Мистагогија » Катихизис

Отец Александар Мењ: Кредо
Барате да го изложам моето кредо. Иако кредото на секој христијанин и, се разбира, свештеник, веќе е изразено во Символот на верата. Вашето прашање е сосема во ред. Христијанството е неисцрпливо. Уште во апостолско време, среќаваме цел ред на видови христијанство, кои се дополнуваат еден со друг. И така, ако се изразиме накратко, за мене верата што ја исповедам, е христијанството како динамичка сила, која ги опфаќа сите аспекти на животот, отворена кон сè што Бог создал во природата и човекот. Јас не го восприемам него само како религија што постоела во текот на минатите дваесет векови, туку како Пат кон иднината.

Фокусот на својата вера, тоа го има во Христа, преку Него измерува и вреднува сè (Откр 1,8).

Тоа знае дека доаѓањето на Богочовекот на земјата не бил едностран божествен акт, туку и повик кон човекот да одговори на Божјата љубов (Откр 3,20).

Тоа го препознава присуството и дејствието на Христа во Црквата, а исто така и во животот воопшто, дури и во неговите наједноставни, секојдневни пројави (види ги Господовите параболи, поконкретно Мат 6,28-29).

Знае дека достоинството на личноста, вредноста на животот и творештвото се оправдуваат со фактот дека човекот е создание Божјо (Пс 8).

Во верата не гледа теоретско убедување, туку доверба кон Бога (Рим 4,3).

Не бара сетилни знаци (Мк 8,11-12), имајќи предвид дека созданието е чудо (Пс 18,2).

Тоа го слуша Словото Божјо, кое е запечатено во Светото писмо, но се пази буквално да го толкува секој стих во Библијата, особено Стариот завет (Рим 7,6).

Верува дека едниот и ист Бог се откривал во двата Завета, но се откривал постепено, во соодветност со нивото на човечкото сознание (Евр 1,1).

Ја разликува границата што го одделува Преданието (духот на верата и учењето) од „преданијата“, меѓу кои има многу фолклорни и минливи слоеви на религиозен живот (Мк 7,8; Кол 2,8).

Верува дека Црквата живее и возрастува преку силата Христова (Мт 16,18; 18,20).

Верува дека Христос Се открива Себеси во Светите Тајни на Црквата, во нејзиното осветување на светот, во нејзиното учителство и во делата на служењето (1Кор 11,26; Мт 18,20, 19-20; Рим 6,11; Мт 18,18; Лк 10,16), но знае дека ниту една од овие страни на црковниот живот не е самодоволна, зашто Христос дојде и како Спасител, и како Исцелител, и како Наставник.

Ги почитува обредните форми на побожноста, ниту за миг не заборавајќи дека тие се вторични во споредба со љубовта кон Бога и луѓето (Мт 23,23-24; Мк 12,28-31).

Верува во значењето на ерархискиот и канонскиот принцип во Црквата, гледајќи во нив својство на структура на активен организам, кој има практичен призив на земјата (1Кор 11,27-30).

Знае дека богослужбените и канонски устави се менувале во текот на вековите и во иднина не би можеле (и не смеат) да станат апсолутно неизменливи (Јн 3,8; 2Кор 3,6,17). Ова се однесува и на богословското толкување на вистините на верата, кое имало долга историја, фази на разоткривање и задлабочување (така Отците на Црквата и Соборите воведувале во употреба нови поими што ги нема во Писмото).

Тоа не се плаши критички да гледа на минатото на Црквата, следејќи го примерот на учителите на Стариот завет и Светите Отци.

Ги оценува сите нечовечни екцеси на христијанското минато (и сегашност): казните на еретиците и сл., како предавство на евангелскиот дух и фактичко отпадништво од Црквата (Лк 9,51-55).

Знае дека противниците на Христа (беззакониот управител, властољубивиот архиереј, фанатичниот приврзаник на минатото) не припаѓаат само на евангелската епоха, туку се појавуваат во секое време, под разни облици (Мт 16,6).

Се пази од авторитаризмот и патернализмот, кои не се коренат во духот на верата, туку во цртите својствени на човечката падната природа (Мт 20,25-27; 23,8-12).

Ја исповеда слободата како една од најважните закони на духот, притоа гледајќи на гревот како на форма на ропство (2Кор 3,17; Јн 8,32; Рим 6,17).

Тоа верува во возможноста човекот да Го стекне Духот Божји, но за да го разликува тоа стекнување од болната егзалтација („прелест“), суди според „плодовите на духот“ (Гал 5,22).

Како и апостолот Павле, на човечкото тело гледа како на Храм Божји (1Кор 6,19), иако е несовршен по силата на паднатата состојба на природата: ја признава неопходноста за грижа за него (1Тим 5,23), ако тоа не преминува во „култ на плотта“.

Во соодветност со соборските решенија, на бракот и монаштвото гледа како на „рамночесни“, освен ако монаштвото не се прима под влијание на честољубие и други гревовни мотиви.

Одбива да го објасни злото во човекот единствено со неговото несовршенство или со „остатоци од животинската природа“, туку верува во реалноста на метафизичкото зло (Јн 8,44).

Поделбата на христијаните ја доживува како општ грев и нарушување на волјата Христова (Јн 10,16), верувајќи дека во иднина тој грев ќе се надмине, но не по патот на превознесувањата, гордоста, самодоволството и омразата, туку во духот на братската љубов, без која призивот на христијаните не може да биде остварен (Мт 5,23-24).

Отворено е кон сè што има вредност, што се содржи во христијанските исповедања и нехристијанските верувања (Јн 3,8; 4,23-24).

Не го отфрла доброто, макар тоа да произлегува од нерелигиозни луѓе, но ги отфрла насилството, диктатурата, омразата, макар и да се прикриени со името Христово (Мт 7,21; Мк 9,40; Мт 21,28-31).

Сето она што е прекрасно, креативно и добро го гледа како Божја своина, како таинствено дејствие на благодатта Христова.

Смета дека заразеноста на некоја сфера со грев, не може да служи како повод за нејзино отфрлање. Напротив, борбата за утврдување на Царството Божјо треба да се води во средоточието на животот.

Тоа е „аскетично“ не толку со тенденцијата да се избега од светот, колку со духот на самоодрекувањето, со борбата со „ропството на плотта“, со признавањето на господарењето на вечните вредности (Мт 16,24).

Гледа можност за реализирање на христијанскиот призив на човекот во сè: во молитвата, трудот, изградувањето, активното служење и моралната дисциплина.

Верува во светоста на човечката љубов, ако таа е соединета со одговорност. Верува во светоста на семејството и бракот (1Мојс 2,18,23-24; Мт 19,5).

За природна и оправдана ја смета љубовта кон татковината и националната култура, имајќи на ум дека духовното е повозвишено од националното (Евр 13,14; Гал 3,28; Кол 3,11).

Ги вреднува националните облици на црквите како конкретни индивидуални воплотувања на човечкиот дух и богочовечката тајна. Сепак, тоа не го засенува вселенскиот карактер на Црквата.

Многувековното културно творештво на Црквата не го гледа како грешка, туку како реализација на Божјите дарови.

Разумот и науката не ги смета за непријатели на верата. Знаењето просветено со духот на верата ја задлобочува нашата претстава за величието на Творецот (Пс 103,3; Цар 4,33; Пс 88,6).

Го отфрла обидот во Светото писмо и кај Светите Отци да се најдат природно-научни сведоштва, пригодни за сите времиња.

Научното истражување на Библијата и црковната историја го гледа како важно средство за разјаснување на смислата на Откровението и реалните околности на светата историја.

Отворено е кон сите проблеми на светот, сметајќи дека секој од нив може да биде оценет и осмислен во светлината на верата.

Заедно со апостолите тврди дека сведоштвото на верата во светот, пред сè, е сведоштво на служење и дејствена љубов (1Кор 13).

На општествениот живот гледа како на една од сферите за применување на евангелските принципи.

Го признава граѓанскиот долг на човекот (Рим 13,1), бидејќи тој не противречи на барањата на верата (Дела 4,19).

Ниеден систем на владеење не го објавува како специфично христијански. Вредноста на системот се мери со она што тој му дава на човекот: целисходност и хуманост.

Одделеноста на Црквата од државата ја смета за оптимална ситуација за верата и во самата идеја на „државна религија“ воочува опасност.

Во историјата верува како во воведен процес, кој преку искушенија, катастрофи и борби восходи кон идното надисториско Царство Божјо.

Воздржано се однесува кон концептот на „неуспешна историја“, т.е. кон убедувањето дека правдата Божја на земјата претрпела целосен пораз (против тоа говори Откр 20,1-6).

Верува дека, кога и да настапи последниот Суд на светот, човекот е повикан да се труди за доброто на другите, создавајќи царство на добро, Град Божји.

Верува дека Судот веќе започнал од моментот кога Христос излегол на проповед (Јн 3,19; 12,31).

На задгробната состојба на човечката душа гледа како на нешто привремено и несовршено, кое во иднина ќе се исполни со сеопштото воскресение и преображение (Дан 7,13; Јн 5,28; Рим 8,11; Откр 20,11-15).

Знае дека Царството Божјо, коешто доаѓа, уште денес може да се зацари „внатре во нас“ (Мк 17,21; 9,27).

Мислам дека во ова нема да најдете ништо ново, туку едно од прекршувањата (рефракциите) на првичното христијанство, коешто е древно а, според зборовите на Златоуст, „секогаш младо“.

Отец Александар Мењ

Извор: krotov.info

Подготвил: презвитер Георгиј Глигоров

<fb:like href="http://mistagogia.mk/aleksandar-menj-kredo/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Библијата – приватна книга на Црквата
За верните, Библијата е Слово Божјо. Таа не Куран, издиктиран од Бога текст, а запишан од луѓе. Во Светото писмо се опишува Откровението дадено во историјата, и при пишувањето на свештените текстови под Божествена инспирација, кај писателите целосно учествувало и човечкото: оттука различни стилови, нагласоци во богословието, антропоморфизми по однос на Бога, научни сознанија од времето на писателите и сл. Во таа смисла, Библијата е богочовечки производ, во која се опишува историјата на спасението, којашто и самата има богочовечки карактер.

Светото писмо единствено вистински се разбира во светлината на Светото предание, во чијшто контекст и самото настанало. Светото писмо не може да се разбере изолирано од Црквата. Новозаветната Христова Црква е природно продолжение на старозаветната Црква. Откровението во историјата е дадено на Црквата и таа запишала дел од него: така практично се појавува Светото писмо. Во таа смисла, Светото писмо, Библијата, е книга на Црквата: таа е напишана од неа и само во неа правилно се разбира. Затоа протестантскиот принцип Sola Scriptura (само Писмото), според кој Библијата е доволна сама по себе, е неприфатлив за Православната црква, затоа што на овој начин Светото писмо се отсекува од Црквата како од негов светотаински извор. На пример, самиот текст на Новиот завет не ја содржи полнотата на Преданието: св. Василиј Велики зборува за крсното знамение, за обраќањето кон исток и за стоењето во недела како за апостолска традиција, а тоа е нешто што го нема во новозаветните книги.

Значи, Библијата е приватна книга на Црквата и само Црквата го има клучот за нејзино правилно разбирање.

Во отечката литература постои еден расказ, кој приближно звучи вака: еден старец бил прашан, што ќе се случи доколку сите книги на Библијата во еден момент исчезнат. Старецот одговорил: Ништо, ќе напишеме други. Поентата е дека Црквата не се темели на Библијата, туку самото Писмо е израз на Преданието=Откровението што го поседува Црквата. Преданието на Црквата треба поинаку да се сфаќа од обичната човечка традиција. Преданието е животот на Светиот Дух во Црквата. Ако се изгубат сите книги, ќе напишеме нови, затоа што Писмото, каноните, житијата на светиите и сè друго произлегува од живиот живот присутен во Црквата.

Г.Г.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/biblijata-privatna-kniga-na-crkvata/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Библијата
Библијата се нарекува запишано Слово Божјо. Ова не значи дека Библијата паднала од небото како готов производ. Ниту, пак, значи дека Бог ја диктирал Библијата збор по збор на луѓе што биле само Негови пасивни инструменти. Тоа значи дека Бог Се открил Самиот Себеси како вистински и жив Бог на Својот народ, при што еден аспект од Неговото Божествено Самооткривање е вдахновувањето на Неговиот народ да создаде свети списи што го содржат вистинскиот и автентичен израз на Неговата Вистина и Неговата волја за Неговиот народ и за целиот свет.

Зборовите на Библијата се човечки зборови, бидејќи во суштина сите зборови се човечки. Тоа се човечки зборови што Бог ги вдахновил да бидат напишани, за да останат како писмено сведоштво за Него Самиот. Како човечки зборови, зборовите на Библијата ги имаат сите обележја на луѓето што ги напишале нив, како и на времето и културата во којашто биле напишани. Сепак, и покрај целосниот интегритет на нивната човечка состојба и форма, зборовите на Библијата се навистина Самото Слово Божјо.

Библијата навистина е Слово Божјо во човечка форма, зашто нејзиното потекло не е во човекот, туку во Бога, Кој го благоволил и инспирирал нејзиното создавање. Во таа смисла, Библијата не е како и секоја друга книга. Во Библијата, во и низ човечките зборови, секој го пронаоѓа Самооткривањето на Бога и може да дојде до вистинското и правилно познание на Него и Неговата волја, како и на смислата на човекот и светот. Во и низ Библијата, човечките личности можат да стапат во општење со Бога:

Целото писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност, за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело (1Тим 3,16-17).

Православната црква верува дека Библијата, како боговдахновено Слово Божјо во човечки зборови, не содржи формални грешки или внатрешни контрадикции кога станува збор за односот меѓу Бог и светот. Сепак, во Библијата може да има случајни грешки од несуштински карактер. Но, вечната духовна и доктринална порака Божја, претставена во Библијата на повеќе различни начини, останува совршено конзистентна, автентична и вистинска.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/biblijata/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Богородичните празници
Празничниот циклус, посветен на споменот на Пресвета Дева Марија, се состои од следните главни празници: Раѓање на Пресвета Богородица (8/21 септември), Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста (21 ноември/04 декември), Благовештение (25 март/07 април), Сретение или воведување на нашиот Господ во Храмот (02/15 февруари), Успение, т.е. Заспивање, смртта на Пресветата (15/28 август).

Овие празници нè потсетуваат на различни моменти од животот на Богородица, но не претставуваат празни спомени. Имено, тие нам ни откриваат каков е човечкиот живот во неговото совршенство, зашто Дева Марија за нас е – Мајка Божја и, оттаму, најдобар врвен и совршен плод на човечкиот род. Во неа ние го препознаваме она што Бог од човекот го сакал кога го создал. Гледајќи ја нејзината чистота, нејзината љубов кон Бога, нејзиното совршенство, ние сфаќаме дека сите наши мисли од типот – „јас сум добар“, „јас сум лош“, „јас сум полош“, „јас сум подобар“, се лишени од секаква смисла. Кога мислиме на нејзината небеска љубов и на сиот нејзин живот, стануваме свесни дека токму таквиот живот е вистински човечки живот, и така, увидуваме колку навистина сме далеку од него.

Затоa празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица претставува не само спомен (пот/сетување) на нејзиното раѓање, туку и откривање на вистинското значење на секое доаѓање на светот. Штом се родиме, ние веќе почнуваме да го исполнуваме своето човечко назначување (судбина). А тоа значи – во сопствената ситуација и само нам дадените услови – да го исполнуваме она што беше го исполнила Пресветата Богомајка. А што е тоа што таа го исполнила? Пред сè, таа била воведена во Храмот, а истото тоа ни се случува и нам: и нас, исто така, нè воведуваат во храмот со Крштението и Миропомазанието. Тоаз начи дека на некој начин се издвојуваме од светот и дека стапуваме во вистинскиот живот во Бога, дека нашиот живот се посветува и предава на Бога. Воведувањето на Пресвета Дева е празник, благодарение на кој ние можеме да разбереме што требало да значи нашето посветување на Бога.

Потоа доаѓа празникот Благовештение: спомен, (пот)сетување на единственото благовештение (јавување на добрата вест) на Богородица. Тоа истовремено е и благовестување на секој од нас што ние треба да правиме во овој свет. Зашто, сите ние имаме некое призвание, кое не е просто тоа да „успееме“ во животот, туку токму да ја исполнуваме Волјата Божја, единствениот Божји „план“ со секој од нас поединечно. На оваа благовест Богородица одговорила – „да“. И тоа нејзино – „да“ го прави можно и нашето „да“ на Бога, зашто токму тоа го овозможило Христовото доаѓање при нас. Во Пресветата Дева и Богомајка не само што се открила радоста на послушноста на Божјата волја („нека биде волјата Твоја“), туку навистина и ни се дарувала.

Следи празникот Сретение, на кој Пресветата го принесува своето Дете на Бога. Овој празник нема значење само за мајките, туку и за сите нас луѓето редум. Затоа што вистинската смисла на нашиот живот, и на сè, е во тоа и животот и сè друго свое да принесуваме на Бога. Понекогаш, говорејќи за нешто што го сакаме или се грижиме, ние велиме: „Тоа е мое чедо!“. Но, без оглед на тоа што е тоа наше „чедо“, ние мораме да го принесеме на Бога. Вистинскиот човечки живот почнува со поимањето дека сè Му припаѓа на Бога и дека нема поголема радост од принесувањето на Бога она што на Бога Му припаѓа. Ние на Литургијата велиме: „Твое од Твоите, Tебе принесувајќи Ти…“. Зашто, дури кога во радост, благодарење и љубов сме го принеле на Бога, сè и ја стекнува својата вистинска смисла, и ние дури тогаш навистина го поседуваме истото.

Конечно, последниот празник на овој циклус е Успение, празник на „заспивањето или смртта“ на Пресветата Богомајка.

Летото е на истек, плодовите и цветовите се прекрасни, лисјето почнува да златее и црвенее, сепак сè уште полно со живот. Природата се исполнила себеси, и се чини дека сè го достигнало своето совршенство. И, насред тој прекрасен свет, ние радосно го прославуваме упокоението на Богородица и тврдиме дека Пресветата не била напуштена во смрттта. Зашто, нејзината љубов била така голема, така голема била и силата на светлоста која во себе ја имала и силата на нејзиниот живот со Бога, што Христос ја оттргнал од смртта. И со тоа, токму со нејзиното вознесение, започнало и воскресението на сите нас. Овој празник ни ја открива Богородица како прв плод на Христовото Воскресение. Но она што нејзе ѝ се случило, ни се случува и нам, нејзиниот пат е и наш пат. Согледувањето на сите овие Богородични празници е согледување на сиот живот низ Неа како совршено човечко битие.

Истото важи за согледувањето на спомен – прославувањето и на секој ден во црковната година, посветен секогаш на некој од Светите, на пример, на Јован Претеча, на Апостолите, Преподобните…, за спомен на секој светител и сите нив заедно. Така ние живееме не само во времето за коешто читаме во новините – во времето на политичките настани, малите и преодни радости, страдања и трагедии, туку и во времето во кое, поколение по поколение ги израснувало оние кои ние ги нарекуваме Светии.  Тие се живи, тие се со нас, и во секоја Божествена Литургија ние сите ги споменуваме. Ова живо присуство на Христа, и околу Него, на Богородица, Светиот Јован Претеча и на сите Светии – ова чудесно единство на сите кои постојат во Христа – е темелно искуство на Црквата. Сега гледаме дека литургискиот годишен циклус не е само низа денови од кои некои треба да бидат верски прославени, додека некои се „профани“. Тој циклус е, пред сè, вкусување и искуство „на новото време“, наше усвојување (примање) на божествениот дар. Бог ни ги подарил сите овие празници и, со секој од нив посебно, – чудесниот дар на Својата Радост.

протоереј Александар Шмеман

Извадок од книгата: Литургија и живот [превод: протоѓакон Славе Пројковски], Скопје 1994.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/bogorodicni-praznici/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

За разликата меѓу еврејската и христијанската Библија
И денес Евреите за своја света книга го имаат само Стариот завет, бидејќи тие Христос не Го препознале и прифатиле како очекуваниот Месија. Постои разлика меѓу нивната Библија и нашиот Стар завет, како по бројот, така и по редоследот на книгите во библискиот список. Нивното Свето писмо, тие го нарекуваат ТаНаК (акроним од почетните букви на трите групи книги: Тора, Невиим и Кетувим). Тора (Закон, Учење) се првите пет книги припишани на Мојсеј. Невиим (Пророците) се делат на две подгрупи: рани пророци (Исус Навин, Судии, 1 и 2 Самуилова, 1 и 2 Цареви) и доцни пророци (Исаија, Еремија, Езекил и 12 мали пророци). Кетувим (Писанија): Псалми, Јов, Изреки, Песна над песните, Рут, Плач Еремиин, Проповедник, Естира, Даниил, Ездра, 1 и 2 Летописи. Станува збор за 39 книги (22 според нивното сметање).

Христијанскиот список на Стариот завет е поинаков и тука имаме четири групи поделени според содржината, т.е. видот на книгите. Законски (Петокнижието Мојсеево=Тора), Историски (Исус Навин, Судии итн.), Поучни (Псалми, Изреки итн.) и Пророчки (пророчките книги). На сличен начин се дели и Новиот завет: Законски (Евангелијата), Историски (Дела), Поучни (Посланијата) и Пророчки (Откровението на Јован).

Постојат разлики во библискиот канон (список на прифатени книги како свети) кај различните христијански деноминации: меѓу православните, римокатолиците и протестантите, па и меѓу некои православни Цркви. Тоа важи, пред сè, за Стариот завет, додека Новиот завет со 27 книги е прифатен од сите христијани. Кај протестантите Стариот завет е ист како кај Евреите: 39 книги, иако поредокот е различен. Но, кај православните и римокатолиците списокот е подолг и има повеќе книги. Како се појавила таа разлика?

Уште во времето пред Христа, 3 век, за потребите на египетските Евреи во Александрија почнале да се преведуваат светите книги на грчки јазик. Значи самите Евреи уште пред Христа си ги превеле светите книги на грчки јазик и тој превод се нарекува Септуагината (превод на Седумдесетмината). Во времето на Христа, јудаизмот веќе бил доволно елинизиран, особено меѓу Евреите во дијаспората, тие го користеле Стариот завет на грчки јазик, а подоцна Септуагинтата природно и ќе стане христијанска Библија. Треба да се напомене, дека во тоа време Евреите ги имале одредено само првите две групи од нивната Библија (Тора и Невиим), додека третиот оддел Кетувим сè уште не бил дефиниран. Тоа се случува дури по Христа. Кога Евреите конечно го определуваат својот библиски канон, тие отфрлиле некои книги, можеби, како реакција на нивната употреба од страна на Христијанството, кое врз нив ги засновало своите учења. И така се појавила разлика во бројот на книги на Стариот завет меѓу Евреите и христијаните која постои до денес. Протестантите подоцна го преземаат еврејскиот список на старозаветни книги, кој, да повториме, бил конечно дефиниран во периодот по Христа.

Околу различниот поредок, треба да се напомене дека Библијата е составена од многу книги, а порано секоја книга постоела одделно физички и повеќето книги различно биле подредувани.

Нашата македонска Библија ја сочинуваат 77 книги: 50 – Стариот, 27 – Новиот завет. Ако го споредиме Стариот завет со еврејската или протестантската Библија, ќе видиме дека нашата има 11 книги повеќе, бидејќи тие се прифатени, во основа, преку Септуагинтата: Товит, Јудита, 2 и 3 Ездра, 1,2 и 3 Макавејски, Послание на Еремија, Варух, Сирах и Мудрост Соломонова. Разликата меѓу нашиот библиски канон и оној на Римокатоличката црква е во 3 книги што ги нема во римокатоличкиот список: 2 и 3 Ездра и 3 Макавејска.

Г.Г.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/za-razlikata-megju-evrejskata-i-hristijanskata-biblija/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Вознесение Христово (Спасовден)
По 40 дена од Своето Воскресение, Христос ќе се вознесе на небото, и со тој настан се запечатува целото Негово спасително дело. За овој настан, од евангелистите накратко споменува Марко (16,19-20), а најмногу Лука (Лк 24,50-53 и Дела 1,1-11). Исто како и страдањето и воскресението, Христос претходно го најавил и Своето вознесение: Ова ли ве соблазнува? А, ако Го видите Синот Човечки да се искачува таму каде што беше претходно? (Јн 6,62). Христос како Бог секогаш е со Отецот и Светиот Дух: под слегување, се подразбира Неговото Воплотување (кенозис), а под искачување, вознесувањето на Неговата човечка природа (обожението).

Во периодот на 40-те дена, меѓу Воскресението и Вознесението, Христос им се јавувал на учениците и им ги откривал тајните на Царството Божјо. Господ им заповедал да не излегуваат од Ерусалим, додека не им го исполни ветувањето, дека ќе им испрати друг Утешител, односно додека не слегне Светиот Дух врз нив и ги облече со сила одозгора, по што би можеле да го проповедаат Евангелието по целиот свет. Тоа и ќе се случи по 10 дена, за време на старозаветниот празник Педесетница.

Зошто токму 40 дена требало да поминат до Вознесението? Бројот 40 имал големо значење воопшто на древниот Блиски Исток, а особено тој број има големо значење во Библијата: претставува символ на завршено дело, генерација и исполнување. Св. Никодим Светогорец вели дека Христос, според Својата човечка природа, примил три раѓања (1.Воплотувањето од Дева, 2.Крштението од Јован и 3.Воскресението), и во трите раѓања е наречен – првороден (1.од многуте браќа по тело, 2.во новото создание, 3.од мртвите). 40 дена по секое од овие раѓања, се случува нешто многу важно (1.Сретението, 2.победата над искушенијата од ѓаволот, 3.Вознесението).

Во овие 40 дена по Воскресението, тој ги поучувал учениците на тајната на Царството Божјо, коешто веќе е тука, а тоа е Црквата. Неслучајно Црквата порано вршела масовно Крштение на катихумените токму на Велика Сабота (т.е. Велигден), со што тие на мистичен начин учествувале во Страданието и Воскресението Христово. За време на периодот по Велигден, тие поминувале едно особено поучување, т.н. мистагогија (воведување во тајната), кога паралелно учествувале во светите тајни и сето тоа им било објаснувано, т.е. им се разоткривала тајната на Црквата. Затоа што порано, како некрстени, тие не можеле да ги знаат овие нешта, ниту да учествуват во благодатниот живот на Црквата. Гледаме како праксата на раната Црква, го продолжува она што се опишува во Новиот завет. На некој начин, сите ние ги поминуваме сите фази што ги поминале и апостолите. Во денешно време оваа пракса на мистагогија не постои, но некаде веќе започнуваат да ја обновуваат затоа што таа е суштинска за духовниот живот. Кај нас, како традиционално православно општество, таа не постои и тука се соочуваме со еден голем проблем: луѓето не знаат зошто се православни, едноставно го прифаќаат тоа како обичај, бидејќи се родиле тука, како некаква идентификација. Но, верата не е само некаков фолклорен декор, туку таа е осмислување на целиот човеков живот и тука познавањето на верата е суштинско за вечното спасение.

Господовите настани не се изолирани еден од друг, ниту се различни по вредност. Така и Господовите празници се спасителни настани на Божествениот Домострој, бидејќи преку нив се изврши и устрои спасението на човештвото. Христос се вочовечи, поучуваше, пострада, воскресна и се вознесе. Тука постои едно чудесно единство. Кој празник е најголем во таа смисла? Ако Христос не се воплотеше (Божик), немаше да се случат Воскресението и Вознесението. Ако не воскреснеше, залудно ќе беше Воплотувањето. Па така, Вознесението е практично круната, венецот на сите празници (како што главата е украс на целото тело).

Значењето на Вознесението е во тоа што човечката природа, обожена со Воплотувањето, е прославена. Христос седнал од десната страна на Бога, а тоа е еден символичен израз; тука не станува збор за географски поим (место), туку за онтолошка состојба. Седењето оддесно, со јазикот на Библијата, значи да се разделува истата власт и достоинство со оној до кој седиш. Па така, човечката природа со Христа станува учесник во славата и вечноста на Божествениот живот. Се исполнува она, за што беше создаден човекот, а тоа е единството и заедницата со Бога. Кај некои отци постоело мислењето, дека и да не паднел човекот, Бог сепак ќе се воплотел. Затоа што, ако целта на создавањето на човекот била единството со Бога, тоа единствено можело да се изврши преку соединувањето на Божествената несоздадена личност со создадената природа, односно со Воплотувањето на Бога. Преку Христа, човекот е соединет со Бога, но за човекот да учествува во обожената и соединета со Бога природа, треба да биде во единство со таа обожена во Христа природа, т.е. да стане член/орган на тоа Тело Христово, коешто е Црквата. Според древното учење, Бог стана човек, за човекот да стане Бог (по благодат).

Спасението на човечката природа во Христа е извршено, но од секој човек зависи дали ќе го прими тоа спасение, во зависност од слободната волја пројавена во подвигот во Црквата. Така, секој човек на еден личносен план треба да го помине она што Христос го поминал, т.е. да стане соучесник во Христовата тајна. Во животот на Црквата ние напредуваме во согласност со тие фази од Христовиот живот: прво се раѓаме во Христа, потоа страдаме со Него, го победуваме ѓаволот и воскреснуваме, и на крај можеме да го живееме и обожувањето. Токму празникот Вoзнесение, отците го поврзуваат со обожувањето на човекот.

Суштината и смислата на празникот Вознесение се многу големи и возвишени. Ако со Воскресението беше победена моќта на смртта и на ѓаволот, тогаш со Вознесението нашата природа се издигна на престолот Божји и ни се даде можноста да достигнеме и ние во доживувањето на Вознесението, што е обожувањето. Во тој контекст, св. Григориј Палама вели дека Воскресението е поврзано со сите луѓе, а Вознесението со светиите (спасените). Сите ќе воскреснат во последниот ден, но нема сите да се вознесат: А прво ќе воскреснат мртвите, потоа ние што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците за да се сретнеме со Господа во воздухот (1Сол 4,16-17).

Да ја продлабочиме смислата на Вознесението, набљудувајќи ја иконата на празникот.

Круговите во горниот дел го претставуваат Небото. Христос седи и благословува, а во другата рака држи свиток (Словото што го проповедал). Облеката на Христос е светла/златна (како и на иконите на Воскресението и Преображението), а тоа ја претставува Неговата преобразена и обожена човечка природа, која веќе не е подложна на физичките закони.

Облеката на двата ангела околу Него е како облеката на апостолите, а оние два ангела долу се со бела облека. Горните ангели се сведоци на Страдањето и тие покажуваат дека, иако Христос се вознесува на Небото, тој со себе ги носи и белезите на Распнувањето. Човечката природа, претставена со црвената облека на ангелите што Го носат Исуса – отсега е на Небото. Додека Божјата природа, претставена со белата облека на долните ангелие – отсега е на земјата. На тој начин, оваа икона го прикажува единството на несоздадената и создадената природа што се случило во Личноста на Христос.

Маслиновите дрвја како да ја делат иконата на два дела: Небо и земја. Долу е Мајката Божја со апостолите: таа претставена вака ја претставува Црквата. Околу неа има 12 апостоли (но нели Јуда во тоа време веќе се обесил, а Матиј како замена сè уште не бил избран). Тука е претставен Павле, ама знаеме дека тој дури подоцна станува апостол; тој не Го видел Христа за време на Неговиот живот. Зар не е историска грешка, би рекле. Но, станува збор за тоа дека иконата има есхатолошка смисла. Претставувањето на Павле покажува дека визијата на Црквата не е временска визија: заедницата во верата во Царството на Бога, благодарение на Светиот Дух, ги надминува границите на просторот и времето на овој свет. Евангелските настани со Христос имаат значење за секој член на Црквата, зашто ние всушност на еден мистичен начин сме учесници во сето она што Христос го извршил. Ние не си споменуваме едноставно за некои историски настани, туку ние учествуваме во тие настани.

Облеката на апостолите е зелена и црвена. Зелената боја е боја на надежта и на Светиот Дух. На иконата на Троица од преподобниот Андреј Рубљов, ангелот што Го претставува Светиот Дух е облечен во зелено. Црвената боја не е само символ на земјата и крвта, туку и на љубовта.

Иконата како да е поделена двојно. Еднаш со дрвјата, хоризонтално, а вторпат со Мајката Божја, вертикално, како да се прави крст. Небото и земјата се соединети преку Мајката Божја и Нејзиниот Син при што прават крст.

Но, не треба премногу да ја анализираме иконата, да не дојдеме во ситуација да мислиме дека таа само нешто симболично кажува и да заборавиме да ја почитуваме. Според православниот духовен опит, иконата ја претставува преобразената реалност, во која ние литургиски и мистично стануваме учесници.

Според евангелските сведоштва, Христос благословувал додека се вознесувал, кревајќи ги рацете. Можно е тој да благословувал, како што било обичај во Стариот завет од страна на свештениците, со изобразување на буквата шин (шалом – мир). „Колку чудно дејствие – вели св. Филарет Московски за ова. Господ благословува и сè уште не го завршува благословувањето, туку продолжува да благословува, вознесувајќи се притоа на небото. Што значи тоа? Тоа, дека Тој не сака да го прекрати Својот благослов, туку продолжува без крај да ја благословува Својата Црква и сите верни во Него. Да помислиме, браќа, дека и сега над нас се распространети Неговите раце и Неговото благословение. Каков срам и страв за оние што во светската суета Го забораваат Него. А каква ли радост за оние што Го љубат.“

Апостолите си заминале со радост, бидејќи со своите очи ја виделе славата на Својот Господ и Учител и го очекувале исполнувањето на Неговото ветување за Духот. Исто така, Христос им ветил (а тоа се однесува и нам): Ете, Јас Сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.

Г.Г.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/voznesenie-hristovo-spasovden/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

За Светото писмо (Библијата)
Во текот на целата историја, од создавањето на светот па сè до денес, Бог е во постојано општење со човекот. Според Неговата Промисла, Он на најразлични начини им се откривал на луѓето и ги соопштувал основните вистини за Себе, за светот и за човекот. Тоа се нарекува Божествено Откровение. Обично тоа Откровение го делат на природно и натприродно. Има вистини до кои човекот може да дојде со својот разум (преку философијата, науката: на пример, дека овој свет има почеток и свој Творец). Природата, созданието, како што вели св. Атанасиј Александриски, е книга што ја напишал Бог со Својата рака (сп. Пс 18,1: Небесата ја објавуваат славата Божја и за делата на Неговите раце известува сводот небески). Но, тоа знаење е ограничено, бидејќи човекот отпаднал од првичната благодатна состојба на Богоопштење. Затоа Бог на еден поинаков начин се откривал на светот преку особени луѓе, пророци, а на крајот и совршено се објавил преку Воплотувањето на Синот Божји, Господ Исус Христос. За разлика од првото, ова би го нарекле натприродно Откровение.

Првично, вистините на Откровението се пренесувале усно од поколение на поколение меѓу оние луѓе што биле носители на вистината за Едниот и Вистински Бог. Подоцна, од страна на боговдахновени луѓе еден дел од Откровението било запишано и така се појавува Светото писмо. Незапишаното Откровение се нарекува Свето предание, а запишаното Свето писмо. Значи, Светото писмо е само еден дел, еден аспект, од Откровението: И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание (1Сол 2,15).

Свето писмо на Стариот и Новиот завет – вака поопширно се именува Библијата во Православната црква. Библијата денес ние ја доживуваме како една книга, но всушност станува збор за многу книги, за една цела библиотека собрана на едно место. Зборот Библија од грчки се преведува како книги. Стариот завет се светите книги на еврејскиот народ, особено избран од Бога да биде восприемач на Откровението и носител на верата во ветениот Спасител. Новиот завет се запишаните сведоштва за веќе дојдениот Спасител во Личноста на Исус Христос. Стариот и Новиот завет претставуваат една целина, бидејќи централна Личност во нив е Едниот и Ист Господ Исус Христос, Кој е Алфа и Омега на Откровението. Како што вели блажени Августин: „Новиот завет се крие во Стариот, а Стариот завет се открива во Новиот“.

Од првите денови на постоењето на христијанската Црква, кога сè уште немало апостолски книги, Стариот завет навлегол во нејзиниот живот и таа природно го прифатила како свое наследство. Кога во Новиот завет првите христијани говорат за Писмата, тие мислат на Стариот завет (истото се мисли и во Символот на верата). Старозаветните псалми биле првите молитви на христијаните, а во пророштвата за нив се разоткривала искупителната тајна на Месијата. Подоцна, откако настанала новозаветната писменост, истата била придодадена кон Стариот завет и така се формирала едната христијанска Библија.

Како настанала Библијата?

Треба да разликуваме неколку фази: првата е времето на настаните што се опишуваат (Авраам – 1800, Мојсеј – 1250/1450 пр. Хр., Христос – 1 век) првобитно меморирани во усното предание, втора фаза е запишувањето на настаните, трета – нивното препознавање како свештени текстови.

Во Стариот завет, Мојсеј по Божјо вдахновение почнал да запишува дел од Откровението: Му рече Господ на Мојсеја: „запиши го тоа за помен во книгата и објасни му на Исуса да помни…“ (2Мојс 17,14). Земете ја оваа книга на Законот и ставете ја покрај ковчегот на заветот Господов, вашиот Бог, и таа ќе биде таму како сведоштво (5Мојс 31,26). Во Мојсеевите книги, освен Законот даден од Бога кај планината Синај, запишани се и усните преданија за патријарсите Авраам, Исак и Јаков, кои со векови биле чувани во еврејското предание. Самата збирка на книги, наречена Библија, започнува со описот на Создавањето на светот и човекот, гревопадот на првите луѓе, па продолжува со историјата на старозаветните патријарси и подоцнежната историја на еврејскиот народ, сè до периодот на доаѓањето на Месијата.

Во Личноста на Господ Исус Христос се исполнува сето она за што говорел Стариот завет. Првите христијани го наследиле старозаветното Писмо, но веќе тие го разбирале во неговата вистинска смисла. По Воскресението, Христос им рекол на апостолите: Ете, ова се зборовите што ги говорев уште додека бев со вас, зашто требаше да се исполни сè што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите“. Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата (Лк 24,44-45). И веќе со овој просветен ум, апостолите почнале да ги препознаваат пророштвата, укажувањата, праобразите од Стариот завет што претскажувале за Христос. И во прво време, апостолите својата проповед за Христа ја основале на Светото писмо: Истражете ги  Писмата… тие сведочат за Мене (Јн 5,39). Христос за време на Својот земен живот ништо не напишал, а апостолите немале намера да пишуваат Евангелија, зашто првите христијани очекувале дека Христос многу бргу ќе се врати. Евангелијата се појавуваат малку подоцна, кога се јавила вистинска потреба за тоа. Така настанува Новиот завет, во кој е опишан животот, учењето, смртта, Воскресението, Вознесението на Месијата, како и првите денови од историјата на Црквата.

Г.Г.

<fb:like href="http://mistagogia.mk/za-svetoto-pismo-biblijata/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

За православното богослужение (2)
Христијанството како свештен материјализам

Литургијата (и богослужението воопшто) не претставува само молитви, туку содржи и физички дејствија, обреди или чинови. Според христијанското учење, човекот не е само душа, туку и тело, така што материјалното само по себе е добро. Во таа смисла, православната Црква слободно ги употребува материјалните нешта во богослужението, не само конкретни елементи (леб, вино, масло, вода и сл.), туку и физички обреди, гестови… Некои противници на православната Црква или протестанти му забележуваат на Православието за неговата обредност, материјалност, потенцирајќи дека богослужението треба да биде, пред сè, духовно. Но, тоа веќе не би било Христијанство, туку гностицизам, дуализам, според кој материјалното е нешто лошо или непотребно. Човекот во Христа е спасен не само со душата, туку и со телото и, да напомнеме, новиот свет кој ќе следи по Општото Воскресение, всушност, е овој што го гледаме, но веќе обновен и преобразен. Во таа смисла, православната Црква го вклучува целиот човек во неговата полнота (со душа и тело, и преку молитви и преку обреди) во своето богослужение, коешто претставува опит на идниот свет.

Некои гестови на физичко богопочитување:

Коленичењето, кревањето на рацете, приклонувањето на главата, малите и големите поклони, целивањето итн. се религиски обичаи стари колку и самото човештво (универзални). Тие се прифатени и во христијанското богослужение, затоа што претставуваат природни и непосредни изрази на различни религиозни човечки состојби.

Стоењето е основна литургиска положба во православното богослужение. Старо предание, за кое сведочи и св. Василиј Велики, е дека во недела е забрането поклонувањето (доземи), затоа што неделата е денот на Воскресението (прв од седмицата, но и осми по однос на седумте пред него, т.е. претставува и символ на Царството Небесно). Преку Христа ние сме веќе во богосиновското достоинство и исправеното стоење сведочи за тоа. Седењето се ограничува на поучителните делови (проповед и сл.). Сп. Катизми (седални, т.е. псалми кога е дозволено седење) и акатист (неседален, т.е. молитва која се твори стоејќи).

Кадењето со темјан е обичај што постоел и во старозаветниот Храм. Првите христијани најпрво го отфрлиле, затоа што ги потсеќал на паганството (првите христијани затоа и биле гонети од римската власт, бидејќи одбивале да принесуваат жртви и кадење пред образот на императорот, кој се сметал за божествен и затоа ги обвинувале за атеизам). Природниот религиски симбол, кадењето, како симбол на преобразувачката сила (темјанот станува благоухание, прекрасен мирис) и богопоклонението (чадот се издигнува нагоре), е прифатено во Христијанството и се употребува пред важни моменти во богослужението, а исто така и како израз на богопочитување (кадењето на иконите и луѓето коишто се образ, икона Божја). Понекогаш темјанот се објаснува и како образ на благодатта на Светиот Дух која на невидлив начин е присутна во Црквата.

Литии (процесии) и входови. Првично процесиите се појавиле како реакција на природни катастрофи (земјотреси) кога луѓето излегувале надвор и усрдно се молеле за избавување, а потоа така и се одбележувале годишнините на тие настани. Потоа, тие настанувале како реакција на еретичките собранија (на пр. аријаните). Оваа пракса се развива при осветување на цркви, погреби на цареви, пренесување на мошти и сл. Без оглед на нејзиното потекло, таа во себе ја содржи идејата на движење, на од, кон Бога чие исполнување човекот го наоѓа во Царството Небесно. Во Литургијата, входот во олтарот и принесувањето е нашиот од кон Бога, а излегувањето на Светата Чаша е Божјото движење кон нас.

Свеќите исто така имаат своја литургиска улога (во контекст на значењето што го имаат и иконите како оприсутнување на оностраната реалност); првично тие ја носеле функцијата на осветлување на иконите и храмот, но добиваат и свое значење токму во богослужението: свеќи им се даваат на новокрстените, нововенчаните, на сите за време на опело; литургиските правила пропишуваат храмот да биде осветлен во едни, а замрачен во други моменти; според правилата, богослуженијата не смеат да се извршуваат без свеќи. Свеќите и светлината секогаш Го претставуваат Христос (Јас Сум Светлината на светот) и Просветлувањето што ни го дал: познанието на вистинскиот Бог.

Крсното знамение  е старо предание и ја изразува верата на Црквата во чудотворната сила на Крстот. Ние се осенуваме постојано за време на богослуженијата, особено славословијата (Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух…, или за време на возгласите итн.).

Тропар е кратка торжествена песна, во која е изразена темата на празникот (на пр. тропар на Велигден: „Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите живот им даде“). Кондак е исто празнична песна како и тропарот, разликата е во историскиот развој. Секој празник има свој тропар и кондак.

Стихира е една песна, химна, која е дел од низа на такви песни (на пр.: на вечерна имаме стихири на Господи повикав [Господи возвах], а на утрена на Сè што дише [Всјакое дихание] итн.).

Канон е голем химнолошка композиција, составена од девет песни, која секоја содржи повеќе тропари. Кај нас се пеат обично само последните тропари (т.н. ирмоси) од овие девет песни (катавасијата, на пр.: Ќе ја отворам устата моја [Отверзу уста моја]… Ден е на воскресение [Воскресенија ден] итн.).

Постојат осум основни мелодии (гласови) со кои се пеат литургиските песни. Секоја химна си има свој глас (напев). Секој глас е владеачки (доминантен) во текот на една седмица, започнувајќи од вечерната богослужба во сабота. Секој глас си има свој воскресен тропар, што се пее кога гласот е доминантен. Бројот осум укажува на Осмиот ден, кој е символ на Царството Небесно, коешто ние мистично го предвкусуваме во Црквата.

Прв дел

<fb:like href="http://mistagogia.mk/za-pravoslavnoto-bogosluzenie-2/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

Иконата и нејзината смисла
- Иконата како сведоштво за фактот на Боговоплотувањето

Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, бидејќи Јас Сум Господ, Бог твој (2Мојс 20,4-5). Овој стих, кој ја предава втората Божја заповед од старозаветниот Декалог, е неминовен во дискусиите кога главна тема е православната икона и нејзината употреба во Црквата. Некој неодамна почнал да ја чита Библијата, наишол на ова место, и веднаш почнува да ја критикува Црквата дека со почитувањето на иконата ја прекршува оваа заповед, т.е. ја обвинува неа за идолопоклонство. Но, идиотски би било да се помисли дека Православната црква, во текот на своето двомилениумско историско битисување, не ја забележала оваа заповед. Уште од старо време христијанските богослови го обраќале своето внимание на ова место од Светото писмо и го интерпретирале во полнотата на библискиот контекст.

Без детална анализа, веднаш да забележиме дека со оваа заповед не се забранува секое изобразување. Самиот Бог, Кој ја дал оваа заповед, подоцна на Мојсеја ќе му повела да направи изображенија на херувими над ковчегот на заветот (2Мојс 25,18), а подоцна такви ќе има и во Ерусалимскиот храм (3Цар 6,23). Значи, не се забранува секое изобразување, зашто, во таков случај, денес секоја фотографија и слика би биле престапување на оваа заповед. Оваа заповед зборува за неописливоста на невидливиот Бог и е директно упатена против идолопоклонството, против паганската пракса на соседните народи.

Но, она што не било возможно во Стариот завет, преку воплотувањето на Бога во Христа станало апсолутно возможно. Она што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот – и животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ви го навестуваме вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави (1Јн 1,1-2). Христос, воплотеното Слово, е слика (образ, икона) на невидливиот Бог (Кол 1,15). Познатиот иконописец од минатиот век, монахињата Јулијанија (Соколова), која го зачувала и предала живото предание на православниот иконопис, вели: „Боговоплотувањето е основниот христијански догмат, според кој Второто Лице на Пресвета Троица, останувајќи совршен Бог и во Своето Божество неописливо Слово на Отецот, стана Човек. Позајмувајќи ја од Божјата Мајка човечката природа во нејзината полнота, не менувајќи го Своето Божество и не смешувајќи го со човештвото, Он се јавил како Бог и Човек во исто време. Тоа е понижување, истоштание на Бога. Оној, Кој совршено е недостижен и непристапен за тварите и во никоја мера не е опислив, станал опислив и изобразлив, примајќи ја човечката природа. Образот, иконата Христова, е догматот за Боговоплотувањето изразен во слика.“ Но Воплотувањето, како што вели Кураев, не само што Го направило Бога видлив, туку и луѓето ги сторило боговидци.

- Честа што му се оддава на образот, преминува на првообразот…

Црковната изобразителна уметност се појавила со почетокот на Христијанството. Иако, поради гонењата во првите векови, немало услови за нејзин пораскошен развој, сепак таа фигурирала во едноставна форма. Во старите христијански катакомби, и скулптурно, и живописно, се изобразувале крстот, понекогаш како буката Х, гулабот (символ на Светиот Дух), рибата (на Христа), коработ (на Црквата), сите поимливи за христијаните символи, од кои некои биле позајмени од митологијата: на пр. Орфеј со својата лира (како образ на Христа) или крилатите гении, кои подоцна ќе станат типични претстави на ангелите. Во 4 век, кога Христијанството ќе ја добие својата слобода, ѕидовите на христијанските храмови ќе бидат изобразувани со веќе општоприфатената орнаментика, со библиски епизоди, како и илустрации на христијански херои, маченици и подвижници, чија пракса на претставување ќе стане универзална. Од една апстрактна  символика, иконографијата во 4 век преминува во конкретно изобразување на настани и лица од црковната историја.

Но, во 4 век не сите учители на Црквата ќе го одобруваат тоа. Некои ќе имаат проблем со иконите, чија употреба ќе ги соблазнува (на пр. Евсевиј Кесариски, Епифаниј Кипарски). Понатаму во следните векови, монофизитството, по својата спиритуалистичка тенденција да ја умалува човечката природа во Христа, како и појавата на исламот во 7 век, со своето непријателство кон секаков вид на човечки и натчовечки изобразувања, ќе ги актуелизираат прашањата поврзани со употребата на иконата. Во 8 век, во Византија ќе се појави иконоборечката ерес (од царувањето на императорот Лав Исавријанин 716-741) која ќе ја вознемирува Црквата до почетокот на 9 век (до смртта на императорот Теофил иконоборецот 842), за конечно, по иконоборечкиот период, да се разреши овој проблем и да се дефинира смислата и значењето на самата икона. Седмиот Вселенски собор одржан во Никеја, близу Константинопол, во 787 г., конечно ќе го разреши богословски спорот за иконата во духот на Боговоплотувањето: „…ние ги чуваме без новововедување сите црковни преданија, востановени за нас писмено или без писание. Едно од нив е сликањето на икониот живопис, како согласно со расказот за евангелската проповед, кое ни служи како потврда за автентичното, а не привидното воплотување на Бога Словото…“ Понатаму оросот говори за психолошкиот ефект што го имаат иконите врз верните, за почитувањето (венерација) на иконите како што и дотогаш се почитувале Крстот и Евангелието преку целивање и физичко поклонение, коешто треба да се разликува од духовното поклонение (служење, обожување, адорација) што Му приличи единствено на Божеството. И тука се повторува древниот принцип по однос на иконопочитувањето дека „честа, која се оддава на образот, преминува на првообразот, и оној што ѝ се поклонува на иконата се поклонува на ипостаста (личноста) на изображениот на неа“. Според ова, почитувањето на иконата не е идолопоклонство, бидејќи иконопочитувањето е сознателен акт (оној што се моли сигурно не очекува помош од материјата, туку од личноста изобразена на иконата). Исто како што кадењето на луѓето во храмот не е обожување на човекот, туку оддавање чест на образот Божји, вложен во човекот, чест која восходи кон Архетипот, Бог. Ваквата теологија на иконата не ја прави неа престапување на Божјата заповед, туку нејзиното отфрлање, кое претставува непочитување на Бога и негирање на фактот на Боговоплотувањето. Додека прашањето за почитувањето на иконите не било тесно поврзано со прашањето за воплотувањето на Бога во Христа, Црквата допуштала различно однесување кон иконите. Иако формално иконопочитувањето било решен проблем на Соборот во 787 г., сепак конечното спроведување во пракса ќе се случи подоцна, 60-тина години по соборот. Царицата Теодора во 842 г. преку свечено црковно торжество ќе го востанови и обнови почитувањето на светите икони. Тоа се случило на 11 март, во првата недела од Великиот пост, ден кој оттогаш ќе се прославува секоја година како ден на Торжество на Православието. Со текот на времето, денот на Торжеството на Православието ќе придобие универзален карактер, како торжество на Црквата над сите ереси.

Со своите резултати, Соборот во Никеја од 787 г. ги срушил идеите од еден претходен иконоборечки собор, одржан во 754 г. Во многу е вистинита евалуацијата на православниот историчар на Вселенските собори, Карташов, дека Иконоборечкиот собор со својата идеја „против уметноста, во принцип го отфрлал и секое знаење, и секое богословие, и секоја мисла и збор човечки како средство за изразување на догматите. Тоа не било само лицемерно варварство, но и едноставно дуализам, кој ја отфрла светоста на сè што е материјално. Седмиот собор православно се крева против таа скриена ерес на монофизитство и дуализам, и заедно со тоа ги заштитува и уметноста, и секое знаење и умешност, како дарувани од Бога за Негова слава“. Просветителскиот либерализам на иконоборците, на тој начин, претставува опскурантизам, а богословието на Седмиот Вселенски собор – најдлабоко благословување на науката и културата.

Монахињата Јулијанија, во еден од своите богословски трактати, заклучува: „И така, Седмиот Вселенски собор, говорејќи за отсуство на изобразувања на Бог Отец, Кој не е воплотен и е невидлив, и затоа неопислив, ја потенцира разликата меѓу описливоста на воплотениот Син и апсолутната неописливост на Бог Отец. Сепак, во нашата црковна пракса постојат изображенија на Бог Отец. За тоа треба да се каже, дека како што човечката мисла не била секогаш на височината на вистинското богословие, така и уметничките дела не секогаш биле на височината на вистинскиот иконопис… Секако, може да се изобрази што било и што ќе дојде на ум, бидејќи човечката фантазија нема граница. Но, не е се описливо… ние можеме да го изобразуваме само она што ни е откриено: воплотеното Лице на Синот Божји, Исуса Христа, и Светиот Дух. Светиот Дух се изобразува во видот како што се јавил: како гулаб – при Богојавувањето и во вид на огнени јазици – во денот на Педесетница. Присуството на Бога Отецот… како рака која благословува и излегува од небото.“

-Иконата – прозорец кон Царството Небесно

Функцијата на иконата во животот на Православната црква е комплексна.

Таа може да има дидактичка, т.е. мисионерско-педагошка функција (честопати за иконите велеле дека се Библија за неписмените). Во оваа улога и протестантите ги користат изображенијата на Христа. Тие, отфрлајќи ја православната икона, своите списанија ги исполнуваат со изображенија на Христа во жанрот на стриповите.

Иконата може да делува психолошки и да има помошна функција во делото на молитва.

Таа е сведоштво за фактот на Боговоплотувањето, дека Бог стана човек.

Но, пред сè, во својата конекција со евхаристиско-литургискиот етос таа има есхатолошка димензија, т.е. претставува изобразување на духовната реалност. Ја претставува новата твар, преобразена во Христа.

„Ако сликата од надворешна страна е прозорец кон материјалниот свет, којшто е просторен – пишува монахиња Јулијанија – тогаш иконата според надворешната форма е исто така прозорец, но кон духовниот свет, којшто е нематеријален, кој нема ниту време, ни простор во нашето разбирање. Оттука е и рамноста на иконописниот образ, неутралната златна површина (фон) и многу др. Тој свет се дава во иконата не во светлината на личното разбирање на мајсторот, туку во светлината на општоцрковното духовно поимање.“ Седмиот Вселенски собор за вистински иконописци ги признава единствено светите отци на Црквата:„Иконописот воопшто не е измислено од живописците. На живописецот му припаѓа само техничката страна на делото. Иконописот е пронајдок и предание на светите отци, а не на живописецот. Самите тие божествени отци наши учителски… кои ја објаснувале тајната на нашето спасение, ја изобразиле неа во чесните храмови, ползувајќи се со уметноста на живописците“ (од актите на соборот).

Според тоа, иконата го покажува животот на Осмиот Невечерен Ден, на Царството Небесно, таа претставува навлегување на Вечноста во времето. „Светите икони се нашето сведоштво за славата на идното Царство, кое е веќе со нас“ – вели Флоровски. Во таа смисла, на иконите е изобразено созерцанието на Црквата, опитот на светите отци и нивното гледање на духовниот свет, и преку утврдени (канонизирани) форми, што претставуваат неслични подобија, се предадени реалностите на Царството Небесно. Во иконата Христос не се претставува како обичен човек, туку како Богочовек во целата Негова слава, дури и во моментите на Неговото крајно понижување (на пр. во православното Распетие Христос е прикажан како Цар на славата, како Победител над смртта, Он како да лебди на крстот, за разлика од западните распетија, каде е прикажан виснат и во агонија). Светиите на иконите се претставени, не како такви што биле на земјата, туку како прославени личности во Есхатонот.

Во старо време зографите-иконописци (а и денес вистинските од нив), пред да пристапат кон сликање на икона, се подготвувале духовно, преку молитва и пост, преку послушание кон својот духовен отец, со читање на житијата на светиите што ги изобразувале. А за соборниот опит на иконата сведочи и древната пракса на осветување на новонасликаната икона, која се состоела во тоа што иконописецот, откако ќе го завршел својот труд, на иконата не ставал натпис, а, немајќи доверба во себе, ја носел на разгледување пред претстојателите на Црквата. И единствено по утврдувањето на каноничноста, на неа се ставало името на изобразениот, што било и нејзино осветување и усвојување на она што е изобразено на неа. До денес Црквата за православна икона ја признава само онаа, на која е ставено името на изобразениот, иако според подоцнежната пракса, за момент на осветување на иконата се сметало нејзиното попрскување со света вода при читањето на назначените молитви. Сепак, нејзината светост и благодатност, во извесна смисла, се условени од молитвениот однос што го имаат верните кон неа.

Смислата и содржината на иконата се навистина величествени. Таа претставува воплотување на православната теологија во полнота, потврда на евангелската Вест дека Бог стана Човек, и Црквата, прославувајќи ја победата на Боговоплотената Вистина во првата недела од чесниот Пост, торжествено пее: „Неописливото Слово на Отецот, Богородице, од Тебе воплотувајќи се стана описливо, осквернетиот образ го поврати во древната (состојба), со Божествената красота го соедини. Исповедајќи го спасението, со дело и збор го изобразуваме“.

Подготвил: Георгиј Глигоров

<fb:like href="http://mistagogia.mk/ikonata-i-nejzinata-smisla/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>

За православното богослужение
Јазикот кој Црквата го употребува во богослужението е јазикот на Светото писмо, на Библијата. За да ја разбереме Литургијата и другите црковни богослуженија, потребно е добро да ја познаваме Библијата. Затоа што богослужението, освен библиските четива, во себе содржи многу голема библиска симболика: директни стихови (прокимени), споредувања, мотиви, напомнувања, цел еден систем на изрази, символи, слики, земени од Библијата. Тоа е така, затоа што христијанското богослужение за своја основа го имало еврејското, кое се основало на библиското творештво. Потоа, христијанските химнографи своето творештво го црпеле од содржините на Библијата. Во таа смисла, клуч за разбирање на православното богослужение е токму Светото писмо. На пример, кога Богородица ќе се спореди со „капината што гори, а не согорува“, или со еврејскиот Храм, Светињата на светињите, ковчегот на Заветот итн., сево ова бара не само површно познавање на библиската содржина, туку и на нејзиното богословско и символичко значење.

Многу молитви се земени од самата Библија: песната на Богородица „Мојата душа Го велича Господа…“ (Лк 2), „Сега го отпушташ со мир, Владико“ (молитвата што Симеон Богопримец ја кажал кога Го зел малиот Исус). Освен тоа, книгата на псалмите, којашто првично и настанала како богослужбена книга во старозаветниот период, постојано се употребува во христијанската Црква.

Некои зборови:

Амин – така нека биде. Свечена потврда и израз на согласност и прифаќање. Секоја молитва народот ја запечатува со Амин.

Алилуја во слободен превод би било: Бог е овде, славете Го! Овој збор во себе ја открива самата суштина на богослужението, коешто претставува опит на Божественото.

Господи помилуј (грч. Кирие елеисон) има повозвишено значење, отколку Господи прости. Елеисон се поврзува со грчкиот збор елио – масло, кое во древноста, а и сега, се употребувало како лек. Така што, Кирие елеисон попрво би значело Господи исцели.

Премудрост е литургиски извик кој обично најавува значаен момент од богослужбата (на пример, пред читање на Светото писмо).

Мир на сите… И на твојот дух е краток дијалог меѓу свештеникот и собранието и претходи на важни моменти (пред Евангелие, Евхаристискиот канон, Причестувањето). Сè што примаме во Црквата ни е овозможено поради мирот што Христос го воспоставил меѓу Бога и човекот. Он е нашиот мир – вели апостолот за Христос. А Христос вели: мирот Свој ви го давам, но не како што светот го дава, туку вашето срце да не се плаши (сп. Во мир да се помолиме на Господа)…

(продолжува)

<fb:like href="http://mistagogia.mk/za-pravoslavnoto-bogosluzenie-1/" layout="button_count" width="450" show_faces="false" share="false"></fb:like>