Мистагогија » Патристика

Смилен Марков: Верата не треба да се упростува
Денес многу често на христијаните им се укажува дека за верата треба да зборуваат на упростен начин, со што не би го обременувале без потреба современиот човек, кој веќе е прејаден од сложеноста на светот во кој живееме. Големиот христијански философ и богослов со руско потекло Сергеј Аверницев на ваквото расудување во една прилика одговорил на следниот начин: „Не бива да изгледа просто! Простите објаснувања се соодветни за другите вери. Во христијанството ништо не е просто и вештачкото упростување на учењето на верата претставува сурогат“.

Би можело да се рече дека утрешниот празник Педесетница е најсложениот и многуслоен христијански празник, од кој произлегуваат сите останати христијански празници. Овој празник е синтеза на буквално сите значења на Откровението, но е и радикална иновација во разбирањето на човечката улога во контекст на религијата и историјата. На Педесетница сите дотогашни религиозни практики се преобразуваат и добиваат потполно нова смисла. Сега човекот се преобразува во место во кое обитава Бог, човечкиот дух станува Божји дух, човечкиот јазик – Божјо слово. Низата од значењата на овој празник тргнува од аграрните култови поврзани со првите плодови од жетвата; минува преку Пасхата како исход од ропството, но и од смртта; и завршува со првиот плод на новата твар – раѓањето во Црквата.

На Педесетница Црквата, собрана на едно место, го вкусува првиот плод на новата твар, ја жнее победата посеана од Сејачот. Педесетницата е исполнувањето на дерзновените Христови зборови дека оние што веруваат во Него не само ќе ги прават Неговите дела, но ќе прават и „поголеми дела“ (Јован 14,12), а тоа значи – ќе се охристоват преку дарот на Духот. Тој дар не е едноставно харизма, еден или друг вид на служба во Црквата, туку е Тајната на Троица, во која постоењето е љубов. Во светлината на сето тоа не се апсурдни тврдењата на некои писатели дека собитието на Црквата го означува крајот на религијата и почетокот на Божјото Царство.

Д-р Смилен Марков (главен асистент на Православниот богословски факултет во Велико Трново)

<fb:like href="http://mistagogia.mk/smilen-markov-bogoslovieto-ne-treba-da-se-uporostuva/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Свети Филарет Московски: Слово на Велики Петок
Бог толку го возљуби светот (Јн 3,16)

Можеби некои ќе речат, сега ли најде да говориш за љубовта? Сега ли, кога плодот на непријателството созреа во градината на Возљубениот; кога и земјата трепери од ужас, срцето на камењата се крши и небесното око се помрачува од негодување? Сега ли (да се говори) за љубовта кон светот, кога и Синот Божји, Кој страда во светот, е оставен без утеха, а Неговиот молитвен повик: Боже мој, Боже мој, зошто Ме остави (Мт 27,46) – е без одговор од Отецот?

Навистина, христијани! Овој ден е ден на непријателство и ужас, ден на гнев и одмазда. Но ако е така, тогаш што ќе се случи со нас, кога и земјата не е тврда под нас и небото не е спокојно над нас? Каде да се побегне од земјата што се колеба? Каде да се склони од небото што се заканува? Погледнете поусрдно на Голгота и таму, каде што се гледа фокусот на сите беди, вие ќе најдете прибежиште. Додека се тресе и ниша земјата; треперат и од темел се поместуваат горите, зашто Господ се разгневи (Пс 17,7), зар не гледате како непоколебливо таму стои невкоренетото дрво на Крстот? Додека и мртвите не почиваат во своите гробови, зар не гледате како мирно почива Распнатиот на Својот Крст, колку и да се обидуваат да ја симнат самата слава на Спасителот: други спаси, а Самиот не може да Се спаси; самото достоинство на Синот Божји: ако Си Син Божји, слегни од крстот; самото богатство на верата во Него: нека слезе сега од крстот, па ќе поверуваме во Него? И така, да ја утврдиме во нашите срца оваа чудесна и страшна за светот, но радосна за верните вистина: дека во целиот свет нема ништо покрепко од Крстот и побезбедно од Распнатиот. Ужасите од Голготата затоа и се расеани по целиот свет, за ние, не воочувајќи никаде безбедност, да бегаме право на Голгота, и да се фрлиме пред нозете, да се сокриеме во раните и да се потопиме во страданијата на Распнатиот Спасител. О, сонце! Зошто од Него го криеш своето лице напладне, кога великото дело на темнината уште при твојата светлина ја достигна веќе својата полноќ, и кога за очите на Оној што гледа сè и темнините се посветли од твојата светлина, и во темнина толку јасно го гледаат призорот на Богоубиството! Така! Во твоето негодување запечатено беше нашето вразумување; ти побрза да го направиш видлив денот на непријателството и гневот, за да нè преведеш нас кон созерцателниот ден на љубовта и милосрдието, осветлен со незаодната светлина на Трисолнечното Божество.

Христијанину! Нека темнина ја покрие земјата! Нека има мрак над народите! Дигни се од стравот и недоуменијата! Заблескај со вера и надеж! Низ темнина доаѓа твојата светлина! (Ис 60,1-3). Помини низ патот, преку кој раскинатата завеса ти ги открива таинствата; влези во внатрешното Светилиште на Исусовите страданија, оставајќи го зад себе надворешниот двор, предаден на народите за уништување. Што има таму? – Ништо, освен светата и блажена љубов на Отецот и Синот и Светиот Дух кон грешниот и беден човечки род:

Љубовта на Отецот која распнува.

Љубовта на Синот која е распната.

Љубовта на Духот која торжествува со силата на Крстот.

Бог толку го возљуби светот!

За оваа љубов, христијани, нека ми биде дозволено малку да помолчам пред вас, бидејќи е невозможно таа да биде изречена, така што и Самото Слово Божјо, за совршено да ја изобрази неа, замолкна на Крстот. Ова Слово и оваа љубов нека ни даруваат и нам безмолвие, како и внимание на тоа безмолвие, како што и децата на една иста мајка со нејзиното срце и нејзините зборови заеднички молчат и го рабираат молчанието.

И така, кој Го распнува Синот Божји? Војните ли? – Тие се речиси исти страдални средства, како крстот и клинците. Пилат ли? – Тој, се чини, сите усилби ги усмери во одбрана на Праведникот и торжествено ја изјави својата несогласност да се пролие Неговата крв: откако зеде вода, си ги изми рацете пред народот и рече: невин сум за крвта на Овој Праведник (Мт 27,24). Народот ли? – Како можел тој да ја бара смртта на Оној Кого се обидувал да Го зацари? Првосвештениците ли? Старешините ли? Фарисеите ли? – Тие признаваат дека немаат никаква власт над нечиј живот: нам не ни е дозволено да убиваме никого (Јн 18,31). Предавникот ли? Тој уште во храмот сведочеше дека предал невина крв (Мт 27,4). Кнезот на темнината ли? – Тој не можеше да се допре ни до животот на Јов: а сега самиот се осудува и прогонува. Но, кој подобро од Распнатиот може да ги познава распнувачите? И што вели Он? – Не знаат што прават (Лк 23,34). Кајафа се докосна до вистинската причина на ова дело, велејќи, дека подобро е еден човек да умре за народот: сепак, ова не го рече сам од себе, но бидејќи беше првосвештеник таа година (Јн 11,50.51); тој прозвучел како кимвал, кој тој ден требало да ѝ благовести на Црквата, но и самиот не го разбрал своето благовестие. На тој начин, она што не го сакале, не можеле, не знаеле, пред целиот свет било извршено од самите оние кои не сакале, не можеле, не знаеле.

Впрочем, ова не значи и дека немало виновни за убивањето на Невиниот! Не! Кој не можел, само ако би посакал, да го разбере она што го разбрал и проповедал дури и очајникот Јуда? Но ако разбереа, немаше да Го распнат Господа на славата (1Кор 2,8).

Ние треба да видиме, каква ништожна пајажина претставувал целиот сплет на видливи причини, коишто го произвеле великото Голготско собитие. Како ли оваа пајажина не се раскинала уште во своите први нитки или од здивот на гневот Божји, или од ветрот на човечката суета? Кој со неа го врзал лавот од Јуда? Како се случило она што не го сакале, не можеле, не знаеле и што толку подобно било и да се разбере и да предизвика одвратност? Не! Голготските хулители исто така не знаат што говорат, како што распнувачите не знаат што прават, а всушност не се луѓето тие кои го исмеваат Божјото величие: Божјата Промисла се потсмева на човечкиот бунт, без нарушување на слободата, правејќи тој да служи на Својата возвишена Премудрост. Не лукавите слуги Го надмудруваат Господа: Себлагиот Отец не Го поштедува Синот, за да не ги погуби лукавите слуги. Не е земното непријателство она што ја ранува небесната љубов – небесната љубов се крие во земното непријателство, за со смртта на љубовта да се убие непријателството и да се распространи светлината, и животот на љубовта низ темнината и сенката смртна. Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не погине, но да има живот вечен (Јн 3,16).

Се чини дека ние, проникнувајќи во тајната на Распетието и воочувајќи ја во страданијата на Синот Божји волјата на Неговиот Отец, повеќе го чувствуваме ужасот на Неговото правосудие, отколку сладоста на Неговата љубов. Но ова треба да нè уверува нас не во отсуството на самата љубов, а единствено во недостатоците на нашата подготвеност да го примиме нејзиното вдахновение. Оној што има страв, не е совршен во љубовта (1Јн 4,18) – вели ученикот на љубовта. Да го очистиме и рашириме нашето око со љубов и онаму, каде што тоа гледало магливо поради стравот од Божјиот суд, да се насладиме со созерцание на Божјата љубов. Бог е љубов (16) – вели истиот созерцател на љубовта. Бог е љубов по природа и самата природа на љубовта. Сите Негови својства претставуваат облека на љубовта; сите дејствија – израз на љубовта. Во неа живее Неговата семоќност во целата своја полнота; таа е Негова вистина кога го оживува возљубеното; таа е Негова премудрост кога го уредува постоечкото и одржува по законите на вистината; таа е Негова благост кога премудро ги раздава своите вистински дарови; конечно, таа е Негово правосудие кога степените и видовите на испратените или задржаните Свои дарови ги мери со премудроста и благоста, заради највозвишено добро на Своите созданија. Приближете се и погледнете го страшното лице на Божјото правосудие, и вие сигурно ќе го препознаете во него краткиот поглед на Божјата љубов. Човекот со својот грев го оградил од себе „вечниот“ извор на Божјата љубов: и оваа љубов се вооружува со правда и суд – зошто? – За да ја разруши таа ограда што поделува. Но, бидејќи ништожното битие на грешникот непоправливо ќе се скрши како грнчарски сад под ударите на очистувачкото Правосудие, затоа недостижниот Душељубец ја испраќа Својата едносуштна Љубов, т.е. Својот Единороден Син, за Он Кој држи сè со Својот моќен збор (Евр 1,3), со примената на Себе наша плот, освен гревот, да ги понесе и тежестите на нашите слабости, и тежестите на правосудието упатено врз нас: и Единиот уништувајќи ги стрелите на гневот, наменети за целото човештво, во своите крсни рани да ги открие незаградливите извори на милосрдие и љубов, коишто треба да ја напојат целата, некогаш проклета, земја со благослови, живот и блаженство. Бог толку го возљуби светот.

Но, ако Небесниот Отец од љубов кон светот Го предава Единородниот Свој Син, тогаш и Синот исто така од љубов кон светот се предава Себеси: и како што љубовта распнува, така љубовта и се распнува. Бидејќи, иако Синот не може да прави ништо Сам од Себе, но исто така не може да прави Он и нешто против Себе. Он не ја бара Својата волја (Јн 5,19 и 31), но затоа што е вечниот Наследник и Сопственик на волјата на Својот Отец. Пребива во Неговата љубов, но во неа и Самиот во Својата љубов ќе прими сè што Му е угодно на Отецот, како што вели: како што Ме возљуби Отецот, така и Јас ве возљубив вас (Јн 15,9 и 10). И на тој начин љубовта на Небесниот Отец, преку Синот, се распространува на светот: љубовта на Едносуштниот Син Божји во исто време восходи и кон Небесниот Отец, и нисходи кон светот. Нека овде оној што има очи ја види најдлабоката основа и првичниот внатрешен состав на Крстот, од љубовта на Синот Божји кон Својот Сесвет Отец, и љубовта кон грешното човештво, како се пресекуваат една со друга, и како една со друга се придржуваат, навидум разделувајќи го едното, но во суштина соединувајќи го разделеното. Љубовта кон Бога ревнува по Бога – љубовта кон човекот го милува човекот. Љубовта кон Бога бара да биде запазен законот на Божјата правда – љубовта кон човекот не го остава и нарушувачот на законот да гине во својата неправда. Љубовта кон Бога се стреми да го порази Божјиот непријател – љубовта кон човекот го вочовечува Божеството, за со љубовта кон Бога да се обожи човештвото и, како што љубовта кон Бога го издигнува од земјата Синот Човечки (Јн 12,32 и 34), љубовта кон човекот ги ослободува прегратките на Синот Божји кон земнородните; овие спротивставени стремежи на љубовта се допираат, сорастворуваат, урамнотежуваат и од себе го симнуваат она прекрасно среднокрстие, во кое опростувачката милост и судебната вистина се среќаваат, правдата на Божеството и мирот на човештвото се целиваат, преку кое небесната вистина заблескува од земјата, и правдата веќе не со страшно око проникнува од небесата; Господ дава благост на земјата и земјата го дава својот плод на небото (Пс 84,11-13).

Исусовиот Крст, направен од непријателството на Јудеите и бунтот на јазичниците, е само земен образ и сенка на оној небесен Крст на љубовта. Без него дали оној би можел не само да го задржи на себе, дури до смртта, Оној што со дланката го држи сето она што живее, но дури и да се допре до рамењата на Оној, за Чие избавување дванаесет легиони ангели чекале само знак. Залудно мрачниот полк ќе крене оружје за да Го земе во плен Него и Му подготвува Нему окови: осветлувајќи го својот пат со огнот на злобата, тој не гледа дека Он веќе е пленет и врзан од Својата Сопствена љубов, која е силна како смрт (Песна 8,6). Залудно беззакониот собор повикува: ние имаме закон и според нашиот закон Он треба да умре (Јн 19,7) – Он нема да умре поинаку, освен според овој Негов закон: никој нема поголема љубов од оваа, да ја положи душата своја за своите пријатели (Јн 15,13). Залудно хулниците повторуваат: ако си Син Божји, слегни од крстот (Мт 27,40) – Синот Божји со самото тоа и покажува дека нема да слегне од крстот, додека сè во Себе не истошти во сугубиот стремеж на љубовта кон Својот Отец, Кому на крајот Му го предава Својот дух, а за луѓето истекува вода на очистување и крв на животот. Љубовта ја познаваме по тоа што Он ја положи душата Своја за нас (1Јн 3,16). Задлабочувајте се, христијани, во ова велико познание не само со збор и јазик, или со празен слух, ами и со дух и вистина: и на крајот вие ќе стапите, ако може така да се каже, во онаа дружина на Крстот, така што нема да најдете послатко задоволство, од тоа во духот на созерцание да повикувате со Богоносниот маж: Љубовта моја се распна! (св. Игнатиј Богоносец).

Љубовта Божја, која непосредно дејствува во Исусовиот Крст, без сомнеж требала да му ја соопшти нему Божествената сила. И како бргу, како обилно, како неизмерно далеку од него тече оваа победоносна сила!

Ако зрното – така велеше Исус Христос за Себе Самиот – ако зрното пченично што паднало на земја, не умре, ќе остане само, но ако умре, ќе принесе многу плод (Јн 12,24). О, колку бргу ова зрно на Божественото семе што умира на Крстот, околу себе дава изданки на нов живот! Видете како уште пред смртта на Исус, на дрвото на проклетството, во устата на разбојникот процветува молитвата: спомни си за мене, Господи, во Царството Твое! (Лк 23,42), и овој вистински рајски цвет во истиот ден се пренесува во рајот Божји. Видете како заедно со потресената земја и распаднатите камења се круши дотогаш каменото срце на јазичникот и веднаш изнесува зрел плод од усните, кои Го исповедаат Спасителот: навистина Овој бил Син Божји (Мт 27,54). Со каква непреодолива привлечност оние што Го оставија Исуса жив се собираат околу Неговиот Крст и Гроб! Најпрво се покажала победата на крстот во Јосиф Ариматејски. Додека Го познавал Исуса како пророк и чудотворец, тој немал храброст да се открие себеси на Неговите ученици: бил таен ученик, поради страв од Јудејците (Јн 19,38). Но кога дозна дека Исус умре „осуден на смрт“, тогаш Вознесениот од земјата го привлече при Себе со таква сила, што тој не знаеше ниту за чест, ниту за човечки страв, и не се поколеба дури и да го разоткрие пред власта своето учество во Распнатиот: откако се осмели, влезе при Пилат и го побара телото Исусово (Мк 15,43). Зар не со истата сила и оние зрна, кои одамна изгниле во градината на смртта, не покажаа необичен плод – и многу тела на упокоении светии воскреснаа?(Мт 27,53).

Што подалеку ќе се распространува силата на Крстот, толку поторжествени ќе бидат нејзините дејствија. Таа во единствениот распнат Исус ќе ја сосредоточи сета власт на небото и на земјата; ќе даде да се почувствува силата на Неговото благодатно господство и кај духовите што се во темнина; ќе Го вознесе повисоко од сите небеса; ќе им Го испрати оттаму Утешителот Кој не би дошол, ако Исус не појдеше по патот на Крстот и не го направеше него навистина царски пат. Тогаш љубовта Божја непречено и преизобилно ќе се излие во жедните срца на верните преку Светиот Дух (Рим 5,5) и, без оглед на сите препреки, со крсни подвизи ќе го поведе искупениот свет кон сеопшто торжество на осветување и прославување. Нека непријателите на крстот Христов подготват нов крст за Неговата Црква: тие (така) нејзе ѝ подготвуваат нова победа и нова слава. Нека мудрите од овој век го огласат словото за крстот за безумство: тоа ќе биде безумство само за оние што гинат. Нека Јудеите – древни или нови – бараат знаци, не забележувајќи ги знаците што се извршуваат пред нивните очи, а Елините нека бараат сопствена мудрост на словото онаму каде што треба дејствено да се верува во Премудроста Божја: вистинската Црква секогаш ќе го проповеда Христа Распнатиот; за Јудеите соблазна, а за Елините безумство, и Он секогаш ќе биде, за повиканите од Бога, Христос, Божја сила и Божја премудрост (1Кор 1,18-24). На крајот, нека настанат и оние лути времиња, кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но, водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот; тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се свртат кон бајки (2Тим 4,3-4); како резултат на лажното учење ќе настапи богоотстапништвото, а љубовта ќе ја оладат намножените беззаконија: по мерата на овие настани силата на Крстот, како при второ распетие на Господа, ќе проникне со ново изобилство врз целото човештво и целата природа, ќе ја потресе целата земја, ќе го разруши во неа она што било тврдо, ќе го снизи она што се издигало, ќе го затемни она што блескало, не толку како одмазда на непријателите Божји коишто обично самите си подготвуваат погибел, колку за да се забрза и доврши привлечноста на сè кон Вознесениот од земјата. На истиот начин и љубовта, подобно на подготвеното масло на мудрите девојки, незабележливо за неразумните, ќе се запази дотогаш, додека не се јави посакуваниот Младоженец, и таа со седумкратен пламен ќе се разгори во денот на свадбата на Јагнето. И дотогаш, додека не поминат небото и земјата, и верата и надежта, и Бог биде сè во сè (1Кор 15,28), бидејќи во сите Богоносни срца ќе има љубов, излеана во нив од Духот Свет преку крсните рани.

Еве ги, христијани, и почетокот, и средината, и крајот на Крстот Христов – сè е тоа самата љубов Божја! Како што во овој сетилен свет, накаде и да го упатиме погледот, кон Исток или Запад, кон Југ или Север, насекаде погледот запаѓа во неизмерливоста на небото: така и во духовната област на тајните, според сите димензии на Крстот Христов, созерцанието се губи во беспределноста на љубовта Божја. Да го прекратиме смелото безмолвие за ова. Словото за крстот колку повеќе се изрекува, толку повеќе немее јазикот на плотта, и окото на земниот ум ослепува од преизобилството на небесната крсна светлина. Самиот вечен Уметник на Крстот, Отецот на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, и преку верата Христос да се всели во срцата ваши, та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии што е ширина и должина, што е длабочина и височина, и да ја осознаете Христовата љубов што го надминува секое знаење, за да се испоните со сета полнота Божја (Ефес 3,14-19).

Впрочем, да се потсетиме, ако не сме само по име христијани, но или сме, или иако сакаме да бидеме вистински последователи на Исус Христос, тогаш имаме и свој крст, според Неговата заповед: ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме последува (Мт 16,24). Бидејќи нашиот крст треба да биде подобие на Крстот Христов, зар тоа не нè охрабрува и нас сега да мислиме, дека и нашиот крст треба да се состои само од љубов. Така, христијани, овој крст, од кој мирољупците бегаат, како од мачител, и од кој самите крстоносци честопати стенкаат, но најчесто затоа што благото и лесно бреме Христово, поради незнаење, малодушие, неопитност, го зголемуваат со сопствени тежини – овој страшен крст целиот е од љубов – што може да биде поутешително? – Целиот и треба да се состои од љубов. Но, нека секој од нас сега го принесе својот мал крст и да го приложи кон великиот Крст Христов, за да види, дали е сообразен оној на својот првообраз: зашто треба да знаеме дека секој крст, што не е подобен на Крстот Христов, нема да нè вознесе од земјата, но ќе падне и со нас и ќе се струполи под нас во дрвата на геенскиот оган. И така, да погледнеме уште еднаш на Крстот Господов. Еве, љубовта на Небесниот Отец го распнува за нас Својот Единороден Син – како се сообразува на ова нашата љубов? Го твориме ли ние делото на Авраам (1Мојс 22), принесување на жртвеникот на љубовта Божја на сè она што ни е мило, без колебање, без остаток од сопственоста, со надеж? Еве љубовта на Синот Божји самата се предава на распетие, не само на Најсветата рака на Својот Отец, но и на рацете на грешниците: нè научила ли љубовта и нас на оваа неограничена предаденост на судовите Божји, со која и ние, како Исак, би биле секогаш подготвени да бидеме жртва – за слава ли Божја, за свое ли очистување, за доброто на ближните ли? Еве ја љубовта Божја која се излева од Духот Свет, која ги исполнува небесните и земните, ги обзема времето и вечноста, за она што се ожесточило и умртвело од непријателството против Бога да го раствори во животоносна и блажена љубов: дали нашата љубов умее да го победува злото со добро, да ги благословува оние што колнат, да се моли за оние што распнуваат и да не знае за ниеден непријател во овој свет, макар тој да не ни дава ниту еден пријател? – Да не ги умножуваме овие прашања. Беседата тука треба да биде продолжена од совеста на секого, која и ќе ни ги возвести нам, сега, или некогаш, задолжително, или бедата што ги очекува непријателите на Крстот, или победата, мирот и славата на неговите љубители, според судот на закланото на Крстот Јагне Божјо, Нему од секое создание благослов и чест, слава и владеење во сите векови (Откр 5,13). Амин.

на Велики Петок   1816 год.

свети Филарет (Дроздов)

архимандрит (подоцна митрополит Московски)

Подготвил: Георгиј Глигоров

<fb:like href="http://mistagogia.mk/sv-filaret-moskovski-slovo-na-veliki-petok/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Свети Јован Касијан: Општ опис на страстите и борбата со нив
Има осум главни страсти: стомакоугодување, блуд, среброљубие, гнев, тага, униние, суета и гордост.

Има два вида на страсти: природни, што се раѓаат од природните потреби, како на пример стомакоугодувањето и блудот, и неприродни, што немаат корен во природата, како на пример среброљубието. Нивните дејствија се манифестираат/изразуваат на четири начини: некои дејствуваат само во телото и преку телото, како стомакоугодието и блудот, а некои се манифестираат и без содејство на телото, како суетата и гордоста; потоа, некои се поттикнуваат однадвор, како среброљубието и гневот, а некои произлегуваат од внатрешни причини, како унинието и тагата. Ваквата пројава на дејствијата на страстите ни дава повод да ги поделиме нив уште на два вида, плотски и душевни: плотските се раѓаат во телото и го хранат и насладуваат телото, а душевните произлегуваат од душевни склоности и ја хранат душата, додека честопати делуваат разорно за телото. Последните се лечат со просто внатрешно лечење на срцето, а плотските се лечат со двократни лекови – и надворешни и внатрешни.

Нешто од кажаново ќе го појасниме со поопширно расудување. Имајќи причина во телото, страстите на стомакоугодувањето и блудот понекогаш се будат без содејство на душата поради возбудувањето на потребата од којашто произлегуваат. Меѓутоа, тие со себе ја повелкуваат и душата, заради нејзината заедница со телото. За да се обузда нивниот налет, не е доволен само напорот на душата, но притоа е неопходно и телото да се скроти со пост, бдеење, со исцрпување со помош на труд, па и со прибегнување кон привремена осаменост, а честопати и кон потполно отшелништво. Тие произлегуваат од порочноста на душата и телото, па затоа можат да бидат совладани единствено со нивен обостран труд. Суетата и гордоста во душата се раѓаат без посредништво на телото. Зашто, каква потреба има суетата од нешто телесно, кога душата ја доведува до пад само со желбата за пофалба и слава? Или, каква улога имало телесното дејствие во падот на Луцифер во гордост. Тој неа ја зачнал единствено во душата и помислата, како што говори и пророкот: Говореше во своето срце: Ќе се искачам на небото… изедначувајќи се со Севишниот (Ис 14,13-14). За ваква гордост, тој немал никаков поттик однадвор. Таа се родила и целосно созреала во неговата внатрешност.

Овие осум страсти имаат различно потекло и различно делување. Меѓутоа, првите шест, т.е. стомакоугодувањето, блудот, среброљубието, гневот, тагата и унинието се меѓусебно соединети со некое особено сродство, т.е. претераноста во една доведува до следната. Зашто, од претерано стомакоугодување неопходно произлегува блудната похот, од блудот (се јавува) среброљубието, од среброљубието гневот, од гневот тагата, од тагата унинието. Затоа против нив е потребна борба во истиот поредок, преминувајќи во борбата со нив од претходните кон оние што следат: за да го победиме унинието, најпрво треба да ја совладаме тагата; за да ја отераме тагата, претходно треба да го совладаме гневот; за да го згаснеме гневот, треба да го згазиме среброљубието; за да го искорнеме среброљубието, треба да ја скротиме блудната похот; за да ја совладаме блудната похот, треба да ја зауздаме страста на стомакоугодувањето. И двете останати страсти, т.е. суетата и гордоста, меѓусебно на ист начин се соединуваат: засилувањето на едната е почеток на другата. Од претерана суета се раѓа страста на гордоста. Во истиот поредок се стекнува победата и над нив: за да се истреби гордоста потребно е да се совлада суетата. Меѓутоа, тие по својот вид не се соединуваат со претходните шест. Тие не се раѓаат од нив, туку напротив по нивното истребување. Во овие две страсти, ние особено паѓаме по победа и триумф над другите страсти. Инаку, бидејќи се наоѓаат во наведениот меѓусебен однос, овие осум страсти честопати се делат на четири сојузи: блудната похот со особена врска се соединува со стомакоугодувањето, гневот со среброљубието, унинието со тагата, а гордоста со суетата.

Ниедна од страстите не се манифестира само на еден начин.

Така стомакоугодието се манифестира на три начини: или раѓа желба за јадење пред одредениот час, или посакува храна до преситување, не разликувајќи го квалитетот на храната, или бара вкусна храна. Оттука имаме исхрана без правило, прејадување и сластољубие. Од овие три (страсти) произлегуваат разни зли болести во душата: од првата се раѓа поплака од манастирскиот устав, од што до неподносливост расте незадоволството од манастирскиот живот, по што обично следи и бегство од манастирот; од другата се буди похота и сладострастност; а третата доведува до среброљубие и не дава место на Христовото сиромаштво.

Постојат три облици на блудната страст: првиот се извршува преку мешање на едниот пол со другиот; другиот настанува без мешање со жена, поради што Господ го поразил Онан, синот на патријархот Јуда (1Мојс 38,9-10), и кој во Писмото се нарекува нечистотија; третиот се извршува со умот и срцето, и за него Господ во Евангелието говори: Секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое (Мт 5,28). На овие три облици укажал и блажениот апостол во следниот стих: затоа, умртвете ги своите земни членови: блудот, нечистотијата, страста,  и другото (Кол 3,5).

Има и три облици на среброљубие: првиот на оној што се одрекол од светот не му дозволува да се ослободи од секој вид на поседување; вториот оној што веќе раздал сè на сиромашните го поттикнува повторно да стекне ист таков имот; третиот ја разгорува желбата за стекнување кај оној што претходно немал ништо.

Има три облици на гнев: првиот е оној што пламти во внатрешноста; вториот е оној што се изразува во зборови и на дело; третиот е оној што долго време тлее и се нарекува злопамтење.

Тагата има два облика: првиот настапува по престанувањето на гневот, или се јавува при нанесување на штети, губитоци и неисполнета желба; другиот настанува од стравот за својата судбина, или од неразумните грижи.

Постојат и два облика на униние: едниот фрла во сон, а другиот изгонува од ќелијата.

Суетата е разнообразна, но можат да се различат два главни облика: во првиот се превознесуваме со телесните предимства и видливите предмети; во другиот се распламтуваме со желба за суетна слава заради духовни предмети.

И гордоста има два вида: првиот е плотски, а другиот – духовен, којшто е поштетен. Таа особено ги искушува оние што напредувале во некои добродетели.

Овие осум страсти го искушуваат целиот човечки род, иако сите не напаѓаат на ист начин. Зашто, кај некој главно место зазема духот на блудот, кај друг преовладува гневливоста; кај еден владее суета, кај друг господари гордост. Според тоа, бидејќи сите страсти напаѓаат на сите, секој од нас им робува на различен начин и различен поредок.

Затоа, потребно е да водиме борба со овие страсти. Откако ќе открие која страст најмногу му штети, секој човек против неа треба да ја усмери главната борба, вложувајќи секакви напори и грижи за нејзино следење и совладување, фрлајќи против неа во секој момент стрели на срдечен плач и воздишка, и непрестајно проличувајќи солзи во молитва кон Бога, заради прекратување на борбата што го возменирува. Зашто, никој не може да совлада ниту една страст, додека не се убеди дека со свои сили и труд не може да извојува победа над неа, иако за да се очисти од неа, и самиот е должен деноноќно да пребива во секаков труд и секаква грижа.

Кога таквиот борец ќе почувствува дека се ослободил од своите главни страсти, ќе треба со потполно внимание да ги прегледа скровиштата на своето срце, за да види која од преостанатите страсти е најсилна, па да ги подигне сите духовни оружја против неа. Победувајќи ја на овој начин секој пат некоја главна страст во себе, тој побргу и полесно ќе извојува победа и над останатите, послабите.

Кога ќе победиш една или неколку страсти, не треба да се превознесуваш. Инаку Господ, кога ќе ја види надменоста на твоето срце, ќе престане да го оградува и штити, и ти, оставен, повторно ќе бидеш вознемируван од страна на страста која, со помош на благодатта Божја, веќе си ја победил. И пророкот не би почнал да се моли: Господи, не предавај ја на ѕверовите душата што ти се исповеда (Пс 73,19), да не знаел дека оние што се превознесуваат со срцето, повторно биваат препуштани на страстите што ги победиле, за да се смират.

свети Јован Касијан Римјанин

Подготвил: Георгиј Глигоров

<fb:like href="http://mistagogia.mk/sv-jovan-kasija-strastite-i-borbata-so-niv/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Свети Климент Охридски: Поука во неделен ден
Должни сме, браќа, да ги почитуваме Божјите празници, воздржувајќи се од секакво зло, одбегнувајќи секаква нечистотија, уподобувајќи се на светите Божји угодници, читајќи ги нивните житија во светите книги, и да се трудиме со вера и од сето срце да дознаеме со која добродетел, или со кои добри нарави го најдоа Царството небесно. Како го пренебрегнаа овој минлив живот? Оти мнозина од нас заминуваме од овој свет, без да го познаеме. Или, пак, нашето богатство, што сме го стекнале со многу труд, и тоа ни се одзема во еден ден? Размислувајќи за ова, светите Божји угодници се предаваа на подвизи, на бдеење и на секакво воздржување. Поради тоа, браќа, и ние сме должни да го следиме нивниот пример и низ подвиг да го бараме нашето спасение. А најмногу од сите празници да го почитуваме денот на Христовото воскресение, односно светата недела. Зашто во тој ден се оствари почетокот на сето видливо создание; во тој ден архангелот Гавриил ѝ го благовести Божјото воплотување на Света Богородица, и во тој ден нашиот Господ Бог воскресна од мртвите, откако го уништи адот и, со Својата смрт, ја порази вашата жестока, лоша и престапничка волја.

Со радост да го празнуваме овој ден, за слава на Христовото воплотување, на Неговото воскресение, и на почетокот на овој видлив свет, украсувајќи ги црквите Божји со духовни песни, и насладувајќи ги своите срца и души со богогласни четива. Оти Самиот Господ Бог наш го озакони овој ден, кога му рече на Мојсеј: Шест дена нека работи твојот слуга и твојата слугинка, твојот вол и твоето осле, а во седмиот ден да почиваат! (сп. 2Мојс 20,9-10). Да се собираме во црква на молитва, зашто овде примаме исцеление на душите и на телата; овдека заради нас се извршува страшна тајна; овде гласот Божји ги огласува срдечните уши и, заради нас, се извршуваат неискажливи работи; овде Синот Божји лежи пред нас на страшна трпеза, заради нас излевајќи ја како јагне Својата чиста крв, за прошка на гревовите, сакајќи да нè направи учесници во Неговото Царство.

Затоа, браќа, со покајание треба да отстраниме од себе секаква нечистотија, и така да Му пристапиме, откако со солзи ќе ги измиеме знаените и незнаените гревови, и со смирение ќе го понизиме своето срце, како што и Он се смири Самиот Себе, и стана Бог и Човек истовремено, за да го спаси човекот од прелеста ѓаволска, и ни го покажа патот на спасението, велејќи:

Блажени се смирените по дух, зашто нивно е Царството небесно!

Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат! Кој, пак, не плаче поради своите гревови, тој без успех ќе плаче неутешно во вечна мака.

Блажени се кротките, зашто тие ќе се наречат синови Божји!

Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! (сп. Мт 5,3-7).

Да побрзаме, браќа, и ние да се удостоиме за ова блаженство, правејќи од себе Црква Божја на Светиот Дух, без да држиме злоба еден кон друг, цветајќи со благоверие, светлејќи со љубов кон бедните, украсувајќи се со братољубие, да бидеме духовно распламтени, служејќи Му на Бога, пристапувајќи кон Него со страв и со чистота, за да се покажеме достојни пред Него, како што Самиот Он рекол: Ќе се вселам во нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ (сп. 3Мојс 26,12; 2Кор 6,16). А како ќе биде тоа? Зар оној, во кого што ќе се всели Бог преку причестување со Неговото животворно тело, не е почист од злато? Зар тој не се обновува катадневно со чистота како орел, и со умот не полетува угоре? Разбирајќи го ова, браќа, да се обновуваме со добрина и со чистота, и животот да ни биде достоен; по светост, а не само по име да се нарекуваме христијани! Откако ќе се оддадеме на духовен подвиг, еден друг да се натпреваруваме со добрина, та и нам да ни рече нашиот Господ: Дојдете, благословени на Мојот Отец, наследете го Царството кое ви е подготвено од создавањето на светот (сп. Мт 25,34). Него, впрочем, да Го прославиме отсега со добри дела, иако досега бевме свикнати да живееме во слабости и во мрзливост, но од овој ден па натаму, да се потрудиме да правиме добри дела, оти Царството небесно се зема насила, и силните го грабаат (сп. Мт 11,12), преку Христа Исуса, нашиот Господ, Кому нека е слава, сега и секогаш и во веки веков.

свети Климент Охридски

Извор: Свети Климент Охридски, Собрани дела: слова, поуки, житија [превод од старомакедонски: протопрезвитер Јован Таковски], Скопје: Табернакул 2012.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/sveti-kliment-ohridski-pouka-vo-nedelen-den/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Паламизмот објаснет накраткo
Пред неколку дена, еден пријател ми испрати адреса на блог од некој кабинетски богослов кој учел дека ги побил учењата на свети Григориј Палама, со тоа што поставил цитат од свети Василиј Велики, целосно изваден од контекст. Знаете, постои причина зошто Интернетот се нарекува најголемиот празен печат во светот.

Имајќи го предвид споменот на свети Григориј Палама, мислам дека би било згодно да се разгледа богословието на свети Григориј. Првото што треба да го научиме за паламизмот е дека воопшто не постои такво нешто. Паламизмот е измислица на римокатоличките мислители – не би ги нарекол богослови – коишто сакале да ја оправдаат сопствената ерес, давајќи му егзотичен назив на несомненото и преданиско учење на Православната црква, претворајќи го во историски условен „изам“. Сè што направил свети Григориј е тоа што го изразил древното учење на Црквата во рамките на современите контроверзи поврзани со природата на исихастичките методи на молитва. Зад сета расправа околу медитацијата и созрцанието на светлина лежи фундаменталната дистинкција (разликување) што православните богослови ја истакнувале барем уште од времето на свети Атанасиј.

Накратко, учењето е ова:

Од самиот почеток, луѓето имале два сосема различни опита на Бога. Од една страна, Бог се набљудувал како битие радикално поинакво, поразлично од самите нас, така што ние не можеме да говориме за Него користејќи зборови како битие и постоење во недвосмислена и директна смисла. Моите мисли не се ваши мисли, и Моите патишта не се ваши патишта – вели Господ. Техничкиот термин за оваа смисла на Божјата дистанца од нас е трансцедентност.

Од друга страна, ние луѓето, барем некои од нас, имале опит на Бога како Некој поблиску до нас отколку самите ние. Христијанството е религија на Емануил, што значи „Бог е со нас“. Свети Петар, пак, вели дека треба да станеме „учесници во Божјата природа“. Техничкиот термин за оваа блискост е иманентност.

Православието е религија на и/и а не или/или. Постојат два вида на ереси. Ентузијастичките ереси се поврзани со некои харизматични ликови коишто одлучуваат дека тој или таа имаат специјален однос со Бога и одлучуваат да играат улога на самопомазани пророци. Монтан бил еден таков лик. За неговите следбеници се вели дека крштевале во името на Отецот, Синот и Господарот Монтан. Џозеф Смит, како и повеќето модерни харизматици, би се вброиле исто така во оваа категорија.

Вториот вид на ереси, коишто се многу почести, се рационалистичките ереси. Поголемиот дел од повеќето „изми“, коишто ја опустошувале Црквата со векови, од савелијанството до калвинизмот, се од овој вид.

Она што е заедничко за сиве овие ереси е одлуката на нивните ересијарси (основачите на погрешни учења) да го направат опитот на Бога складен на некаква рационална структура. Со други зборови, сите тие претпоставувале дека Бог треба да ни е поимлив.

Да ви го илустрирам ова со историјата на учењето за Троица. Знаеме дека уште од почетокот Црквата ја исповедала својата вера (и крштевала) во името на Отецот, Синот и Светиот Дух. Исто така знаеме дека Црквата, како нов Израил, верувала дека дека имало, и може да има, само еден Бог, а не три. Значи, Црквата исповедала дека ние Го познаваме Божеството и како три различни личности, и како едно семоќно битие.

Но ова и/и не му било пресметливо на римскиот презвитер Савелиј. 1+1+1 не е еднакво на 1. Гледате, тој очекувал Бог да биде складен со човечкиот разум и математичката логика. Така што тој ја решил оваа логичка дилема, со тоа што ги сметал трите личности како три маски на едниот Бог, како Бог да играл различни улоги во различни времиња, но секогаш зад маската се наоѓал истиот Бог.

Малку подоцна, Ариј го имал токму истиот проблем, но бидејќи савелијанството исчезнало, тој требало да најде поинакво решение. Па ги деградирал Синот и Светиот Дух на создадени битија. Ова го оставило недопрено математичкото просто единство на Божеството. Но, ова создало застранување/излегување од опитот на Црквата. Бидејќи таа отсекогаш Му се поклонувала на Христа како на Бог. Затоа аријанизмот во определен момент бил отфрлен.

Целата позната клаузула за омоусиос (едносуштноста) од никејскиот Символ на верата е со цел да се потврди дека Христос е и различна личност од личноста на Отецот, а во исто време е и едно суштество, суштина или природа, со Отецот. Со еден збор, Троица е и три, и еден.

Разликувањето на суштината и енергиите на Бога, што римокатолиците сакаат да го наречат паламизам, но всушност е присутно во целата историја на православната мисла, не е ништо друго, туку лингвистички начин да се потврди дека Бог е и трансцедентен, и иманентен. Учењето за несоздадената светлина, коешто е круна на ова разликување, едноставно потврдува дека кога светиите имаат опит на славата на Бога, тие имаат опит на Самиот Бог, иако Он сè уште останува целосно сокриен и недостапен во Својата внатрешна природа.

Божјата слава, т.е. Неговата благодат, не е создаден посредник, туку Самиот Бог. Кога човекот се причестува со оваа благодат, тој е буквално обожен, но никогаш, никогаш, ниту во овој живот, ниту во векот што доаѓа, човекот не се преобразува во природата на Бога. Со Бога може да се општи преку Неговите дејствија или енергии, но Он е сосема трансцедентен по природа. Човекот се обожува по благодат, секогаш останувајќи создание. Ова го имал предвид свети Василиј кога говорел дела човекот е создание со задача да стане Бог.

Оние што ја негираат оваа дистинкција, го објаснуваат ова велејќи дека на овој начин се нарушува Божествената простота (едноставност, симплицитет), а тоа е индиректен начин да се каже дека со ова се нарушува човечката рационалност – Бог може да е или/или, но не и/и. Но, Божествената природа не е и не може да биде предмет на човечкото познание. Богот што може да биде спознаен со човечки разум воопшто не е Бог. Или да го поставиме ова поинаку, Бог не се потчинува на принципите на не-контрадикторноста или исклученото трето.

Во своите трактати, свети Григориј го следи аргументот што свети Марко Подвижник и другите го користеле со векови. Тој прашува реторички: „Што ако поборниците за или/или се во право?“ Ако Божествените енергии или дејствија не се Самиот Бог, туку создадени нешта, тогаш човекот нема реално општење со Бога. Нашиот однос со Него останува чисто површно. Секако, ова е позицијата на муслиманите, како и на некои форми на протестантизмот. Ние никогаш нема да станеме богови по благодат или учесници на Божјата природа, или вистински сонаследници на Христа. Ние остануваме само слуги.

Од друга страна, ако Божествените енергии или дејствија се идентични со Божествената природа, тогаш да се причестува со нив, на некој начин значи да се причестува со самата Божествена природа. Единствен поимлив резултат на ова мисловно движење е пантеизмот. Сепак, западното Христијанство се мислело меѓу двата заклучоца во текот на последните илјада години.

Како и да е, и двете сценарија, да ја употребам фразата од претходно, застрануваат од опитот на Црквата. Светиите знаеле дека тие имаат опит на Самиот Бог, а не на некакви создадени посредништва, но тие исто така во исто време знаеле колку неисцрпен и недостапен е овој Бог, во Својата длабочина.

Значи, имаме два избора. Можеме да го прифатиме и/и со парадоксите и логичките контрадикции што произлегуваат од ова, или можеме да го жртвуваме живиот опит на Црквата на олтарот на нашиот паднат разум, правејќи Го Бог складен на нашите рационални страндарди.

Вистинскиот проблем овде, како што констатирав претходно, произлегува од фактот што луѓето инсистираат повеќе да богословат со книги, отколку со бројаница. Нема ништо езотерично, па дури и мистично во црковното учење за суштината и енергиите на Бога. Тоа е само начин на кој Црквата го запазила и/и, запазувајќи ја така можноста да ја откриеме вистината за себе, преку следење на црковниот пат на покајание, послушание и молитва.

Нека нашиот велик Бог и Спасител, Исус Христос, по молитвите на свети Инокентиј Аљаски, блажениот старец Софрониј Сахаров и свети Григориј Палама, нè помилува нас и ни дарува наследство во Неговото Царство.

Кларк Карлтон

Извор: http://www.ancientfaith.com/podcasts/carlton/palamism_explained_in_twelve_minutes_or_less

Подготвил: Георгиј Глигоров

<fb:like href="http://mistagogia.mk/palamizmot-objasnet-nakratko-klark-karlton/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Ава Доротеј: За љубовта
Претставете си еден круг: во неговата средина е центарот, а од центарот излегуваат радиуси – зраци. Тие радиуси, колку се подалеку од центарот, толку повеќе се одделуваат и оддалечуваат еден од друг; напротив, колку поблизу се до центарот, толку повеќе се зближуваат меѓусебно.

Претставете си сега дека овој круг е светот, самиот центар на кругот е Бог, а правите линии (радиусите) што излегуваат од центарот кон кружницата или од кружницата кон центарот се животните патишта на луѓето. И овде е исто. Колку повеќе светиите влегуваат внатре во кругот кон неговата средина, сакајќи да Му се приближат на Бога, толку повеќе по мерата на влегувањето тие стануваат поблиски и до Бога, и еден до друг; и притоа така, што колку се приближуваат до Бога, толку се приближуваат еден до друг, и колку се приближуваат еден до друг, толку се приближуваат до Бога. Така сфатете го и оддалечувањето. Кога се оддалечуваат од Бога и се обраќаат кон надворешното, очигледно по мерата на оддалечувањето од фокусот и оддалечувањето од Бога, така се оддалечуваат и еден од друг – и колку се оддалечуваат еден од друг, толку се оддалечуваат и од Бога. Такво е својството и на љубовта: колку понадвор се наоѓаме и не Го љубиме Бога, толку секој е оддалечен и од ближниот. Ако Го возљубиме Бога, тогаш колку се приближуваме кон Бога со љубовта кон Него, толку се соединуваме преку љубовта и со ближните, и колку се соединуваме со ближните, толку се соединуваме и со Бога.

ава Доротеј

Г.Г.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/ava-dorotej-za-ljubovta/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Прва тајноводствена (мистагошка) поука
Кон новопросветениот. Толкување на стихот: Бидете трезвени, бидете будни (5,8) од Првото соборно послание на светиот апостол Петар, и на други стихови од тоа послание.

1.Сакав и порано, вистински и избрани чеда на Црквата, да побеседам со вас за овие духовни и небесни тајни. Но, бидејќи знаев дека е гледањето поубедливо од слушањето, го чекав токму овој миг, преку ова искуство да ве најдам поподготвени за слушање на она што ќе ви се проповеда, за да ве воведам поудобно во светлата и благомирисна цветна градина на овој рај; а и правилно да се подготвите да ги примите овие божествени тајни и да се удостоите за божественото и животворно Крштение. Бидејќи треба да се понуди трпеза со најсовршено учење, ќе се потрудиме да го научите за да можете да ја запознаете силата на тајните што ќе се извршат врз вас, вечерта кога ќе се крстите.

2.Вие првин влеговте во предворјето на припратата за крштевање и, стоејќи со лицето свртено кон Запад, слушавте и според она што ви беше заповедано ги спружувавте рацете и се одрекувавте од сатаната. Но, треба да знаете дека првообразот на сево ова се наоѓа во историјата на Стариот завет. Имено, кога фараонот – тој жесток и бесчовечен мачител, го измачувал слободниот и благороден еврејски народ, Бог го испратил Мојсеја да го изведе тој народ од тешкото египетско ропство. И со крвта на јагнињата биле попрскувани праговите и довратниците на вратите за да ги одмине сеистребителот домовите што беа со крв обележани[1]. Еве, на ваков чудесен начин бил спасен еврејскиот народ. А кога врагот, следејќи го ослободениот народ, видел дека морето заради него се разделило на натприроден начин, тргнал да го гони, но тогаш, бивајќи неочекувано прекриен од брановите, бил потопен во водите на Црвеното Море[2].

3.Но, сега те молам да преминеш од овие стари работи кон новите, поточно од првообразот кон вистината. Таму, според заповедта Божја, Мојсеј бил испратен во Египет, а овде во светот, од Отецот е испратен Христос. Таму пророк – за да го изведе од Египет измачуваниот народ, а овде Христос – за да ги избави од светот луѓето обременети со грев. Таму крвта на јагнињата го оттргнала истребителот, а овде крвта на непорочното јагне[3] – Исус Христос, станала изгонувач на демоните. Оној мачител дури до морето ги гонел древните луѓе, но истиот тој лут, бесрамен и злобен демон и тебе те следеше сè до овие спасителни води. Оној во морето бил потопен, а овој ќе исчезне во спасителната вода.

4.Но, ќе чуеш уште дека ти се заповеда да речеш: се одрекувам од тебе, сатано. Сакам да ви објаснам и зошто бевте свртени со лицето кон Запад. Тоа е нужно. Бидејќи местото на очигледната темнина е Запад, сатаната, зашто е темнина, во местото на темнината и престојува. Од тие причини, вие, показателно гледајќи кон Запад, се откажувате од тој темен и мрачен кнез. Што велеше секој од вас додека стоеше? Се одрекувам од тебе, сатано, од тебе, зол и страшен мачителу. Велиш: „Јас веќе не се плашам од твојата сила“, зашто неа ја уништил Христос, приопштувајќи се со моите крв и плот – за преку тоа со смрт смртта да ја победи, и да не бидам веќе низ целиот живот подложен на ропство[4]. Се одрекувам од тебе, лукава и злоитра змијо. Се одрекувам од тебе, подмолен, зашто преку лажно пријателство си направил секакви беззаконија и си го предизвикал кај нашите прародители отстапувањето од Бога. Се одрекувам од тебе, промислувачу и содејствувачу на секоја злоба.

5.Потоа, по второто изречение ќе научиш да речеш: и од твоите дела. Дела на сатаната се сите гревови од кои треба задолжително да се одречеме, исто како што оној што бега од мачителот треба да бега и од сите негови оружја. И така, гревот од каков било вид се смета за дело на ѓаволот. Впрочем, треба да го знаеш и ова дека сè што си кажал – особено во овој страшен час, е напишано во божествените книги. И затоа, ако направиш што било спротивно, ќе бидеш осуден како престапник. Од тие причини, говорејќи, ти се одрекуваш од сите дела на сатаната и од сите дејствија и помисли спротивни на разумот.

6.А потоа ќе речеш: и од сета твоја гордост. Гордост сатанска се сите примамливи забави и коњските трки, ловот со кучиња, и други суети слични на овие. Светиот пророк за да биде избавен од нив му вели на Бога: „Сврти ги очите мои за да не гледам суета“[5]. Да не те привлекуваат примамливите забави на кои ќе ја видиш дрскоста на шутовите, изразена преку бесрамни движења и други непотребности, на кои ќе видиш и примамливи танци на женоподобни мажи. Да не биде посакувано под тебе безумието на оние што, ловејќи, им се предаваат на ѕверовите заради посакувањата на својот стомак. Таквите, за да ѝ угодат на својата утроба со јадења, и самите, навистина, стануваат храна на нескротливите ѕверови. Но, можеби е поправилно да се рече дека тие заради својот стомак – кој е нивни бог[6], во двобој го погубуваат сопствениот живот. Затоа, бегај од коњските трки и од примамливите забави што ја убиваат душата, бидејќи се сите тие гордост ѓаволска.

7.Но, чуј го и ова: дека сè што се принесува за време на идолските празнувања – било месо или леб, или што било слично, се осквернува преку повикувањето на нечистите демони и се вбројува во гордост ѓаволска. Како што лебот и виното во Евхаристијата, пред светото повикување (=епиклеза) на поклонуваната Троица, како обичен леб и вино, а по извршеното повикување лебот станува тело Христово, а виното крв Христова, така и тие (т.е. лебот, виното, месото…), бидејќи се според својата природа прости, од гордоста сатанска се осквернуваат преку повикувањето на демоните.

8.А по сево ова ќе речеш: и од сето твое служење. Служење на ѓаволот е молитвата што се извршува по капалиштата и сето она што се прави за чествување на бездушните идоли. Потоа: палење свеќи или кадење при изворите и при реките – како што некои опрелестени од сновиденијата или од демоните одеа при такви водишта, во очекување дека ќе бидат излечени од телесни болки; и сето друго од ваков вид. Не навлегувај во ова! Гледањето според птиците, баењето, претскажувањето, приврзоците што се носат на гуша против уроци, или пишувањето ливчиња, волшебништвото и некои зли итрини, и други непотребности слични на овие, се служење на ѓаволот. Бегај од сево ова! А, ако навлезеш во нив – откако си го отфрлил сатаната и си Го примил Христа, дури тогаш ќе ја почувствуваш вистинската жестина на мачителот, кој порано се однесувал кон тебе како кон свој близок – ставајќи те само во тешко ропство. Но, тој е сега жестоко огорчен на тебе. Ете, така и Христа ќе Го изгубиш, и од сатаната голема злоба врз себе ќе почувствуваш. Си ја слушнал ли древната приказна за Лот и за неговите ќерки?[7] Не се спасил ли тој со своите ќерки, искачувајќи се на гората, а жената негова не се претвори ли во солен столб – за да остане вечен споменик на лошата желба и на погледот фрлен наназад?[8] Внимавај на себеси[9] и не врти се наназад, ако веќе „си ја ставил раката своја на ралото“[10]. Не гледај веќе наназад, на тој солен начин на животно дејствување, туку бегај во гората[11] кон Исус Христос, кон оној „камен што го разби идолот“[12] и ја исполни вселената.

9.Кога се одрекуваш од сатаната, целосно пропаѓа секаков сојуз со него и древниот договор со пеколот[13]. Тогаш ти се отвора рајот Божји, кој е насаден на Исток[14], од кој поради престапот бил избркан нашиот праотец[15]. Ете, тоа го означува твоето вртење од Запад кон Исток. Во тој миг ти е заповедано да речеш: Верувам во Отецот, и во Синот, и во Светиот Дух, и во крштение за оставање на гревовите. За овие нешта, според благодатта Божа, опширно ти беше речено во претходните поуки.

10.И така, од посочениве слова заклучивме дека треба да бидеш буден. Зашто, „нашиот противник ѓаволот“, како што неодамна беше читано, „обиколува како лав што рика и бара некого да го проголта“[16]. Точно така, и во претходните времиња „смртта сè голатала“[17], но при светата бања на новото битие (=пакибитие) ги избришал „Бог солзите од сите лица“[18]. Зашто ти веќе нема да плачеш соблекувајќи го стариот човек, туку ќе се радуваш[19], облекувајќи се во ризата на спасението, во Исуса Христа[20].

11.Сево ова се случуваше со вас во предворјето на црквата. А кога по Божјата волја, преку тајноводствата што следуваат, ќе навлеземе во светињата на светињите, тогаш ќе го познаеме начинот на нештата што се случуваат таму. На Бога Отецот слава, власт и величие, заедно со Синот и со Светиот Дух во сите векови. Амин.

[1]2Мојс 12,22. 28

[2]2Мојс 14,22. 30

[3]1Птр 1,19

[4]Евр 2,15

[5]Пс 118,37

[6]Филип 3,19

[7]1Мојс 19,15. 30

[8]1Мојс 19,26

[9]5Мојс 4,23

[10]Лк 9,62

[11]1Мојс 19,17

[12]Дан 2,35. 45

[13]Ис 28,15

[14]1Мој 2,8

[15]1Мојс 3,23

[16]1Птр 5,8

[17]Ис 25,8

[18]Ис 25,8

[19]Ис 61,10

[20]Рим 13,14

свети Кирил Ерусалимски

Извор: Пелагонитиса бр. 7/8

<fb:like href="http://mistagogia.mk/prva-tajnovodstvena-mistagoska-pouka-sveti-kiril-erusalimski/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Како да се изучуваат зборовите на светите отци
Царството Божјо не е Талмуд, ниту, пак, механичка збирка на библиски или светоотечки цитати надвор од нашето битисување и нашите животи. Царството Божјо е внатре во нас, како динамичен квасец што темелно го променува целиот живот на човекот, неговиот дух и неговото тело. Она што се бара во изучувањето на светите отци, за да се остане верен на отечкиот дух на слободата и достоен за нивното духовно благородие и свежина, е да се пристапи на нивните свети текстови со стравот со кој им пристапуваме и ги почитуваме нивните свети мошти и свети икони. Ова литургиско почитување наскоро ќе ни открие дека овде се наоѓа уште една неискажлива благодат. Целата атмосфера е поинаква. Постојат одредени пасуси во светоотечките текстови од животно значење, за кои чувствуваме дека бараат од нас и вршат во нас една необична промена. Нив мора да ги направиме дел од нашето битие и нашите животи, како вистини и како гледишта, за да се закваси сè.

И во исто време мораме да се вложиме целосно во изучувањето на отците, пополека и без брзање. Овој брак, ова крштение во патристичката студија ни го дава она што ни е потребно, не додатен товар од светоотечки цитати и меморирање на туѓи мислења, туку стекнување на ново јасно чувство кое го оспособува човекот да ги гледа нештата поинакво и правилно. Ако се ограничиме на учење на пасуси напамет и на нивно механичко класифицирање – и така ги учиме луѓето – тогаш паѓаме во основна грешка која едноставно прави да бидеме неуспешни во поучувањето и запознавањето со светоотечкиот начин на живот и философија. Главна карактеристика на светоотечкото творение е тоа, дека тоа е зачнато и живее, дека е формирано и дека расте, како резултат на благодатта и силата на слободата на Духот.

Она што отците го бараат и го даваат е промената што доаѓа од Духот. Ако сакаме да им пристапиме надвор од оваа реалност, тие за нас ќе останат неразбирливи како писатели и презрени како личности.

Предавањето на патристичкиот збор, зборот на светите отци, не е во приложувањето на нивните изреки кон една или друга тема со помош на усогласување. Тоа е процес во кој храната се зема од страна на живите организми, се преработува од нив и се претвора во крв, живот и сила. И, следствено, тоа значи преминување во радост и објавување на чудото со самиот факт на битието приведено во живот, опит спознаен на начин кој ги предизвикува сомнежот и испитувањето. На тој начин, живиот светоотечки збор не се соопштува механички, ниту се зачувува археолошки, ниту, пак, му се пристапува преку екскурзии низ историјата. Тој се предава целосно, полн со живот, преминувајќи од род во род преку живите организми, променувајќи ги, создавајќи „отци“ кои го прават него нивен личен збор, нова своина, чудо, богатство коешто расте со самото негово дарување. Ова е непроменливата промена обликувана од силата која го менува распадливото во нераспадливо. Тоа е вечното неподвижно движење на зборот Божји и на неговата вечно-жива непроменливост. Секој ден зборот изгледа поинаков и нов, а е истиот. Ова е тајната на животот што длабоко навлегол во нашата мртва природа и ја воскреснува неа однатре, кршејќи ги портите на адот.

Предавањето на отечките зборови на други значи дека јас самиот живеам; дека сум променет од нив. И дека мојот метаболизам има сила да ги промени, та да можат да бидат јадени и пиени од личноста на која ѝ ги нудам. Оваа промена на зборот внатре во човекот, и промената во него која е резултат на тоа, ја зачувува непроменета тајната на личносниот и неповторлив живот, којшто „светоотечки“ е соопштен и даден. Тоа е како храната што мајката ја јаде: таа ја храни неа и ја одржува во живот, и во исто време во неа станува мајчино млеко, животен напиток за стомакот на нејзиното бебе. Колку е прекрасно човекот да стане теологија. Тогаш, што и да прави, и пред сè што прави спонтано, бидејќи вистинито е само она што е спонтано, тој сведочи и зборува за фактот дека Синот и Словото Божјо се воплоти, дека се вочовечи преку Светиот Дух и Секогашдева Марија. Ова молкум говори за неискажливите таинства кои се открија во последните времиња.

архимандрит Василиј (Гондикакис) Ставроникитски

Г.Г.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/kako-da-se-izucuvaat-zborovite-na-svetite-otci/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>