сува храна, овошје, зеленчук), во сабота и недела со масло и вино, без риба. Ако празникот на 40-те севастиски маченици се падне од понеделник до петок, не се служи потполна Литургија, туку Литургија на претходноосветените дарови. Поради значајноста на празникот, секогаш се дозволува масло и вино, но не и риба (таа се дозволува само за Благовештение и Цветници).

[11] Џибран, 12.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/brakot-kako-macenistvo-vrskata-megju-brakot-i-praznikot-mladenci/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>